✨Добредојдовте во бисерот на Арапскиот Полуостров
Поинаков од она што го очекувате.Кањони, оази и бескраен хоризонт.

🛫 Летови: ☀️ 8 Дена / 7 Ноќевања
▶️13.11.2026 (петок) – ПОАЃАЊЕ
• (часовите се според локално време!)
- 🛫 Скопје 14:55h → 18:25h Истанбул (SAW)
🛫 Истанбул (SAW) 21:30h→ 03:10h Muscat (+1 ден)
Конекција во Истанбул: 3 часа и 05 минути
↪️20.11.2026 (петок) – ВРАЌАЊЕ
- 🛫 Muscat 04:15h → 08:35h Истанбул (SAW)
🛫 Истанбул (SAW) 14:20h →13:55h Скопје
Конекција во Истанбул: 5 часа и 45 минути
💎 Цена на аранжманот : 699 €
🏨 Хотели во понуда:
🏨 Muscat Express Hotel 3* на база ноќевање со појадок
⁕ Линк до хотелот: https://muscatexpresshotel.com/
📍 Сместен во удобната и централна област Al Ghubrah, хотелот е одлична база за откривање на убавините на Мускат.
🏖️ Близу до Ghubrah Beach и Azaiba Beach, а во непосредна близина се наоѓаат и Oman Avenues Mall и Muscat Grand Mall.
🕌 Sultan Qaboos Grand Mosque – околу 1,5 km
✈️ Аеродром Мускат – околу 11 km
🌊 Qurum Beach – околу 8 km
⭐ Одлична база за разгледување на Мускат и најпознатите атракции во градот.
*** Доплата за еднокреветна соба: 150 € ***
💰 ПАКЕТ – 400 € ПО ЛИЦЕ
Напомена: Цената на излетот е изразена како пакет и изнесува 400 € по лице.
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- трансфер аеродром-хотел-аеродром
- повратни авионски билети со аеродромски такси
- 40x30x15cm (ранец или спортска торба исклучиво од мек материјал),
- хотелско сместување со појадок
- локален водич на англиски јазик + придружник на групата од агенцијата
- организациски трошоци
📅13.11 Пристигнување во Muscat
Пристигнување во Muscat на 14.11. во 03:10h. Организиран трансфер од аеродромот до хотелот.

Авантурата започнува!
🗓️14.11. Muscat – city tour
Обиколка на Muscat – city tour (Al Alam Palace, Royal Opera House, The Grand Mosque џамија, Mutrah Souq).

• Al Alam Palace е официјалната палата на султанот, сместена помеѓу две португалски тврдини, Al Jalali и Al Mirani.
• Royal Opera House Muscat е престижна културна институција која нуди претстави на класична музика и опера. Отворена е во 2011 година и оттогаш стана центар на уметничкиот живот во Oman (вклучена влезница за Royal Opera).

• The Grand Mosque е најголемата џамија во Oman. Позната е по импозантната архитектура, прекрасните мозаици и најголемиот рачно ткаен тепих во светот.

• Mutrah Souq е една од најстарите и најпознати традиционални пазари во Muscat, Oman. Сместен покрај брегот на Mutrah Corniche, овој шармантен базар нуди богатство од локални производи и автентична атмосфера.

🗓️15.11.Wadi Shab Tour
Дневен излет по појадокот – возењето трае околу 1:30h – 2h низ природните убавини на Oman, покрај брегот. Потоа пристигнување до спектакуларниот залив и оазата Wadi Shab, вистинско чудо на природата.
Капење во слатките води, покрај плантажи со банани и карпести патеки, лесно планинарење и посета на кратерот во кој има магично чиста вода.
Wadi Shab е неизбежна дестинација за љубителите на природата и авантуристите кои сакаат да ја доживеат уникатната комбинација од планинарење, пливање и истражување на скриените природни убавини на Oman.
Во цената на излетот е вклучен ручек во локален ресторан, како и вода во текот на целиот излет.

