✈ Летови:
19.05.2026 (Вторник) – ПОАЃАЊЕ
• Тирана 22:35h– 23:55h Катанија (19.05)
23.05.2026 (Сабота) – ВРАЌАЊЕ
• Катанија 23:20h – 00:45h Тирана (пристигнување во недела 24.05)
🏨 Сместување (по избор):
- Albatro Rooms 3* – 299 € (без појадок)
https://albatrorooms.italia-it.info/it/ - Stesicorea Palace 3* – 330 € (без појадок)
https://www.stesicoreapalace.it/ita/home.php
📅 Програма по денови
19.05 – СКОПЈЕ – ТИРАНА – КАТАНИЈА
Организиран трансфер од Скопје до аеродром Тирана и назад ( 40 € ),(точно време и место на состанок ќе бидат соопштени неколку дена порано)
Полетување за Катанија во 22:35 часот. По пристигнување – трансфер до хотел, check-in и ноќевање.

20.05 КАТАНИЈА – ПЕШАЧКА ТУРА
Првиот ден следува разгледување на Катанија со водич, пешачка тура.
Градот е уникатна мешавина на влијанија од многубројни култури низ историјата, што најдобро го покажуваат пространиот Piazza del Duomo (Катедрален плоштад) со импресивната фасада на Basilica di Santa Agata, театарот Белини (Belini) и бројните барокни палати.

👉Цена: 25 €
21.05 – ЕТНА – ТАОРМИНА – САВОКА (факултативно)
- Слободен ден или факултативен излет до Етна – највисокиот европски вулкан. Целодневен излет, одиме до панорамска точка на 1800 метри каде што има незаборавен поглед кон кратерите Силвестри (Crateri Silvestri).Релјеф како месечева површина, изладена лава и вулканска пепел се составен дел од уникатната атмосфера на Етна
- .Посета на елитното крајбрежно летувалиште на Сицилија –Таормина: прошетка по главната улица, Грчкиот амфитеатар, палатата Ди Стефано (Di Stefano), црквата Св. Катарина, црквата Св. Никола, Градската општина, видиковец…
- Излетот продолжува со разгледување на едно од најубавите села во Италија – Савока. Селото стана познато и по легендарниот филм „Кум“ на неповторливиот режисер Френсис Форд Копола.
- На влезот во катедралата Св. Луција се снимале познатите сцени на венчавки, а по разгледувањето на селото ќе имате краток одмор со еспресо или гранита во барот „Вители“, во кој Ал Паћино ја сними легендарната сцена на просидба.
- Враќање во Катанија. Ноќевање.

👉 Цена на излетот: 60 €
22.05 – ПАЛЕРМО (факултативно)
⎈ По состанокот на групата следува поаѓање на факултативен излет до Palermo.
🏛 Почувствувајте го културно‑историското богатство на Palermo, град стар повеќе од 2700 години.
✦ Ќе ве воодушеви раскошната Катедрала од XII век, Palazzo dei Normani, и живата атмосфера на стариот Quattro Canti.
☕ По добрата закуска со познатите сицилијански вина во некој од автентичните ресторани, истражете го Teatro Massimo, Chiesa di San Domenico и за крај уживајте во градината (Giardino Garibaldi)
🚌 Враќање во Catania. Слободно време. Ноќевање.

👉 Цена: 70 €
23.05 – Сиракуза и Ното 🏛️(факултативно)
- Појадок. Слободно време или поаѓање на факултативен излет до Сиракуза и Ното. Овој уникатен излет започнува со истражување на градот со исклучително богата историја, култура и традиција, која датира уште од времето кога по неговите улици чекорел славниот Архимед (Archimede).
Во Сиракуза ве очекува лавиринтот од улички околу елегантниот Piazza Archimede, Tempio di Apollo, како и Piazza del Duomo – можеби најубавиот плоштад во Италија, со фасада од XVIII век.🗺️Убавината на овој плоштад е искористена за највпечатливите сцени од филмот „Malena“ со Моника Белучи. Слободното време искористете го за прошетка низ островот Ortigia. 🗺️ - Излетот го продолжуваме со посета на шармантното гратче Ното, уште едно место на Сицилија кое се наоѓа на листата на 100 најубави места во светот и е под заштита на УНЕСКО. Следува разглед на Ното. По завршувањето на излетот, следи трансфер до аеродромот. ✈️

👉 Цена: 60 €
23.05 – Катанија -Тирана. ✈️Летот е предвиден во 23:20h
ℹ️ Напомена: Цените на факултативните излети може да варираат ±10 € во зависност од бројот на пријавени патници.
КРАЈ НА АРАНЖМАНОТ
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• ✔️ Трансфер аеродром – хотел – аеродром
• ✔️ Повратни авионски билети со аеродромски такси
• ✔️ Рачен багаж до 10 kg (40×30×20 cm, флексибилен)
• ✔️ Хотелско сместување (со или без појадок, индивидуален избор )
• ✔️ Локален водич на македонски јазик
• ✔️ Организациски трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Факултативни излети и влезници
• Трансфер Скопје – Тирана – Скопје ( 40 € )
• Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)
• Патничко и здравствено осигурување (2 € на ден)
🚗 Самостојно патување со автомобил до Тирана и назад
За патниците кои избираат да патуваат со сопствено возило, паркингот на аеродромот во Тирана чини приближно 3 евра на ден.
🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
• Аранжманот се реализира со минимум 30 патници
• Секој патник е должен да се запознае со програмата и условите на патување
• Забрането е пушење и несоодветно однесување во превозните средства
• Распоредот на седишта го одредува агенцијата
• Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
• Во случај на недоволен број патници, агенцијата има право на отказ во законски рок
⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.
За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на македонски/српски јазик.
ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.