ОМАН 11-18.02.2025. Групeн Аранжман

Летови (по локално време)

11.02.

  • Скопје → Истанбул — 10:30–13:55
  • Истанбул → Маскат — 21:25–03:05 (12.02.)

18.02.

  • Маскат → Истанбул — 04:10–08:40
  • Истанбул → Скопје — 10:05–09:35

Сместување

Muscat Gate Hotel 3* – ноќевање со појадок
Доплата за еднокреветна соба: 150 €
Веб-страна: www.muscatgatehotel.com


ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО


11.02 – Полетување кон Оман

Лет Скопје–Истанбул, потоа Истанбул–Маскат.
Пристигнување во 03:05h на 12.02 и трансфер до хотел.


12.02 – Маскат Сити Тур

Разглед на главниот град Маскат.

Посета:

• Al Alam Palace – официјалната палата на султанот, сместена помеѓу двете португалски тврдини Al Jalali и Al Mirani. Палатата се издвојува со својата впечатлива архитектура и историско значење.

• Royal Opera House Muscat – престижна културна институција која нуди врвни изведби на класична музика и опера. Отворена во 2011 година, таа претставува центар на уметничкиот живот во Оман. (Вклучена влезница за Royal Opera House).

• The Grand Mosque (Sultan Qaboos Grand Mosque) – најголемата џамија во Оман, позната по својата импресивна архитектура, прекрасни мозаици и најголемиот рачно ткаен тепих во светот.

• Mutrah Souq – еден од најстарите и најпознати традиционални пазари во Мускат. Сместен долж крајбрежјето Mutrah Corniche, овој шармантен базар нуди богат избор на локални производи и автентична ориентална атмосфера.



13.02 – Wadi Shab Тур

Дневен излет
По појадокот следува поаѓање на целодневен излет. Возењето трае околу 1,5 – 2 часа низ прекрасните природни пејзажи на Оман, долж крајбрежјето.

Пристигнување во спектакуларната увала и оаза Wadi Shab, вистинско чудо на природата. Следува капење во кристално чисти слатки води, опкружени со плантажи со банани и каменити патеки. Програмата вклучува лесно планинарење и посета на природен кратер со магично бистра вода.

Wadi Shab е незаменлива дестинација за љубителите на природата и авантурата, кои сакаат да доживеат автентично и уникатно искуство во Оман.



14.02 – Nizwa Тур

14.02. : Турa Низва (Nizwa Tour)
Рано поаѓање и возење кон еден од најстарите градови во Оман – градот Низва, кој датира уште од 2000 години п.н.е. Пристигнување околу 08:00 часот и посета на традиционалниот локален пазар Nizwa Souq (до 12:00 часот).

Потоа следува посета на тврдината Низва (Nizwa Fort), вистински бисер на оманската архитектура. Продолжување кон остатоците од стариот град Birkat Al Mouz, а потоа кон прекрасната планина Jebel Akhdar, од каде се пружа неверојатен панорамски поглед. Областа е позната по изобилството на различно овошје, како и можностите за пешачење и прошетки низ природа.

За време на овој излет ќе ја посетите и Nizwa Fort, еден од најзначајните историски споменици во Оман. Тврдината имала клучна улога во одбраната на градот и регионот, а денес претставува музејски комплекс кој нуди увид во историјата и архитектурата на Оман.

Во цената на излетот се вклучени:

  • влезници за Nizwa Fort и музејот
  • ручек во локален ресторан


15.02 – Wahiba Sands и Wadi Bani Khalid

Ова се две од најубавите природни дестинации во Оман. За време на излетот ќе имате можност да пливате во кристално чиста вода и да ги истражувате околните пештери.

Wahiba Sands
Wahiba Sands се бескрајни златно-портокалови пустински дини кои се протегаат на повеќе од 12.500 km² во источен Оман. Ова е дом на традиционални бедуински племиња, драматични пејзажи и незаборавни пустински авантури. Претставува едно од највозбудливите искуства што можете да ги доживеете во Оман.

Wadi Bani Khalid
Wadi Bani Khalid е живописна оаза сместена во планинскиот регион на источен Оман. Позната е по своите тиркизни природни базени, палми, карпести клисури и ладна вода во текот на целата година. Ова е едно од најпопуларните места за капење, пешачење и релаксација.