🗓️16.11. Nizwa Tour
Рано поаѓање и возење до еден од најстарите градови – градот Nizwa, кој датира уште од 2000 години п.н.е.
Пристигнување околу 08h и посета на традиционалниот локален маркет – Nizwa Souq (до 12h).
Потоа Nizwa Fort, која е вистински бисер на архитектурата на Oman, потоа остатоците од стариот град Birkat Al Mouz, па до прекрасната планина Jebel Akhdar каде што се протега неверојатен поглед и во изобилство расте различно овошје, пешачење низ природата.
Во текот на овој излет ќе ја посетите и Nizwa Fort, која е еден од најважните историски споменици во Oman. Тврдината играла клучна улога во одбраната на градот и регионот. Денес е музејски комплекс кој нуди увид во историјата и архитектурата на Oman.
Во цената на излетот се вклучени влезниците за влез во Nizwa Fort и музејот, како и ручек во локален ресторан.

🗓️17.11. Wahibah Sands – Wadi Bni Kalid Tour
Ова се две од најубавите природни одредишта во Oman.
Во текот на излетот можете да пливате во кристално чистата вода и да ги истражувате околните пештери.
Wahiba Sands – бескрајни, златно-портокалови пустински дини кои се протегаат на повеќе од 12.500 km² во источен Oman. Ова е дом на традиционалните бедуински племиња, драматични пејзажи и незаборавни пустински авантури.
Ова е едно од највозбудливите искуства што ќе ги доживеете во Oman.

Wadi Bani Khalid е живописна оаза сместена во планинскиот регион на источен Oman. Позната е по тиркизните природни базени, палмите, карпестите клисури и студената вода во текот на целата година. Тоа е едно од најпопуларните места за капење, планинарење и релаксација.
Во цената на излетот е вклучен ручек во локален ресторан.

🗓️18.11. Nakhl – Al Rustaq
Nakhl и Al Rustaq, две живописни места во северен Oman, познати по својата богата историја, традиционалната архитектура и термалните извори.
Во текот на обиколката ќе ја видите импозантната тврдина Nakhl, сместена на природен карпест рид, со поглед кон палмината оаза и планините Hajar.
Al Rustaq е едно од најбогатите културно-историски места во Oman, идеално за љубителите на тврдини, природата и автентичниот локален живот.
Во цената на излетот е вклучен ручек во локален ресторан.

🗓️19.11. ALDIMANIYAT ISLAND TOUR
Aldimaniyat Islands – прекрасен архипелаг во Oman, совршен за љубителите на природата, нуркањето и опуштањето на недопрени плажи.
Познати се по богатото подводје, коралните гребени и разновидната морска фауна. Повремено може да се видат и морски желки како доаѓаат на плажата.
Постои можност за snorkling во текот на излетот и за секој кој ќе се одлучи за оваа активност, обезбедена е опрема за snorkling.
Во цената на излетот е вклучена пикник кутија за ручек, сокови и вода.

