Островот каде сонцето, историјата и тиркизното море
– создаваат совршено патување 🏝️
🏛️Oткријте го вистинскиот Кипар

✈ Летови:Wizz Air
• Директен лет од Скопје-Кипар (Cyprus)
• 5 дена / 4 ноќевања
19.10 Поаѓање
- Скопје 18:55ч – 22:05ч Кипар (Cyprus)
23.10 Враќање
- Кипар (Cyprus) 23:35ч – 01:00ч Скопје
🏨 ХОТЕЛСКО СМЕСТУВАЊЕ
🏨Најдобар однос цена/квалитет:
🔸 Хотел: Fedrania Gardens★★ / 299 € без појадок /330 € со појадок
🔸 Линк до хотелот : https://fedraniahotel.com/
🏩Наша препорака:
🔸 Хотел: Stamatia Hotel ★★★ / 350€ со појадок
🔸 Линк до хотелот :https://stamatiahotel.com-hotel.com
🗓 19.10 – Пристигнување во Кипар
По слетувањето следи трансфер до хотелот. Сместување во хотелот. Ноќевање.

🗓 20.10. – ЛИМАСОЛ, ПЛАЖАТА НА АФРОДИТА И ПАФОС
По појадокот следува факултативен излет кон Лимасол и Пафос.
На пат кон Пафос се поминува низ Лимасол, со пауза за кафе на шеталиштето и познатата Лимасол Марина.
Патувањето продолжува низ насади со лимони и портокали, покрај тврдината Колоси и античкиот грчки локалитет Курион.

Потоа се минува покрај британските воени бази и се пристигнува на Плажата на Афродита, каде според легендата божицата на љубовта се родила од морската пена. Предвидена е пауза за одмор и уживање во погледот кон карпата на Афродита и кристално чистото море.

Следува продолжување кон Пафос, град со најголем број историски споменици под заштита на УНЕСКО.
Ќе се посетат:
– Катакомбите на Свети Соломон
– Црквата Свети Павле
– Куќата на богот Дионис, позната по извонредно сочуваните мозаици кои ја прикажуваат античката грчка историја.

Цена 50 €
🗓 21.10. ЛАРНАКА И НИКОЗИЈА
По појадокот следува излет до Ларнака и Никозија.
Во Ларнака се посетува една од најстарите цркви на островот – црквата Свети Лазар, а потоа следува прошетка по познатиот булевар на палмите.
Во Никозија се посетува Археолошкиот музеј, каде се изложени артефакти од повеќе од 9.000 години историја на островот.
Излетот продолжува со обиколка на делот од градот кој е најпознат по своите разновидни продавници за сувенири и накит, каде ќе имате време за купување или за уживање во некое од многубројните локали.
По слободното време на базарот, се продолжува кон центарот на Никозија за кратка прошетка по главната улица каде се наоѓа граничниот премин – Зелената линија, која го дели градот на грчки и турски дел.
Следуваат посета на:
– Катедралата Свети Јован
– Споменикот на независноста.
Враќање во хотелот. Ноќевање.

Цена: 50€
🗓 22.10. ПЛАНИНАТА ТРООДОС (TROODOS) И МАНАСТИРОТ КИКОС (KIKOS)
Овој излет ве води низ планинските предели на Кипар и низ најзелените делови на островот со прекрасни традиционални села.
Ќе ја откриете другата, позелена страна на Кипар – планината Троодос, каде ве очекуваат мир, свеж планински воздух и села кои изгледаат како да излегле од бајка.
На овој излет ќе уживате во природата, традиционалната архитектура и културните богатства кои со векови биле зачувани од жештината на крајбрежјето.
Што ќе видите и доживеете:
• Живописни села – посета на традиционални места како Омодос или Какопетрија, со камени куќи, калдрмисани улици и мирис на домашни производи.
• Манастири и цркви под заштита на УНЕСКО – богато украсени со фрески, ја чуваат историјата на православието на Кипар.
• Планински пејзажи – погледи кон борови шуми, лозја и долини кои се простираат колку што гледа окото.
• Локални деликатеси – дегустација на вино, маслиново масло, традиционални слатки и сирења.
Планината Троодос не е само излет – тоа е одмор од секојдневието, враќање кон природата и можност да го запознаете срцето на Кипар.

Цена: 50€
Напомена: Очекуваната цена на секој факултативен излет изнесува 50€.
🗓 23.10. – Слободен ден за прошетка
Последниот ден можете да ги искористите за индивидуални активности.
Кипар нуди безброј можности:
🏖 За љубителите на морето:
– Одмор на плажите во Аја Напа или Протарас.
– Капење во тиркизното море и уживање во коктел покрај плажа.
🏛 За љубителите на историјата:
– Посета на музеи, археолошки локалитети и манастири.
– Прошетка низ старите делови на Ларнака или Никозија.
🍽 За гурманите:
– Традиционален кипарски ручек (мезе).
– Посета на семејни винарии и маслинарници со дегустација.

По завршување на програмата следи трансфер до аеродромот.
Директен лет 23: 35ч предвидено време
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.
🇨🇾 Вашето место под кипарското сонце веќе ве чека✨
✅ Цената вклучува:
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Повратни авионски карти со аеродромски такси
- Рачен багаж од мек материјал – ранец или торба до 10 kg, 40x30x20 cm
(може да биде и со малку поголеми димензии, доколку е флексибилен и може да се смести во калап на аеродромот) - Хотелско сместување на база ноќевање (со појадок по избор на патникот)
- Локален водич на српски јазик + 24/7 придружник на групата
- Организациони трошоци
❌ Цената не вклучува:
- Факултативни излети и влезници
- Индивидуални трошоци на патниците
- Локална туристичка такса (се плаќа на рецепција)
- Меѓународно патничко и здравствено осигурување –2€ по ден (задолжително)
🔵 НАПОМЕНИ:
- Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
- Секој патник самостојно треба да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
- Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работењето на возачите и пратителот, ќе биде отстранет од патувањето и целата одговорност паѓа на него, без право на жалба и поврат на средства.
- Патникот го прифаќа седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното траење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите горенаведени услови, без право на приговор и жалба.
- Аранжманот е пресметан на база минимум 30 патници.
Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот задржува право на откажување во законски предвидениот рок.
ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!