Main Info
Летови (по локално време)
11.02.
- Скопје → Истанбул — 10:30–13:55
- Истанбул → Маскат — 21:25–03:05 (12.02.)
18.02.
- Маскат → Истанбул — 04:10–08:40
- Истанбул → Скопје — 10:05–09:35
Сместување
Muscat Gate Hotel 3* – ноќевање со појадок
Доплата за еднокреветна соба: 150 €
Веб-страна: www.muscatgatehotel.com

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО
11.02 – Полетување кон Оман
Лет Скопје–Истанбул, потоа Истанбул–Маскат.
Пристигнување во 03:05h на 12.02 и трансфер до хотел.
12.02 – Маскат Сити Тур
Разглед на главниот град Маскат.
Посета:
• Al Alam Palace – официјалната палата на султанот, сместена помеѓу двете португалски тврдини Al Jalali и Al Mirani. Палатата се издвојува со својата впечатлива архитектура и историско значење.
• Royal Opera House Muscat – престижна културна институција која нуди врвни изведби на класична музика и опера. Отворена во 2011 година, таа претставува центар на уметничкиот живот во Оман. (Вклучена влезница за Royal Opera House).
• The Grand Mosque (Sultan Qaboos Grand Mosque) – најголемата џамија во Оман, позната по својата импресивна архитектура, прекрасни мозаици и најголемиот рачно ткаен тепих во светот.
• Mutrah Souq – еден од најстарите и најпознати традиционални пазари во Мускат. Сместен долж крајбрежјето Mutrah Corniche, овој шармантен базар нуди богат избор на локални производи и автентична ориентална атмосфера.

13.02 – Wadi Shab Тур
Дневен излет
По појадокот следува поаѓање на целодневен излет. Возењето трае околу 1,5 – 2 часа низ прекрасните природни пејзажи на Оман, долж крајбрежјето.
Пристигнување во спектакуларната увала и оаза Wadi Shab, вистинско чудо на природата. Следува капење во кристално чисти слатки води, опкружени со плантажи со банани и каменити патеки. Програмата вклучува лесно планинарење и посета на природен кратер со магично бистра вода.
Wadi Shab е незаменлива дестинација за љубителите на природата и авантурата, кои сакаат да доживеат автентично и уникатно искуство во Оман.

14.02 – Nizwa Тур
14.02. : Турa Низва (Nizwa Tour)
Рано поаѓање и возење кон еден од најстарите градови во Оман – градот Низва, кој датира уште од 2000 години п.н.е. Пристигнување околу 08:00 часот и посета на традиционалниот локален пазар Nizwa Souq (до 12:00 часот).
Потоа следува посета на тврдината Низва (Nizwa Fort), вистински бисер на оманската архитектура. Продолжување кон остатоците од стариот град Birkat Al Mouz, а потоа кон прекрасната планина Jebel Akhdar, од каде се пружа неверојатен панорамски поглед. Областа е позната по изобилството на различно овошје, како и можностите за пешачење и прошетки низ природа.
За време на овој излет ќе ја посетите и Nizwa Fort, еден од најзначајните историски споменици во Оман. Тврдината имала клучна улога во одбраната на градот и регионот, а денес претставува музејски комплекс кој нуди увид во историјата и архитектурата на Оман.
Во цената на излетот се вклучени:
- влезници за Nizwa Fort и музејот
- ручек во локален ресторан

15.02 – Wahiba Sands и Wadi Bani Khalid
Ова се две од најубавите природни дестинации во Оман. За време на излетот ќе имате можност да пливате во кристално чиста вода и да ги истражувате околните пештери.
Wahiba Sands
Wahiba Sands се бескрајни златно-портокалови пустински дини кои се протегаат на повеќе од 12.500 km² во источен Оман. Ова е дом на традиционални бедуински племиња, драматични пејзажи и незаборавни пустински авантури. Претставува едно од највозбудливите искуства што можете да ги доживеете во Оман.
Wadi Bani Khalid
Wadi Bani Khalid е живописна оаза сместена во планинскиот регион на источен Оман. Позната е по своите тиркизни природни базени, палми, карпести клисури и ладна вода во текот на целата година. Ова е едно од најпопуларните места за капење, пешачење и релаксација.
Во цената на излетот е вклучен:
- ручек во локален ресторан.

