Main Info
🇲🇰 Информации за тура до Париз
Почеток и крај на патувањето во Париз! Со овој групен аранжман, имате патување во траење од 4 дена, со организирана посета на најпознатите атракции во француската престолнина. Аранжманот вклучува сместување со доручек, водич, трансфер ( Аеродром – Хотел – Аеродром ) и повратни авионски карти.
Поаѓање
15.01 – Скопје → Париз (Beauvais) 06:00 – 09:05
18.01 – Париз → Скопје (Beauvais) 09:55 – 12:40
Време на поаѓање и враќање
Ве молиме пристигнете најдоцна 2 часа пред полетување
15.01 – Скопје → Париз (Beauvais) 06:00 – 09:05
18.01 – Париз → Скопје (Beauvais) 09:55 – 12:40
Враќање
✅ Вклучено во цената
-
✈️ Повратен авионски превоз
-
🏨 3 ноќи хотелско сместување со доручек во Париз
-
🧭 Туристички водич
-
🚐 Трансфер од Аеродром – Хотел – Аеродром
❌ Не е вклучено
-
Факултативни излети и билети
• Индивидуални трошоци
• Локална туристичка такса (се плаќа во хотел 5 €
• Патничко + здравствено осигурување: 8 €
Хотелски депозит• Reseda: 100 € (кредитна картичка) Хотелот задржува депозит од 100 € како сигурносна гаранција за собата. Овој износ не се наплаќа како трошок – само е привремено блокиран и целосно се враќа на вашата картичка при одјавување, доколку нема оштетувања.

Програма на патувањето
15.01.2026 – Скопје → Париз
По слетувањето на аеродромот следи панорамско разгледување на градот со автобус во траење од околу 4 часа, со пауза на плоштадот Трокадеро – најубавиот поглед кон Ајфеловата кула, како и кратко запирање пред Домот на инвалидите, каде што е погребан Наполеон.
Во текот на разгледувањето следува детално објаснување за Париз, неговата историја и знаменитости.
Овој излет е особено практичен затоа што е по поволна цена, а времето пред check-in во хотелот се искористува максимално.
По завршување на панорамската тура – check-in во хотелот.
Цена на излетот: 30 € по лице (можна е мала промена во зависност од бројот на пријавени).
16.01 – Сена, Монмартр и Мулен Руж
Очекуван поаѓање околу 10:00 ч., по појадок во хотел.
Програма:
- Пловидба со брод по реката Сена (1 час)
- Патување со метро до Монмартр
- Пешачка тура низ најпознатиот уметнички и историски кварт – спектакуларен поглед кон Париз
- Слободно време во боемската четврт
- Посета на прочуеното Мулен Руж (надворешно) – симбол на парискиот ноќен живот
Попладне:
Посета на Лувр, Нотр Дам, или други атракции по избор на патникот.
Цена на излетот: 50 € по лице.

17.01 – Дизниленд или Версај (по избор)
Опција А: Дизниленд Париж
- Поаѓање во 09:00 ч., враќање во 18:00 ч.
- Вклучен повратен трансфер + влезница
Очекувана цена: ~120 €
(цената на билетот варира во зависност од моментот на пријавување)

Опција Б: Дворецот Версај
- Излет со трансфер + билет
Цена: 70 € по лице
Важно: Планот на излетите може да се менува. Во зависност од бројот на пријавени, може да се додадат и други излети. За сè надвор од програмата – даваме инструкции, мапи и поддршка.

18.01 – Париз → Скопје
Трансфер до аеродром и лет за Скопје.
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА
📝 Краток опис на аранжманот
- Директен лет Скопје–Париз–Скопје.
- По пристигнувањето го препорачуваме панорамскиот излет: со водич ќе ги запознаете најважните делови на градот, а цената е двојно пониска отколку кога се зема поединечно.
- Нашиот водич патува со групата и е на располагање за сите информации, совети и помош.
- Во слободното време водичот не е должен да присуствува, но секогаш можете да му се обратите за препораки.
- За излетите во програмата (излет бр. 2) не се вклучени билети за метро. Препорачуваме T10 билет (10 возења) – 17 €, доволен за тридневен престој и најповолна опција.
- Квартот во кој е сместен хотелот е многу безбеден, што е значајно за Париз.
- Метро-станицата е на само 1–2 минути пешачење – голема предност за движење и логистика.
- Третиот ден можете да изберете Дизниленд или Версај.
Напомена:
Во случај на недоволен број пријавени за одреден излет, истиот може да биде откажан или да се коригира цената. Агенцијата не сноси одговорност за ова.
За сѐ што сакате да посетите надвор од програмата (Лувр, Нотр Дам, Триумфална капија итн.), контактирајте нѐ – ќе ви подготвиме план за разгледување со мапи, инструкции и можност за резервација на влезници.
Ние се грижиме за целата организација – вашата задача е само да уживате.
Важно напомена: Планот на излетите може да се менува. Исто така, зависно од бројот на пријавени патници, ќе понудиме и дополнителни излети. За сè што сакате да го посетите надвор од програмата, ви стоиме на располагање со јасни инструкции како да стигнете до посакуваната локација, со можност за купување влезници и сите потребни информации.
Напомена: Во случај на недоволен број пријавени за одредени излети, истиот може да биде откажан или да се коригира цената, и агенцијата не сноси одговорност за таа ситуација.
За сите атракции кои сакате да ги посетите, а не се вклучени во програмата (Лувр, Нотр Дам, Триумфалната капија итн.), ви стоиме на располагање — можете да не контактирате (препорачливо пред патувањето) за да ви подготвиме јасен план за разгледување со мапи, инструкции за пристигнување и евентуално купување влезници.
Дополнително, тука е и нашиот водич, кому можете да му се обратите за сè што ве интересира.
Ние ќе се погрижиме за целата организација — вашата задача е само да уживате.
НАПОМЕНИ:
- Организаторот на патувањето го задржува правото на промена на поединечни содржини во програмата.
- Два дена пред патувањето задолжително е да се провери точното време и место на поаѓање.
- Факултативните излети не се задолжителен дел од програмата. Термините на факултативните излети се променливи и зависат од слободните термини на локалитетите, бројот на пријавени патници и објективните околности.
- Секој патник е должен самостојно да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
- Во превозните средства е строго забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со своето несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работата на возачите и пратителот, ќе биде веднаш отстранет од патувањето.