Main Info

✈ Летови:
10.03. Скопје 10:50h – 14:15h Истанбул / 20:40 Истанбул – 00:00 Казабланка
16.03. Казабланка 01:10h – 07:50h Истанбул / 10:25 Истанбул – 09:40 Скопје
🔸 Хотел: Amalay 3* 550eur со доручек
Link до хотелот. https://amalay.hotels-marrakesh.com/en/
ИЗЛЕТИ ВО ПОНУДА:
Напомена: Цената може да варира ±10 евра за излетите, во зависност од бројот на пријавени учесници.
Факултативните излети не се задолжителни.
Планот на излети не е конечен – организаторот го задржува правото на измена на програмата, вклучувајќи промени во содржината и распоредот на предвидените активности.
• Маракеш – Водопадите Узуд се една од најубавите природни атракции во Мароко и честа дестинација за еднодневни излети од Маракеш.
Водопадите Узуд, во близина на Маракеш, се спектакуларни водопади високи околу 100 метри. Следува возење со чамец по реката или можност за пливање, прошетка низ зелените градини и набљудување на автентична врста мајмуни.
Преку вакви авантури се чувствува вистинскиот дух на Африка.
Очекувана цена на излетот: 50 € по лице.

Долината Оурика – едно од најпопуларните еднодневни патувања од Маракеш, кое нуди прекрасна природа, културни допири и автентично доживување на планинскиот амбиент на Берберите.
Долината Оурика се наоѓа на околу 30 км југоисточно од Маракеш, во подножјето на планините Висок Атлас. Позната е по зелените пејзажи, реките, традиционалните берберски села и водопадите.
За време на овој излет препорачуваме задолжително удобна обувка, бидејќи е предвидено пешачење до водопадите со одредени искачувања. Овој излет е идеален за љубителите на природата и автентичните доживувања.
Очекувана цена на излетот: 60 € по лице.

Излет во пустината Агафај, која се наоѓа во близина на Маракеш, нуди можност да се доживее пустинската магија без потреба од патување до далечни пустини како Сахара. Агафај е позната по својот каменит пејзаж и живописните погледи кон планините Атлас.
Еднодневен излет:
Возење до пустината Агафај, јавање камила, фотографирање на зајдисонцето кое во пустината има посебна магија, вечера во типичен марокански стил во пустината со арапска музика, како и целосна програма со интересни активности како fire show и други локални забави.
Очекувана цена на излетот: 50 € по лице.

Еднодневен излет: Казабланка
Казабланка, еден од најпознатите и најпрепознатливи африкански градови, е најголемиот град во Мароко и еден од најважните пристанишни градови во Африка. Позната е по својата богата историја, модерна архитектура и динамичен начин на живот.
Градот се гордее со прекрасни булевари и шеталишта, како и со врвни хотели и ресторани. Посебно се издвојува импозантната џамија Хасан II, една од најголемите џамии во светот.
(Влезот се доплаќа 14 евра. Внатрешноста не е нешто посебно, но проценете сами.)
Казабланка се смета за деловен центар на Мароко.
Растојанието помеѓу Казабланка и Маракеш изнесува околу 240 километри, а времетраењето на возењето е приближно 3 часа.Цена на излетот: 25 €
Исто така, од Маракеш може да се организира и посета на приморскиот град Есауира. Излетот во Есауира од Маракеш е одлична можност накратко да се оддалечите од забрзаниот градски ритам и да уживате во прекрасното крајбрежје на Атлантскиот Океан, историскиот амбиент и опуштената атмосфера на овој крајбрежен град.
За време на овие авантури ќе се минува низ помали населени места и ќе се ужива во погледите кон прочуените планини Атлас, високи над 3.500 метри, ќе се набљудува типичната мароканска и древна архитектура која изобилува со историско значење за овој регион, како и историските палати на локалните владетели и многу други посебни, автентични и незаборавни знаменитости.
Препорака: Овде, за оние што сакаат, постои можност да се купи природно арганово масло (додека во Маракеш најчесто не е оригинално).
Очекувана цена на излетот: 50 € по лице.

Пешачка тура низ Маракеш
Што ќе посетиме:
- Медината на Маракеш: Автентичен стар град со тесни улички и живописни базари.
- Џемаа ел-Фна: Познатиот плоштад со улични изведувачи и традиционална улична храна.
- Саадиски гробници: Историски мавзолеј на династијата Саади.
- Палатата Бахија: Прекрасна палата од 19. век.
- Џамијата Кутубија: Најголемата џамија во Маракеш.
Активности:
- Шопинг во суковите: Купување зачини, текстил и ракотворби.
- Културни доживувања: Посета на традиционални аптеки.
- Дегустација: Проба на локални јадења и ментов чај.
Препорака: Не купувајте арганово масло во Маракеш, бидејќи најчесто не е природно.
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Повратни авионски билети со аеродромски такси
- Рачен багаж од мек материјал
- Ранец или торба до 10 кг (40 × 30 × 20 см)
- Хотелско сместување со појадок
- Локален водич на српски јазик или македонски
- Организациски трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Факултативни излети и влезници
- Индивидуални трошоци на патниците
- Локални градски такси (се плаќаат исклучиво на рецепција во хотелот)
- Меѓународно патничко и здравствено осигурување (10,00 €)
🔵 НАПОМЕНИ:
- За реализација на патувањето потребно е да се формира група од минимум 20 лица.
- Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
- Секој патник самостојно треба да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
- Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работењето на возачите и пратителот, ќе биде отстранет од патувањето и целата одговорност паѓа на него, без право на жалба и поврат на средства.
- Патникот го прифаќа седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното траење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите горенаведени услови, без право на приговор и жалба.
- Аранжманот е пресметан на база минимум 30 патници.
Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот задржува право на откажување во законски предвидениот рок.
ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!
Детално објаснување за багажот и неколку многу корисни информации:
- Официјално, можете да имате само една торба со вас. Не е дозволено да имате ни најмала лична ташничка/торбичка дополнително.
Во 99% од случаите никој нема да ве праша ништо, но поради тие 1% – или пробајте некако да ја „скриете“ торбичката, или оставете простор за да можете да ја ставите личната торбичка внатре во вашиот рачен багаж (ранец). - Ако носите само еден багаж од мек материјал, немојте да ја полните торбата до крај. Ако ви побараат проверка дали може да влезе во нивните мерки/калап, треба да можете лесно да ја „втурнете“ и да ја соберете.
- Не препорачуваме тврд куфер, дури и ако е со соодветни димензии. Секогаш е подобро мек ранец, спортска торба или слично – полесно се прилагодува и се собира.
- Секогаш носете го мекиот ранец на грб или на рамо. Така се поминува полесно и побрзо.