16.02 – Nakhl и Al Rustaq
Ова се две од најубавите природни дестинации во Оман. За време на излетот ќе имате можност да пливате во кристално чиста вода и да ги истражувате околните пештери.
Wahiba Sands
Wahiba Sands се бескрајни златно-портокалови пустински дини кои се протегаат на повеќе од 12.500 km² во источен Оман. Ова е дом на традиционални бедуински племиња, драматични пејзажи и незаборавни пустински авантури. Претставува едно од највозбудливите искуства што можете да ги доживеете во Оман.
Wadi Bani Khalid
Wadi Bani Khalid е живописна оаза сместена во планинскиот регион на источен Оман. Позната е по своите тиркизни природни базени, палми, карпести клисури и ладна вода во текот на целата година. Ова е едно од најпопуларните места за капење, пешачење и релаксација.
Во цената на излетот е вклучен:
- ручек во локален ресторан

17.02 – Aldimaniyat Islands
Ad Dimaniyat Islands
Ad Dimaniyat Islands се прекрасен архипелаг во Оман, идеален за љубителите на природата, нуркањето и опуштањето на недопрени плажи. Островите се познати по богатиот подводен свет, коралните гребени и разновидната морска фауна. Повремено може да се забележат и морски желки кои излегуваат на плажите.
За време на излетот постои можност за сноркелинг, а за сите кои ќе се одлучат за оваа активност е обезбедена комплетна опрема за сноркелинг.
Во цената на излетот е вклучено: пикник кутија за ручек, сокови, вода

18.02 – Враќање
Трансфер до аеродром, лет во 04:10h. Слетување во Скопје во 09:35h сабајлето.
ЦЕНИ И УСЛОВИ
Во цената е вклучено:
- Повратни авиобилети со такси
- Сместување во хотел 3* со појадок
- Рачен багаж 40×30×15 cm
- Туристички водич (превод, организација)
Во цената не е вклучено:
- Факултативни излети
- Доплата за куфери
- Патничко осигурување (2 € дневно)
Цена за пакет од сите излети: 400 €
Цени за куфери (повратен лет):
- Пакет 20 kg + 8 kg → 80 € (само при купување на аранжманот)
- Кабински кофер 8 kg → 60 €
- Чекиран 12 kg → 70 €
- Чекиран 20 kg → 100 €
ОРГАНИЗАЦИЈА И ЛОГИСТИКА
- Групата ја придружува претставник од агенцијата (превод + координација)
- Превоз низ Оман со луксузни автобуси
- Во пустината → возење со џипови
- Локални лиценцирани водичи за излети
ОСНОВНИ ИНФОРМАЦИИ ЗА ОМАН
- Временска разлика: +3 часа
- Температура во февруари: околу 27°C
- Интернет: достапен во хотел и јавни места
Валута:
Омански ријал (OMR) ≈ 2.25 €
Картички се прифаќаат; готовина може да се менува во трговски центри.
Храна:
Храна е вкусна и поволна.
Алкохол дозволен само во одредени хотели/клубови.
Јавен превоз:
Слабо развиен – најповолно е да се користи OTAXI.
Што да купите:
Парфеми, халва, урми, кафе, зачини, темјан.
ШТО ДА НОСИТЕ
Облека:
- Лесна летна облека
- За џамии → долги ракави и марама за дами
- Шешир/капа, очила за сонце, крема за сончање
Обувки:
- Лесна спортска обувка
Здравје:
- Постојат приватни болници со висок квалитет
- Има лекари што зборуваат наш јазик
- Патничко осигурување е задолжително
БЕЗБЕДНОСТ ВО ОМАН
Оман е една од најбезбедните земји во светот.
Луѓето се многу љубезни и гостопримливи.
Корисен збор: SHUKRAN (фала).
- Нема агресивна продажба, просење или криминал
- Сепак, чувајте ги вредните предмети
- Пасош не мора секогаш со вас (освен во менувачница)
НАПОМЕНИ
- Можни мали промени во програмата
- Проверете време/место на поаѓање 2 дена претходно
- Факултативните излети зависат од услови и број на патници
- Документите мора да важат уште 6 месеци по датумот на враќање