Подготви се за „ЧЕКАЈ, ОВА Е СТВАРНО?!“
😃HABIBI COME TO DUBAI

🛫 Летови: ☀️ 8 Дена / 7 Ноќевања
▶️10.01.2027 (недела) – ПОАЃАЊЕ
• (Сите времиња се локални.)
- 🛫 Скопје 10:50 → 14:15 Истанбул (SAW)
🛫 Истанбул (SAW) 20:50 → 02:15 Дубаи (+1 ден)
↪️17.01.2027 (недела) – ВРАЌАЊЕ
- 🛫Дубаи 03:25 → 07:30 Истанбул (SAW)
🛫 Истанбул (SAW) 10:30 – 09:55h Скопје
💠 Хотел во понудата:
🏨 Holiday Inn Express Dubai Safa Park 3★ 799 € по лице без појадок/ 850 € по лице со појадок
⁕ Линк до хотелот:https://www.ihg.com/holidayinnexpress/hotels/us/en/dubai/dxbsp/hoteldetail
📍Хотелот Holiday Inn Express Dubai Safa Park 3★ се наоѓа во Дубаи, во близина на Safa Park и Dubai Water Canal, со добра поврзаност со главните туристички атракции на градот.Во близина се наоѓаат Burj Khalifa, Dubai Mall и Dubai Fountain, кои се меѓу најпознатите знаменитости на Дубаи
Главни знаменитости во близина:
- 🌊 Dubai Water Canal и водопадот – околу 300–500 м
- 🌳 Safa Park – околу 1–1,5 км
- 🚇 Business Bay Metro Station – околу 600 м–1,1 км
- 🏙️ Burj Khalifa – околу 2–3 км
- 🛍️ Dubai Mall – околу 2,5–3 км
- ⛲ Dubai Fountain – околу 2,5–3 км
- 🎨 City Walk – околу 1,5–3 км
- 🎭 La Perle – околу 800 м
- 🏖️ Jumeirah Beach – околу 3–4 км
- 🛍️ Mall of the Emirates и Ski Dubai – околу 12 км
- 🏖️ Madinat Jumeirah и Burj Al Arab – околу 8–10 км
- ✈️ Dubai International Airport (DXB) – околу 10–14 км
Растојанијата се приближни и може да варираат зависно од маршрутата и начинот на превоз.
⭐ Идеална локација за разгледување на Дубаи, шопинг и посета на најпознатите градски атракции.
Напомена: Конечните цени на факултативните излети ќе бидат навремено дефинирани и објавени во согласност со организацијата и формирањето на групата.
📅10.01. – Skopje – Dubai
Поаѓање од Skopje кон Dubai.
По пристигнувањето на аеродромот во Dubai на 11.01. во 02:15 часот, следува трансфер до хотелот и пријавување на гостите.

Авантурата започнува!
Градот што ја менува перспективата — и пред да слеташ.
🗓️11.01. – Dubai
Овој ден можете да го искористите за индивидуални активности во неверојатниот град Dubai.

Посетата на Dubai може да биде незаборавно искуство, бидејќи градот нуди совршена комбинација на модерен луксуз, култура и традиција.
Некои од најпознатите атракции што можете да ги посетите се:

- Burj Khalifa – највисоката зграда во светот, од чија панорамска платформа се пружа неверојатен поглед на целиот град.

- Dubai Mall – еден од најголемите трговски центри во светот, со безброј продавници, ресторани, аквариум и лизгалиште.

- Dubai Marina и Palm Jumeirah – прошетка покрај марината или посета на вештачкиот остров Palm Jumeirah, познат по луксузните хотели, рестораните и плажите.













- Dubai Frame – архитектонско ремек-дело кое нуди уникатен поглед кон стариот и модерниот дел на Dubai.

- Burj Al Arab – еден од најлуксузните хотели во светот. Иако престојот е скап, можете да посетите ресторан или да уживате во погледот кон овој препознатлив симбол на Dubai.
Dubai е дестинација која ги комбинира луксузниот шопинг, модерната архитектура и богатата културна понуда.

🗓️12.01. – Abu Dhabi
Цена на излетот: 60 € по лице.
Денот е предвиден за посета на Abu Dhabi, со посета на Qasr Al Watan, во придружба на водич на нашиот јазик.
Поаѓање од хотелот во раните утрински часови.
По пристигнувањето во Abu Dhabi, следува посета на големата Бела џамија „Sheikh Zayed“.

Програмата продолжува со разгледување на областа Al Batin, фотографирање пред хотелот Emirates Palace, разгледување на областа Saadiyat Islands и посета на музејот на отворено Heritage Village.
Предвидено е и разгледување и фотографирање пред забавниот парк Ferrari World.

Пауза за ручек во Marina Mall.

По завршувањето на посетите, следува враќање во хотелот.
Цена на излетот: 60 € по лице.
🗓️13.01. – Крстарење низ Dubai Marina
Денот е предвиден за крстарење низ Dubai Marina.
Крстарењето со брод низ Dubai Marina претставува посебно искуство. Пловењето се одвива низ внатрешноста на марината и областа Jumeirah Beach Residence, каде што ќе уживате во прекрасната околина и импозантните облакодери изградени во модерен, ултрасовремен архитектонски стил.
Цена на излетот: 50 € по лице.