Во цената на излетот е вклучен:

  • ручек во локален ресторан.

16.02 – Nakhl и Al Rustaq

Ова се две од најубавите природни дестинации во Оман. За време на излетот ќе имате можност да пливате во кристално чиста вода и да ги истражувате околните пештери.

Wahiba Sands
Wahiba Sands се бескрајни златно-портокалови пустински дини кои се протегаат на повеќе од 12.500 km² во источен Оман. Ова е дом на традиционални бедуински племиња, драматични пејзажи и незаборавни пустински авантури. Претставува едно од највозбудливите искуства што можете да ги доживеете во Оман.

Wadi Bani Khalid
Wadi Bani Khalid е живописна оаза сместена во планинскиот регион на источен Оман. Позната е по своите тиркизни природни базени, палми, карпести клисури и ладна вода во текот на целата година. Ова е едно од најпопуларните места за капење, пешачење и релаксација.

Во цената на излетот е вклучен:

  • ручек во локален ресторан

17.02 – Aldimaniyat Islands

Ad Dimaniyat Islands
Ad Dimaniyat Islands се прекрасен архипелаг во Оман, идеален за љубителите на природата, нуркањето и опуштањето на недопрени плажи. Островите се познати по богатиот подводен свет, коралните гребени и разновидната морска фауна. Повремено може да се забележат и морски желки кои излегуваат на плажите.

За време на излетот постои можност за сноркелинг, а за сите кои ќе се одлучат за оваа активност е обезбедена комплетна опрема за сноркелинг.

Во цената на излетот е вклучено: пикник кутија за ручек, сокови, вода


18.02 – Враќање

Трансфер до аеродром, лет во 04:10h. Слетување во Скопје во 09:35h сабајлето.


ЦЕНИ И УСЛОВИ

Во цената е вклучено:

  • Повратни авиобилети со такси
  • Сместување во хотел 3* со појадок
  • Рачен багаж 40×30×15 cm
  • Туристички водич (превод, организација)

Во цената не е вклучено:

  • Факултативни излети
  • Доплата за куфери
  • Патничко осигурување (2 € дневно)

Цена за пакет од сите излети: 400 €


Цени за куфери (повратен лет):

  • Пакет 20 kg + 8 kg → 80 € (само при купување на аранжманот)
  • Кабински кофер 8 kg → 60 €
  • Чекиран 12 kg → 70 €
  • Чекиран 20 kg → 100 €

ОРГАНИЗАЦИЈА И ЛОГИСТИКА

  • Групата ја придружува претставник од агенцијата (превод + координација)
  • Превоз низ Оман со луксузни автобуси
  • Во пустината → возење со џипови
  • Локални лиценцирани водичи за излети

ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОМАН

  • Временска разлика: +3 часа
  • Температура во февруари: околу 27°C
  • Интернет: достапен во хотел и јавни места

Валута:

Омански ријал (OMR) ≈ 2.25 €
Картички се прифаќаат; готовина може да се менува во трговски центри.

Храна:

Храна е вкусна и поволна.
Алкохол дозволен само во одредени хотели/клубови.

Јавен превоз:

Слабо развиен – најповолно е да се користи OTAXI.

Што да купите:

Парфеми, халва, урми, кафе, зачини, темјан.


ШТО ДА НОСИТЕ

Облека:

  • Лесна летна облека
  • За џамии → долги ракави и марама за дами
  • Шешир/капа, очила за сонце, крема за сончање

Обувки:

  • Лесна спортска обувка

Здравје:

  • Постојат приватни болници со висок квалитет
  • Има лекари што зборуваат наш јазик
  • Патничко осигурување е задолжително

БЕЗБЕДНОСТ ВО ОМАН

Оман е една од најбезбедните земји во светот.
Луѓето се многу љубезни и гостопримливи.
Корисен збор: SHUKRAN (фала).

  • Нема агресивна продажба, просење или криминал
  • Сепак, чувајте ги вредните предмети
  • Пасош не мора секогаш со вас (освен во менувачница)

НАПОМЕНИ

  • Можни мали промени во програмата
  • Проверете време/место на поаѓање 2 дена претходно
  • Факултативните излети зависат од услови и број на патници
  • Документите мора да важат уште 6 месеци по датумот на враќање

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Rating*

Scroll to Top