Main Info

✈ Летови:
06.03. Скопје 14:20 – 16:35 Прага
09.03. Прага 17:10 – 19:10 Скопје
Хотел – Taurus 4*
Линк до хотелот / https://www.hoteltaurus.cz/
📅 06.03 – 16:35h. После пасошка контрола следи трансфер до Хотел слободен ден и ноќевање.
📅 07.03 – ПЕШАЧКА ТУРА НИЗ ПРАГА
Денот е предвиден за пешачка тура низ Прага – еден од најубавите европски градови, познат по својата богата историја, архитектура и културни знаменитости.
🏛️ Пешачка тура низ Прага
1. Староместски плоштад (Staroměstské náměstí)
Срцето на стариот дел од Прага, опкружен со прекрасни градби во готски, барокен и ренесансен стил.
Тука се наоѓаат:
- Астрономскиот часовник (Орлој)
- Црквата Св. Никола
- Споменикот на Јан Хус
- Старата градска општина
2. Карлов мост (Karlův most)
Изграден во 14 век, мостот ги поврзува Стариот град и Мала Страна. Украсен е со бројни барокни статуи на светци и нуди прекрасен поглед кон реката Влтава и Прашкиот дворец.
3. Мала Страна (Malá Strana)
Се наоѓа на левиот брег на Влтава, под Прашкиот дворец. Овој дел е исполнет со шарм, историја и тесни калдрмисани улици.
Тука се наоѓаат:
- Црква Св. Никола
- Валдштајнови градини ( Wallenstein Gardens)
- Остров Кампа
4. Прашки дворец (Pražský hrad)
Најголемиот древен замок во светот и симбол на Прага. Комплексот опфаќа катедрали, палати, музеи и прекрасни градини.

5. Катедрала Св. Вит (Katedrála svatého Víta)
Главна катедрала во Прага и седиште на прашкиот надбискуп. Изградбата траела речиси 600 години.
Позната е по импресивните витражи, олтарот, гробницата на Св. Вит, панорамски поглед од кулата.
6. Златна уличка (Zlatá ulička)
Мала уличка во рамки на дворецот со шарени куќички. Легендата вели дека тука живееле алхемичари.
Тука се наоѓа и малата куќа во која живеел Франц Кафка, како и занаетчиски продавници.
7. Рид Петжин и кулата Петжин
Идеално место за одмор, со прекрасни градини и видиковец. На врвот се наоѓа кула слична на Ајфеловата.
8. Катедралата Св. Вид (Катедрала на Свети Вид)
Ја красат прекрасни витражи, олтар, гробницата на Свети Вид и погледот од кулата на катедралата.Ова е главната катедрала во Прага и седиште на прашкиот надбискуп. Градењето траело речиси 600 години.
💶 Цена на пешачката тура: 25 €

07.03 – ✡️ Еврејска четврт – Јозефов
Вториот дел од денот е предвидено за разгледување на Еврејската четврт – еден од најзначајните историски делови на Прага. За време на прошетката, со придружба на водич се посетуваат најважните синагоги, вклучувајќи ја Староновата синагога и Шпанската синагога, како и прочуените Стари еврејски гробишта.
За влез во спомениците, музеите и синагогите во рамки на четвртта потребно е да се купат влезници ( кои се плаќаат дополнително)
- Возрасни: околу 25 €
- Деца: околу 10 €
Обиколката е временски вклопена во целодневната програма за разгледување на градот и нуди краток, но содржаен увид во богатата историја и култура на еврејската заедница во Прага.
По завршување на излетот, организиран е трансфер кон аеродромот околу 15:00 часот, со цел навремено пристигнување за летот во 17:10 часот за Скопје.
💶 Цена на излетот (Еврејска четврт): 15 €