20.11.🔙 Враќање → Oman → Скопје
Трансфер до аеродромот во Muscat. Летот е предвиден во 04:15h.
Слетување во Skopje во 13:55h.
✨Ова е Оман. Останува да го доживеете
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.
Цени на куфери:
• Препорачуваме пакет 20kg предаден + 8kg кабински куфер – цената изнесува 80 евра и важи исклучиво ако се пријави при купување на аранжманот! По пријавата оваа опција повеќе не е можна.
• Цени за дополнително купување куфери: (цените се однесуваат на повратниот лет)
- 60 евра за кабински куфер до 8kg
- 70 евра чекиран куфер до 12kg
- 100 евра куфер до 20kg
Од Скопје ќе оди придружник на групата од нашата агенција кој ќе биде задолжен и за превод од англиски на нашиот јазик.
Исто така, за секој излет на располагање е лиценциран локален водич.
Превозот е со нови луксузни автобуси низ Oman, а во пустината ќе има возење со џипови.
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
✖️ Меѓународно патничко и здравствено осигурување (2 € дневно)
✖️Виза онлајн која изнесува 50 €(за визата е потребна фотографија од пасошот и лична фотографија на која јасно се гледа лицето на бела позадина)
✖️ Патничко осигурување
✖️ Доплата за куфери
✖️ Лични трошоци и факултативни излети и влезници
✖️ Локални градски такси (се плаќаат исклучиво на рецепцијата на хотелот)
Основни информации:
• Временска разлика: Skopje – Muscat +3 часа
• Просечните температури во текот на ноември се 27 степени
• Мобилна мрежа: Интернет е достапен во хотелот и некои јавни простори. Можете да ги користите сите интернет апликации и да телефонирате без проблеми. Препорака: Препорачуваме да уплатите пакет за патници со интернет за Oman (NOMAD), така ќе бидете онлајн 24 часа.
• Валута: Омански ријал (OMR) = 2,25 EUR; се прифаќаат банкарски картички, а готовина можете да менувате во менувачници во трговски центри или стоковни куќи.
• Храна: Храната е исклучително вкусна и поволна. Оманското кафе, чаевите и соковите се многу популарни. Алкохолот не е дозволен на јавни места, но можете да го пиете во некои хотели и клубови. Препорачуваме редовно консумирање вода и овошје за рехидратација.
• Јавен превоз: Јавниот превоз е слабо развиен, бидејќи повеќето луѓе користат поволни такси услуги. Препорачуваме да ја инсталирате апликацијата OTAXI, која нуди многу пристапни цени.
• Што да купите во Oman: арапски парфеми, оманска алва, мед, омански урми, кафе, слатки, зачини и омански темјан (кој е прогласен за најдобар во светот).
• Облека: Препорачуваме лесна летна гардероба. Во природа и за време на разгледувањето на дестинациите, дозволени се кратки панталони – шорцеви и маици со кратки ракави, како во Европа. Меѓутоа, при посетата на џамии, ве молиме понесете долги ракави и, секако, марама за дамите.
• Препорачуваме да носите лесни шешири или капи, очила за заштита од сонце и крема за сончање за време на престојот.
• Обувки: Се препорачуваат лесни спортски обувки.
• Здравје: Во случај на какви било здравствени проблеми, организирана е соработка со приватни болници со висок квалитет. Во Muscat имаме и неколку лекари од нашите простори кои го зборуваат нашиот јазик.
• Задолжително е да се осигурате преку патничко осигурување за време на престојот.
• Безбедност во Oman: Oman е исклучително безбедна и мирна земја. Оманците се многу љубезен народ кој ќе ве пречека со многу љубов и внимание. Секогаш можете да ги освоите нивните симпатии со благодарност, користејќи го зборот „SHUKRAN“ (благодарам).
• Особено кон жените се однесуваат со посебно почитување, нема да бидете вознемирувани со барање милостина, продажба на сувенири или слично, бидејќи тоа не е дозволено.
• Исто така, убаво е да се знае дека криминал речиси и да нема, многу е сигурно и безбедно. Секако, секогаш бидете и малку внимателни, но далеку е побезбедно отколку во многу земји во Европа.
• Сепак, советуваме вредните работи да не ги носите во природа, поради можноста за губење.
• Пасошите не е неопходно да ги носите со себе; доволна е лична карта. Пасош е потребен само во менувачница.
• На местата на излетите можеби нема да можеме да плаќаме со картичка, па препорачуваме да имате и нешто готовина.
• Oman чека да го откриете, а ние сме тука за Вас да ви помогнеме на ова незаборавно патување!

🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
- Аранжманот се реализира со минимум 30 патници
- Секој патник е должен да се запознае со програмата и условите на патување
- Забрането е пушење и несоодветно однесување во превозните средства
- Распоредот на седишта го одредува агенцијата
- Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
- Во случај на недоволен број патници, агенцијата има право на отказ во законски рок
⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.
За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на српски јазик.
ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.