Цена на излетот: 50 € по лице.
🗓️14.01. – Miracle Garden и Global Village
Денот е предвиден за посета на Miracle Garden и Global Village. Во цената се вклучени влезниците, како и услугите на водич на нашиот јазик.
Излетот трае повеќе од 5 часа.
Global Village
Global Village се наоѓа во близина на областа Arabian Ranches, на патот кон Jebel Ali.
Неговото име потекнува од идејата да се претстават мултикултурниот и мултиетничкиот живот и традициите од различни делови на светот.
Global Village е прекрасно место за одмор, забава и релаксација за целото семејство. Посетителите можат да уживаат во секојдневните претстави на бројни изведувачи од целиот свет, како и во различните културни содржини и гастрономски специјалитети.

Dubai Miracle Garden
Овој прекрасен цветен парк се наоѓа во областа Al Barsha 3, во поновиот дел на Dubai.
Dubai Miracle Garden е еден од најголемите цветни паркови во светот, со милиони цветови распоредени во уникатни композиции среде пустината.

Во паркот можете да видите импресивни цветни скулптури, меѓу кои и авион Emirates Airbus A380 во природна големина, како и цветна скулптура на Mickey Mouse.
Со својот уникатен дизајн, паркот претставува една од најинтересните туристички атракции во регионот. Ќе видите различни креации во форма на куќи, мостови, автомобили и многу други облици, изработени со илјадници цветови и со неверојатно внимание на деталите.

Цена на излетот со вклучени влезници: 60 € по лице.
🗓️15.01. – Desert Safari
Овој ден е предвиден за Desert Safari – една од највозбудливите, најатрактивните и најбараните туристички активности во Dubai.

Уживајте во возбудливо возење преку песочните дини, а потоа опуштете се во традиционален пустински камп.
Авантурата продолжува со забавна програма во која можете да уживате во стомачен танц, традиционални танцови настапи и други незаборавни содржини.
Ќе имате можност да пробате традиционално цртање со к’на, да јавате камила, да се фотографирате со сокол и да уживате во многу други активности организирани од искусни професионалци.


Цена на излетот: 50 € по лице.
🗓️16.01. – Old Dubai
Овој ден е резервиран за посета на стариот дел на Dubai, кој нуди увид во богатото културно и историско наследство на градот пред неговата трансформација во светска метропола.





Deira е срцето на стариот трговски Dubai. Тука се наоѓаат некои од најпознатите традиционални пазари, каде што можете да ја почувствувате автентичната атмосфера на градот.
Dubai Museum, сместен во тврдината Al Fahidi Fort, ја прикажува историјата на Dubai – од неговите почетоци како мало рибарско и трговско населено место до развојот во модерна метропола.

Изложбите го прикажуваат традиционалниот начин на живот, риболовот на бисери, животот во пустината и поморската трговија.

Grand Mosque се наоѓа во близина на Dubai Creek и се истакнува со својата архитектура и висок минарет. Посетителите можат да уживаат во убавината на архитектурата, иако влезот во џамијата не е дозволен за немуслимани.
Во близина се наоѓа и џамијата Al Bastakiya, уште еден пример за традиционалниот исламски архитектонски стил.
Old Dubai нуди автентичен поглед кон богатата историја и култура на емиратот, пред градот да стане светски центар на луксузот и модерниот живот.

Цена на излетот: 30 € по лице.
17.01. 🔙Dubai – Istanbul – Skopje
Трансфер до аеродромот и лет кон Istanbul, со продолжување на патувањето кон Skopje.
Пристигнување во Skopje во 09:55 часот по локално време.
✨Dubai. Кога некој ќе ти каже „претеруваат“ — оди провери.
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.
Цени на куфери:
• Препорачуваме пакет 20kg предаден + 8kg кабински куфер – цената изнесува 80 евра и важи исклучиво ако се пријави при купување на аранжманот! По пријавата оваа опција повеќе не е можна.
• Цени за дополнително купување куфери: (цените се однесуваат за двата правци)
- 60 евра за кабински куфер до 8kg
- 70 евра чекиран куфер до 12kg
- 100 евра куфер до 20kg
Од Скопје ќе оди придружник на групата од нашата агенција кој ќе биде задолжен и за превод од англиски на нашиот јазик.
✅ Цената на аранжманот вклучува:
- Повратни авионски билети со аеродромски такси.
- Трансфер на релација аеродром – хотел – аеродром.
- Рачен багаж – ранец или торба до 3 кг, со димензии 40 × 30 × 20 см. Може да биде и со поголеми димензии, доколку е мек и флексибилен и може да се смести во мерниот калап доколку тоа биде побарано на аеродромот.
- Хотелско сместување.
- Услуги на локален водич.
- Организациски трошоци.
❌ Цената на аранжманот не вклучува:
- Меѓународно патничко и здравствено осигурување – 16 €.
- Факултативни излети и влезници.
- Индивидуални трошоци на патниците.
- Локални градски такси, кои се плаќаат исклучиво на рецепцијата на хотелот.
И уште многу други доживувања ве чекаат во Дубаи 😎





















🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
- Аранжманот се реализира со минимум 30 патници
- Секој патник е должен да се запознае со програмата и условите на патување
- Забрането е пушење и несоодветно однесување во превозните средства
- Распоредот на седишта го одредува агенцијата
- Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
- Во случај на недоволен број патници, агенцијата има право на отказ во законски рок
⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.
Напомена: Агенцијата не сноси одговорност во случај на доцнење или откажување на летовите од страна на авиокомпанијата.
За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на српски јазик.
ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.