🇮🇩 БАЛИ🗓️09.11–21.11.2026 | Групен Аранжман

Без разлика дали сте во потрага по авантура, целосно опуштање или духовно патување – Бали ви го нуди сето тоа и многу повеќе. Од бујните тропски шуми и храмовите во Убуд, до живописните плажи на Семињак и ноќниот живот од светска класа, овој остров нуди незаборавно искуство.

Плажи исполнети со енергија, beach барови со спектакуларни зајдисонца и клубови кои не престануваат да живеат до зори го прават Бали совршен спој на мир, природа и возбуда.

  • Скопје 20:45ч → Истанбул 00:15ч
    (чекање помеѓу летовите: 1 час и 40 минути)
    10.11.Пристигнување
  • – Истанбул 01:55ч → Бали 19:30ч
  • – Бали 21:10ч → Истанбул 05:40ч
    (чекање помеѓу летовите: 2 часа и 45 минути)
    21.11.Пристигнување
  • – Истанбул 08:25ч → Скопје 07:55ч (локално време)

🗓️ 10.11 – 13.11.

🏨 Хотел: Element by Westin Bali Ubud 5*
🔸Линк до хотелот : https://elementubud.com-bali.com/
🔸Хотел сместен во срцето на Убуд, кој нуди еколошки дизајнирани соби со приватни балкони и бесплатен Wi-Fi. Гостите можат да уживаат во базен со солена вода, холистички третмани во спа-центарот и часови по јога.

🗓️13.11 – 20.11.

🏨 Хотел: Ossotel 4*
🔸Линк до хотелот :https://www.ossotel.com/
🔸Модерен и стилски уреден хотел со 4★, сместен во срцето на Легиан, на само неколку минути пешачење од плажата Legian. Во непосредна близина се наоѓаат бројни ресторани, барови и продавници, што го прави идеално место за незаборавен одмор на Бали.


Летот Скопје – Бали е предвиден во 20:45 часот.

Во Бали пристигнувате на 10.11. во 19:30 часот по локално време, каде што е обезбеден трансфер од аеродромот до хотелот Element by Westin Bali Ubud 5*, во кој ќе бидете сместени првите три ноќевања.

Убуд претставува срцето на духовноста, природата и внатрешниот мир на Бали.

Важна напомена: Планот на излетите не е конечен. Организаторот го задржува правото на измена на програмата, вклучувајќи промени во содржината и распоредот доколку тоа го наложат околностите.


По појадокот, во 09:00 часот, започнуваме ден исполнет со авантура, духовност и незаборавни доживувања.

Лулашки во џунглата

Доживејте вистинска адреналинска авантура додека се нишате високо над бујната балиска џунгла. Освен возбудата, ова место нуди и спектакуларни панорамски фотографии кои засекогаш ќе ве потсетуваат на Бали.

Tirta Empul – Храмот на светата вода

Доживејте едно од најавтентичните балиски искуства во храмот познат по своите лековити свети извори. Ритуалното прочистување во светата вода носи чувство на мир, духовна рамнотежа и внатрешно обновување.

Посета на плантажи за кафе и чај

Откријте ги тајните на едно од најексклузивните кафиња во светот – Luwak кафето.

Запознајте се со традиционалниот начин на производство и уживајте во дегустација на различни видови кафе и чаеви во прекрасниот амбиент на балиските плантажи.

Gunung Kawi – Долината на мртвите кралеви

Прошетајте низ овој мистичен древен локалитет каде што се наоѓаат величествени кралски гробници врежани во карпите.

Совршено место за љубителите на историјата, духовноста и спокојството.

По појадокот во хотелот започнуваме уште една незаборавна авантура.

Краток опис на излетот:

Шума на мајмуните – Ќе посетите едно од најпознатите места на Бали, дом на разиграните мајмуни и магичното тропско зеленило. Идеално место за љубителите на природата, авантурите и фотографијата. Внимавајте на личните работи, бидејќи мајмуните сакаат да „позајмат“ очила, капи и грицки.

