Твоето медитеранско бегство
✈ Летови:
• Директен лет од Скопје – Малта
• 4 дена / 3 ноќевања
06.11 Поаѓање
- Скопје 13:10ч – 15:00ч Малта
.09.11 Враќање
- Малта 15:35ч – 17:15ч Скопје
🏨 СМЕСТУВАЊЕ
🔸 Хотел: Blubay Apartments 3*📍 Одлична локација.
🔸269€ без појадок
🔸 Линк до хотелот:https://blubayapartment.com-malta.com/
🔸 Хотел: Bayview 3* 📍 Одлична локација.
🔸299€ со појадок
🔸 Линк до хотелот: https://sthotelsmalta.com/siteminder/bayview-hotel/
Авантурата започнува

🗓 06.11. – Излет: Валета и Three Cities (култура + историја)
По слетувањето следи трансфер до хотелот. После тоа одиме до Валета да го фатиме најубавиот залез на сонцето во светот– град кој зрачи со историја.
Прошетката започнува низ главниот град, кој е вистински музеј под отворено небо. Ќе ја посетите катедралата St. John’s Co-Cathedral и ќе ги видите ремек-делата на Караваџо, ќе уживате во погледот од Upper Barrakka Gardens и ќе го почувствувате духот на витезите од пред 500 години.
Разгледот трае околу 4 часа.

Очекувана цена 30€
🗓 07.11– Mdina, Rabat, Dingli Cliffs и Popeye Village (целодневна тура)
По појадок, следи целодневен излет низ четири уникатни локации:
🏰 Mdina – Тивкиот град
Стара престолнина со тесни камени улички, барокни палати и неверојатни панорами. Атмосфера како од филм (овде се снимала и „Game of Thrones“).

🌊 Dingli Cliffs – највисоката точка на Малта
Импресивни карпи над морето – совршено место за фотографии и уживање во природата.

🎬 Popeye Village – бајковито село
Поранешен филмски сет, денес тематски парк со шарени куќички и уникатна атмосфера.

Цена: 65€ (вклучен билет за Popeye Village)
Напомена: Планот на програмата и излетите е подложен на промени и зависи од бројот на пријавени. Најдоцна 7 дена пред патувањето ќе биде објавена финалната програма со прецизни термини и план на разгледувања по денови.
🗓 08.11. –.Автентична Малта / Virgo, Marsaxlokk и Blue Grotto
Овој ден е посветен на вистинската Малта.
🏘️ Virgo
Овој ден е резервиран за откривање на автентичниот дух на Малта преку посета на нејзините најпознати и најшармантни села. Прва станица е Virgo, живописно село познато по својата традиционална архитектура и мирна медитеранска атмосфера. По кратка пауза за кафе, продолжуваме кон Marsaxlokk
🎣 Marsaxlokk
Познатото рибарско село чии шарени чамци luzzu се еден од најпознатите симболи на Малта. Тука ќе направиме пауза за ручек и ќе уживаме во погледот кон пристаништето. По обиколката на селото, тргнуваме на крстарење до познатата Blue Grotto

🌊 Blue Grotto
Импресивни морски пештери познати по тиркизно сината боја на морето. Идеална прилика за фотографии и доживување што се памети.

Цена: 50€
Крстарење со Blue Grotto дополнително 12 €
Забелешка: Цената на екскурзијата, во зависност од бројот на регистрирани патници, може да варира од 5 до 10 €
🗓 09.11. – Враќање
По завршување на програмата следи трансфер до аеродромот во Малта
Директен лет Малта– Скопје: 15:35ч предвидено време за летот
Сè што ви останува се спомени, а сè останато е веќе организирано.
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.
✅ Цената вклучува:
- Трансфер аеродром Барселона – хотел – аеродром
- Повратни авионски карти со аеродромски такси
- Рачен багаж од мек материјал – ранец или торба до 10 kg, 40x30x20 cm
(може да биде и со малку поголеми димензии, доколку е флексибилен и може да се смести во калап на аеродромот) - хотелско сместување на база ноќевање (со појадок по избор на патникот)
- Локален водич на српски јазик + 24/7 придружник на групата
- Организациони трошоци
❌ Цената не вклучува:
- Факултативни излети и влезници
- Индивидуални трошоци на патниците
- Локални градски такси (се плаќаат на рецепција во хотелот)
- Меѓународно патничко и здравствено осигурување – 8 € (задолжително)
🔵 НАПОМЕНА:
- Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
- Секој патник самостојно треба да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
- Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работењето на возачите и пратителот, ќе биде отстранет од патувањето и целата одговорност паѓа на него, без право на жалба и поврат на средства.
- Патникот го прифаќа седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното траење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите горенаведени услови, без право на приговор и жалба.
- Аранжманот е пресметан на база минимум 30 патници.
Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот задржува право на откажување во законски предвидениот рок.
ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!