🇪🇸 БАРСЕЛОНА🗓️07.11–10.11.2026 | Групен Аранжман

Од Готскиот кварт до плажите на медитеранот –
Доживејте ја 🇪🇸 Барселона на најубав можен начин 🏖️

✈ Летови:Wizz Air

  • Скопје 12:35ч – 15:30ч Барселона (Barcelona)
  • Барселона (Barcelona) 16:00ч – 18:45ч Скопје

🔸🏩 Хотел: Silken Sant Gervasi Barcelona 3* / 370€ со појадок
🔸 Линк до хотелот : https://www.hoteles-silken.com/en/hotel-st-gervasi-barcelona/

  • Одлична локација📍Метро на 2 минути пеш од хотелот.

🗓 07.11 – Пристигнување во Барселона

По слетувањето следи трансфер до хотелот. Слободно време за прошетка низ Барселона и уживање во атмосферата на овој прекрасен град. Ноќевање.


🗓 08.11. –Три парка(Ciutadella + Tibidabo + Pueblo Español)+Sagrada Familia + Пешачка тура

Поаѓање 09:30ч. Обиколка на три прекрасни паркови во Барселона (Barcelona).

Прва станица е Парк Сиутадела (Park Ciutadella), првиот јавен парк во Барселона, отворен во 1888 година, каде денес се наоѓаат зградата на Парламентот на Каталонија, Природонаучниот музеј, Зоолошката градина на Барселона и многу споменици и фонтани. Паркот е исполнет со разновидна вегетација и растенија донесени од различни делови на светот. Во близина се наоѓа и Триумфалната капија (Arc de Triomf), ремек-дело на градската архитектура од крајот на 19 век.

Потоа продолжуваме кон ридот Тибидабо (Tibidabo) (516 мнв), од каде се пружа фантастичен поглед на Барселона и околината. На врвот се наоѓа Базиликата „Светото Срце Исусово“ (Temple Expiatori del Sagrat Cor), и забавниот парк Тибидабо.

За крај, посета на „Шпанското село“ (Pueblo Español), најстара туристичка атракција во Барселона, отворена во 1929 година. Станува збор за комплекс на падините на ридот Монжуик (Montjuïc), каде има реплики на стари шпански плоштади, градби и различни архитектонски стилови од целата земја. Во комплексот има многу кафулиња, ресторани и продавници за сувенири.

Врвот на излетот е панорамскиот разглед на Саграда Фамилија – највисоката базилика во светот и најпознатото ремек-дело на Антони Гауди. Совршен излет за целосно доживување на Барселона!

Времетраење: околу 5,5–6 часа.

На барање е можен и индивидуален излет (Парк Гуел (Park Güell), стадион Камп Ноу (Camp Nou) или други локации по желба, со организирање на превоз и насоки).

Цена: 55€

По посетата на трите парка (Ciutadella + Tibidabo + Pueblo Español)+Sagrada Familia, следи пешачка тура со нашиот водич, која ќе ви овозможи детално да го истражите градот и да се запознаете со неговата богата историја и култура. Разглед на срцето на градот – најубавиот и најтаинствениот дел од Барселона. Ќе прошетаме низ лавиринтот од шармантни улички, скриени плоштади и места кои тешко би ги откриле самостојно, проследени со интересните приказни на нашиот водич.

Во текот на турата ќе ги видиме: Palau de la Música, Els 4 Gats, Катедралата во Барселона, Barcino, Plaza del Rey, Скалите на Изабела, Plaza Real, La Rambla, како и најпознатиот пазар во Европа – La Boqueria.

Една од најпопуларните опции е обиколка низ најстариот и најмагичниот дел на Барселона – Готската четврт(Barri Gòtic) и квартот Ел Борн (El Born) , најстариот дел од градот, полн со тесни, кривулести улички, стари згради, катедрали и плоштади.

Времетраење: околу 2,5–3 часа.

Пешачка тура: очекувана цена 25€


🗓 09.11–ЖИРОНА И ФИГУЕРАС (Girona & Figueres)

Цена на излетот: 80 €


🗓 10.11. – Слободно утро за прошетка

Слободно утро за прошетка, околу 13:00–13:30ч поаѓање кон аеродром.

По завршување на програмата следи трансфер до аеродромот во Барселона.
Директен лет Барселона (Barcelona) – Скопје 16:00ч предвидено време за летот

КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.

🇪🇸 БАРСЕЛОНА ВЕ ЧЕКА. А ШТО ЧЕКАТЕ ВИЕ ?


Напомена: Планот на програмата и излетите е подложен на промени и зависи од бројот на пријавени. Најдоцна 7 дена пред патувањето ќе биде објавена финалната програма со прецизни термини и план на разгледувања по денови.

✅ Цената вклучува:

  • Трансфер аеродром Барселона – хотел – аеродром
  • Повратни авионски карти со аеродромски такси
  • Рачен багаж од мек материјал – ранец или торба до 10 kg, 40x30x20 cm
    (може да биде и со малку поголеми димензии, доколку е флексибилен и може да се смести во калап на аеродромот)
  • Хотелско сместување на база ноќевање (со појадок по избор на патникот)
  • Локален водич на српски јазик + 24/7 придружник на групата
  • Организациони трошоци

❌ Цената не вклучува:

  • Факултативни излети и влезници
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Локални градски такси (се плаќаат на рецепција во хотелот)
  • Меѓународно патничко и здравствено осигурување – 8 € (задолжително)

🔵 НАПОМЕНИ:

  • Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
  • Секој патник самостојно треба да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
  • Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работењето на возачите и пратителот, ќе биде отстранет од патувањето и целата одговорност паѓа на него, без право на жалба и поврат на средства.
  • Патникот го прифаќа седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното траење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите горенаведени услови, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е пресметан на база минимум 30 патници.
    Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот задржува право на откажување во законски предвидениот рок.

ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Rating*

Scroll to Top