Прошетка низ центарот на Убуд – Потопете се во срцето на балиската култура. Прошетајте низ Убуд – град познат по својата уметност, традиционални пазари и единствена атмосфера. Ова е можност да го почувствувате вистинскиот дух на Бали – автентичен, топол и живописен.

Посета на Green Carik Zipline Park – Продолжуваме кон Green Carik Zipline Park, со попатна посета на околните храмови и уживање во спектакуларните погледи кон бујното зеленило. За љубителите на адреналинот, следува можност за незаборавно zip-line искуство низ џунглата – совршен спој на возбуда и природна убавина.

Цена на излетот: 30 евра. (За возење со zip-line се доплаќа околу 15 евра на лице место (по желба).

Овој ден ви носи совршен спој на релаксација, авантура и спомени кои ќе останат засекогаш.


По појадокот следува посета на место кое едноставно не смее да се пропушти.

Без сомнение едно од најпознатите и најубавите места на Бали.

Сместен меѓу спектакуларните оризови тераси, Alas Harum нуди доживување кое остава без здив – совршен спој на природа, елеганција и автентичен балиски шарм.

Тука можете да уживате во капење во базен со неверојатен поглед кон џунглата и бескрајното зеленило. Секој агол е внимателно уреден и претставува идеално место и за релаксација и за незаборавни фотографии.

И покрај луксузниот амбиент, цените се изненадувачки пристапни, што го прави ова место задолжителна станица при посетата на Бали.

Вистинска оаза за одмор, адреналин и совршени фотографии.


🗓 14.11. Продолжуваме кон нова авантура.

По појадокот продолжуваме кон нова авантура.

Опис на излетот:

• Ulun Danu Beratan – Храмот на божицата на водата

Ќе го посетите еден од најпознатите храмови на Бали, сместен на брегот на прекрасното езеро Бератан. Благодарение на својата уникатна положба, храмот изгледа како да лебди на површината на езерото и претставува едно од најфотографираните места на островот.

• Jungle Bali Chocolate

Уживајте во вкусовите на традиционалното балиско чоколадо подготвено од најквалитетно какао. Запознајте се со процесот на производство и дегустирајте врвни чоколадни специјалитети во прекрасен амбиент среде џунглата.

• Fruit Bazaar

Посетете пазар преполн со егзотично тропско овошје, каде што ќе имате можност да пробате различни видови овошје карактеристични за Бали. Совршено место за љубителите на здравите и необични вкусови.


🗓15.11.Tanah Lot и Taman Ayun.

По појадокот, во придружба на нашиот водич, следува посета на Tanah Lot и Taman Ayun.

Краток опис на излетот:

Taman Ayun (Кралските градини)

Прошетајте низ прекрасните кралски градини опкружени со канали и традиционална балиска архитектура. Местото зрачи со мир, елеганција и претставува идеална локација за уживање во природата.

Посетете го еден од најпрепознатливите симболи на Бали – величествениот храм изграден на карпа среде океанот. Уживајте во магичниот залез на сонцето додека брановите ја обвиваат оваа света локација.

Денот можете да го заокружите со романтична вечера покрај плажа, со свежи морски плодови, звукот на брановите и поглед кон ѕвезденото небо.

Цена на излетот: 30 евра.

Храната и пијалаците не се вклучени во цената.


По појадокот во хотелот, следува незаборавна авантура наречена Нуса Пенида!

Овој остров нуди совршена комбинација од недопрена природа, драматични карпи и плажи кои изгледаат како од разгледница. Помалку е туристички од Бали, па затоа овозможува чувство на вистинско бегство во природен рај.

Доколку сте љубители на авантура, спектакуларни панорамски погледи и природни базени со кристално чиста вода, Нуса Пенида е вистинскиот избор.

Нуса Пенида е излет кој едноставно не смее да се пропушти. Островот се наоѓа на околу 40 минути пловење со брод од Бали и е дом на некои од најубавите природни локации во цела Индонезија.

Ова е и едно од најпознатите места за нуркање во светот. Пливањето покрај огромните Manta Ray ражи претставува незаборавно искуство кое се памети цел живот.