📅 08.03 – ФАКУЛТАТИВЕН ИЗЛЕТ ДО ДРЕЗДЕН
ПФакултативен излет – Дрезден
По појадокот во хотелот, третиот ден е предвиден за факултативен излет во Дрезден. Дрезден е главен град на германската сојузна покраина Саксонија, сместен во долината на реката Елба (Лабе), на околу 20 км од границата со Чешка. Поради своето исклучително културно-историско значење, градот е познат како „Фиренца на Елба“, а особено е прочуен по барокната архитектура и богатите уметнички збирки.
Разгледот на градот, со придружба на стручен водич, започнува од брегот на реката и вклучува посета на Катедралата – дворската римокатоличка црква, Семпер операта и палатата Цвингер, составена од павилјонски комплекси и еден од најрепрезентативните примери на барокна архитектура.
Потоа следува посета на протестантската Црква на Пресвета Богородица – Фрауенкирхе, гордо обновена до најситни детали по огромното разурнување на градот во Втората светска војна, кога речиси 90% од објектите биле уништени до темел. Разгледот продолжува со Ѕидот на саксонските војводи, кој, по среќна околност, е сочуван во целост.
Очекувана цена на излетот: 60 € по лице

📅 09.03- Карлови Вари
Во самото срце на западна Чешка, меѓу ридови и шуми, се наоѓа Карлови Вари – бисер на термалниот туризам, познат по своите лековити извори, величествена архитектура и мирна, речиси филмска атмосфера.
Градот е сместен покрај реката Тепла, позната по топлата вода, а изграден е и околу уште две реки – Охрже и Ролава. По пристигнувањето, воздухот мириса на бор и термална пареа, а чувството е како да сте зачекориле во некоја друга епоха.
Во своите почетоци, Карлови Вари бил место за одмор и уживање на високото општество. Поради неговата убавина и лековитост, овде е изградена бања во чија изградба учествувал и виенскиот двор. Реката Тепла го добила своето име по топлата вода која се влева во неа од термалните извори.
На улицата Крале Јирихо (Крал Ѓорѓи) се изградени десетици вили во стилот на сецесијата, далеку полуксузни и пограндиозни од оние во Ница – вистински комплекси со илјадници квадратни метри.
Низ историјата, оваа бања била посетена од бројни славни личности, меѓу кои:
Фридрих I, Петар Велики, Јохан Себастијан Бах, Марија Терезија, Карло VI, Јохан Волфганг Гете, Бетовен, Рихард Вагнер, Фредерик Шопен, Волфганг Амадеус Моцарт, Толстој, а од поновите имиња – Милош Форман, Мајкл Јорк, Мајкл Даглас, Вуди Харелсон, Михаил Горбачов и многу други.
Карлови Вари е едно од најпознатите европски лекувалишта и изобилува со прекрасни примери на неокласична, сецесиска и барокна архитектура. Хотели како Грандхотел Пуп се легендарни, често прикажувани во филмови и домаќини на светски познати личности.
Во попладневните часови може да се посети Музејот на Бехеровка, каде се открива тајната на познатиот билен ликер, или Мозер стакларницата, позната по врвната рачна изработка на кристал.
Пред самиот крај на излетот, со пешачење или со жичарница, може да се искачите до видиковецот Дијана, од каде погледот кон градот осветлен од зајдисонцето ќе остане долго во сеќавање.
Очекувана цена на излетот: 50 € по лице

По завршување на излетот, организиран е трансфер кон аеродромот околу 15:00 часот, со цел навремено пристигнување за летот во 17:10 часот за Скопје.
ТРАНСФЕР ДО АЕРОДРОМ
✈️ Лет: Прага – Скопје
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Трансфер аеродром–хотел–аеродром
- Повратни авио билети со аеродромски такси
- Рачен багаж до 10 кг (40×30×20 cm)
- Хотелско сместување со ноќевање и појадок
- Локален водич на македонски или српски јазик
- Организациски трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Факултативни излети и влезници
- Индивидуални трошоци
- Градска такса (се плаќа на рецепција)
- Патничко и здравствено осигурување (8 €)
ℹ️ НАПОМЕНИ:
- Аранжманот се реализира со минимум 30 патници
- Во случај на недоволен број патници, рок за известување за отказ
- Патните документи мора да важат минимум 6 месеци по враќањето
- Забрането е пушење и консумирање алкохол/опојни средства во превоз
- Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!