
✈ Летови:
WizzAir – Директен лет✈️
13.11. Скопје 12:30 – 15:25 Ајднховен (петок) / Поаѓање
16.11. Ајднховен 16:00 – 18:35 Скопје (понеделник) / Враќање
🛎 Хотелско сместување:
1. Буџет варијанта:
🏩Ibis Budget Amsterdam City South 3* – 369 € без појадок / 410 € со појадок
🔸Линк до хотелот : lhttps://all.accor.com/hotel/A3P2/index.en.shtml
2. Најдобар сооднос цена-квалитет:
🏩Holiday Inn Express South 4* – 440 € со појадок
🔸Линк до хотелот : https://www.ihg.com/holidayinnexpress/hotels/us/en/amsterdam/amsam/hoteldetail
За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на српски јазик.
ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.
📅 13.11 – Ајндховен
✈️ Лет Скопје – Ајндховен:
- Полетување: 12:30 ч Скопје (петок)
- Слетување: 15:25 ч. Ајднховен/ Амстердам (петок)
По пристигнувањето следи трансфер до Хотел и имате слободен простор за прошетка.
📅 14.11 – ПЕШАЧКА ТУРА НИЗ АМСТЕРДАМ
Пешачката тура овозможува истражување на историјата, каналите и шармантните квартови на Амстердам.
Се посетува самото јадро на градот и најважните знаменитости.
Со нашиот водич, кој повеќе од 30 години живее во Амстердам, ќе добиете поинаква перспектива и интересни локални приказни.
Пешачката тура опфаќа:
- Музејска четврт
- Leidseplein
- Цветна пијаца
- Плоштад Рембрант
- Dam Square

💶 Цена на излетот: 30 €
⛴ По пешачката тура, уживајте во уникатно доживување – крстарење низ живописните канали на Амстердам, со доплата од 25 €
📅 15.11 – ГОЛЕМА ХОЛАНДСКА ТУРА
Хаг – Шевенинген – Ротердам
(времетраење: околу 9 часа)
- Ротердам – град на модерната архитектура
- Шевенинген – летувалиште на брегот на Северното Море
- Хаг – кралска престолнина на морето
Посета на:
- Биненхоф – седиште на владата
- Палата на мирот
- Куќата Мауриц
- Пасаж
- Кралска палата (работна)
Патниците добиваат детални објаснувања за сите значајни знаменитости.

💶 Цена на Големата холандска тура: 85 € по лице
(по оваа тура може да се каже дека сте ја посетиле цела Холандија)
📅 16.11 – Ајндховен – Скопје
Слободно утро, за прошетка и разгледување , потоа трансфер од хотелот во 12:00 до аеродром Ајндховен
✈️ Лет Ајндховен – Скопје: Ајднховен 16:00 – 18:35 Скопје
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА
⚠️ НОВИ ПРАВИЛА ВО АМСТЕРДАМ
- Забранети се банкноти од 200 и 500 €
- Банкноти од 100 € ретко се прифаќаат
- Препорака: носете 10 €, 20 € и 50 €
- Јавниот превоз е исклучиво со картичка – готовина не се прифаќа
- Многу ресторани не прифаќаат готовина
- Музеи (Van Gogh, Rijksmuseum): резервација само онлајн, однапред
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
(околу 1:30 ч. Ајндховен – Амстердам) - Повратни авио билети со аеродромски такси
- Рачен багаж до 10 кг (40×30×20 cm)
- Хотелско сместување 3ноќи /4 дена
- Локален водич на српски јазик + придружник на група 24/7
- Организациски трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Факултативни излети и влезници
- Индивидуални трошоци
- Градска такса (5 € по лице на ден – се плаќа во хотел)
- Патничко и здравствено осигурување (8 € вкупно)
🔵 НАПОМЕНИ:
- Аранжманот е базиран на минимум 30 патници
- Патниците се должни да се запознаат со програмата и општите услови
- Забрането е пушење и консумирање алкохол/опојни средства во превоз
- Агенцијата го одредува распоредот на седење и паузи
- Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите услови
- Патните документи мора да важат минимум 6 месеци по враќањето