Тука се наоѓаат прекрасни плажи опкружени со високи карпи и бел песок. Diamond Beach е една од најпознатите по спектакуларниот поглед од скалите врежани во карпата, додека Crystal Bay важи за една од најдобрите плажи за капење и snorkeling на Бали.

Цена на излетот: 90 евра.

Иако можеби звучи необично, најубавите денови на Бали често се токму оние кога немате никаков план.

Овие денови ви нудат целосна слобода да го истражувате островот на свој начин.

Уживајте во уникатните beach барови и ресторани од светска класа, изнајмете скутер и возете низ патеките опкружени со палми, релаксирајте се во infinity базени со поглед кој го одзема здивот.

Присуствувајте на незаборавни дневни забави, пробајте сурфање, капете се во големите океански бранови, уживајте во спектакуларните зајдисонца кои го обојуваат небото во златни нијанси… или едноставно дозволете си целосно да се опуштите.

Токму во тоа лежи магијата на Бали.

🗓 20.11. Обезбеден е трансфер од хотелот до аеродромот.

  • Летот Бали – Истанбул е предвиден во 21:10 часот по локално време. Пристигнување во Скопје на 21.11. во 07:55 часот.
  • Превоз : Скутерите се најпрактичниот начин за движење низ островот, иако сообраќајот знае да биде доста динамичен. Цена за изнајмување: околу 7 евра дневно.
  • Пари: Официјална валута е индонезиската рупија (IDR).Платежните картички не се прифаќаат насекаде, па затоа се препорачува секогаш да имате готовина.
  • Безбедност:: Бали генерално е многу безбедна дестинација за туристите.Сепак, обрнете внимание на т.н. „Bali Belly“ (стомачни тегоби), па затоа се препорачува консумирање флаширана вода и храна од проверени места.

🏄‍♀️ Активности и авантури:

  • Сурфање – Бали е вистински рај за сурфери, со бројни школи и плажи погодни и за почетници и за искусни сурфери.
  • Нуркање и snorkeling – Нуса Пенида и Туламбен се меѓу најпознатите локации, со богат подводен свет и потонати бродови.
  • Искачување на вулканот Батур – Раноутринско искачување до врвот со незаборавен изгрејсонце.
  • Јога и wellness – Убуд е познат како духовен центар на Бали, со бројни јога и медитациски центри.

🏖️Природа и плажи

  • Плажи: Кута – идеална за сурфање, Нуса Дуа – луксузни ресорти и мирни плажи , Улувату – спектакуларни карпи и панорамски погледи, Семињак и Чангу – модерни beach барови, ресторани и одличен ноќен живот.
  • Зелена оаза. Убуд е срцето на Бали, познат по оризовите тераси Тегалаланг, шумата на мајмуните и бројните уметнички работилници.
  • Вулкани: Планините Агунг и Батур нудат неверојатни панорамски погледи и одлични можности за планинарење.

✅ Цената вклучува:

  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Повратни авионски карти со аеродромски такси
  • Багаж до 30 kg + мал рачен куфер до 10 kg.
  • Хотелско сместување во хотели 4/5** со појадок.
  • Локален водич на англиски јазик + 24/7 придружник на групата
  • Организациони трошоци

❌ Цената не вклучува:

  • Виза (90 евра – агенцијата аплицира во име на патниците).
  • Факултативни излети и влезници
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Локална туристичка такса (се плаќа на рецепција)
  • Меѓународно патничко и здравствено осигурување – 2€ по ден (задолжително)

🔵 НАПОМЕНИ:

  • Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
  • Секој патник самостојно треба да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
  • Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работењето на возачите и пратителот, ќе биде отстранет од патувањето и целата одговорност паѓа на него, без право на жалба и поврат на средства.
  • Патникот го прифаќа седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното траење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите горенаведени услови, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е пресметан на база минимум 30 патници.
    Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот задржува право на откажување во законски предвидениот рок.

ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Rating*

Scroll to Top