Град на светлина и романтика, каде што елеганцијата, историјата и магијата се спојуваат во незаборавно доживување.
✈ Летови:
11.01.2026 – (Недела) ПОАЃАЊЕ
• Скопје 12:10h – 15:10 Париз (Beauvais)
14.01.2026 (Четврток) – ВРАЌАЊЕ
• Париз (Beauvais) 15:45h – 18:30 Скопје
📅 Програма по денови
11.01 – СКОПЈЕ – ПАРИЗ
По слетувањето на аеродромот следи панорамско разгледување на градот со автобус во траење од околу 4 часа, со пауза на плоштадот Трокадеро – најубавиот поглед кон Ајфеловата кула, како и кратко запирање пред Домот на инвалидите, каде што е погребан Наполеон.
Во текот на разгледувањето следува детално објаснување за Париз, неговата историја и знаменитости.
Овој излет е особено практичен затоа што е по поволна цена, а времето пред check-in во хотелот се искористува максимално.
По завршување на панорамската тура – check-in во хотелот.

💶Цена: 30 €
12.01 – Сена, Монмартр и Мулен Руж
Очекуван поаѓање околу 10:00 ч., по појадок во хотел.
- Пловидба со брод по реката Сена (1 час)
- Патување со метро до Монмартр
- Пешачка тура низ најпознатиот уметнички и историски кварт – спектакуларен поглед кон Париз
- Слободно време во боемската четврт
- Посета на прочуеното Мулен Руж (надворешно) – симбол на парискиот ноќен живот
Попладне:
Посета на Лувр, Нотр Дам, или други атракции по избор на патникот.

💶Цена: 50 €
13.01 – Дизниленд или Версај (по избор)
Опција А: Дизниленд Париз
- Поаѓање во 09:00 ч., враќање во 18:00 ч.
- Вклучен повратен трансфер + влезница

💶 Цена: 120 €
(Цената на билетот варира во зависност од моментот на пријавување.)
Опција Б: Дворецот Версај
- Излет со трансфер + билет

💶 Цена: 70 €
Важно: Планот на излетите може да се менува. Во зависност од бројот на пријавени, може да се додадат и други излети. За сè надвор од програмата – даваме инструкции, мапи и поддршка.
14.01 – Париз → Скопје
Трансфер до аеродром и лет за Скопје.
ℹ️ Напомена: Цените на факултативните излети може да варираат ±10 € во зависност од бројот на пријавени патници.
КРАЈ НА АРАНЖМАНОТ СО НЕЗАБОРАВНИ СПОМЕНИ ОД ПАРИЗ
📝 Краток опис на аранжманот
- Директен лет Скопје–Париз–Скопје.
- По пристигнувањето го препорачуваме панорамскиот излет: со водич ќе ги запознаете најважните делови на градот, а цената е двојно пониска отколку кога се зема поединечно.
- Нашиот водич патува со групата и е на располагање за сите информации, совети и помош.
- Во слободното време водичот не е должен да присуствува, но секогаш можете да му се обратите за препораки.
- За излетите во програмата (излет бр. 2) не се вклучени билети за метро. Препорачуваме T10 билет (10 возења) – 17 €, доволен за тридневен престој и најповолна опција.
- Квартот во кој е сместен хотелот е многу безбеден, што е значајно за Париз.
- Метро-станицата е на само 1–2 минути пешачење – голема предност за движење и логистика.
- Третиот ден можете да изберете Дизниленд или Версај.
Напомена:
Во случај на недоволен број пријавени за одреден излет, истиот може да биде откажан или да се коригира цената. Агенцијата не сноси одговорност за ова.
За сѐ што сакате да посетите надвор од програмата (Лувр, Нотр Дам, Триумфална капија итн.), контактирајте нѐ – ќе ви подготвиме план за разгледување со мапи, инструкции и можност за резервација на влезници.
Ние се грижиме за целата организација – вашата задача е само да уживате.
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• ✔️ Трансфер аеродром – хотел – аеродром
• ✔️ Повратни авионски билети со аеродромски такси
• ✔️ Рачен багаж до 10 kg (40×25×20 cm, флексибилен)
• ✔️ Хотелско сместување (со или без појадок, индивидуален избор )
• ✔️ Локален водич на македонски јазик
• ✔️ Организациски трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Факултативни излети и влезници
• Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)
• Патничко и здравствено осигурување (2 € на ден)
Хотелски депозит
Reseda: 100 € (кредитна картичка) Хотелот задржува депозит од 100 € како сигурносна гаранција за собата. Овој износ не се наплаќа како трошок – само е привремено блокиран и целосно се враќа на вашата картичка при одјавување, доколку нема оштетувања.
🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
• Аранжманот се реализира со минимум 30 патници
• Секој патник е должен да се запознае со програмата и условите на патување
• Забрането е пушење и несоодветно однесување во превозните средства
• Распоредот на седишта го одредува агенцијата
• Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
• Во случај на недоволен број патници, агенцијата има право на отказ во законски рок
⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.
За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на македонски/српски јазик.
ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.