🇧🇷 Рио Де Жанеиро+Буенос Аирес 🗓️10.11 – 22.11.2026 | Групен Аранжман – САМБА, СОНЦЕ И НЕЗАБОРАВНА АВАНТУРА!

✈️ ЛЕТОВИ

БРАЌАЊЕ 🔙

  • 21.11 Буенос Аирес (EZE) 17:45ч – Франкфурт 11:00ч
  • 22.11 Франкфурт 13:00ч – Тирана 15:10ч
  • Ноќевање со појадок
  • На околу 300 метри од плажата Копакабана
  • Линк од Хотелот: https://windsorhoteis.com

Carsson Hotel Downtown 4★

Цена на Аранжманот 2200€


Овој ден е предвиден за слободни активности и истражување на Рио според сопствените желби. Иако денот е без организирана програма, еве неколку препораки кои ќе ви овозможат да доживеете и поинаков, но подеднакво фасцинантен дел од градот:

  • Музејот на иднината (Museu do Amanhã) – футуристички музеј дизајниран од познатиот архитект Сантијаго Калатрава.
  • Пазарот Уругуајана(Pijaca na Uruguayani) – совршено место за купување автентични сувенири.
  • Ботаничката градина и Parque Lage – идеални за љубителите на природата и фотографијата.

Во вечерните часови можете да изберете помеѓу:

  • Лапа – позната по својот динамичен ноќен живот. Леблон – елегантна населба со префинета атмосфера.

Уживајте во топлиот песок, освежителниот океан и неповторливата енергија која се чувствува на секој чекор.

Во доцните попладневни часови, околу 16:30 часот, се упатуваме кон спектакуларната Шеќерна Глава (Pão de Açúcar).

Подгответе се за еден од најубавите залезоци на сонцето во светот. Од врвот се отвора панорамски поглед кон Рио де Жанеиро кој остава без здив. Златните одблесоци на океанот, светлата на градот кои постепено се палат и магичниот премин од ден во ноќ создаваат незаборавно искуство.

Доколку имаме среќа, можеби ќе ги видиме и симпатичните тамарини, мали јужноамерикански мајмуни кои често ги набљудуваат посетителите од гранките на дрвјата.

По ова уникатно доживување се враќаме во хотелот.Ноќевање.

Цена на излетот е 70€


Поаѓање во утринските часови околу 09:00 часот. Нашата авантура започнува со посета на прочуениот Корковадо, каде што се наоѓа еден од најпознатите симболи во светот – Христос Спасителот.

По пристигнувањето во посетителскиот центар, продолжуваме со специјални комбиња до врвот. Таму ќе уживаме во спектакуларен поглед кон градот и ќе имаме околу еден час слободно време за фотографии и уживање во ова светско чудо.

Потоа се упатуваме кон прекрасниот видиковец Дона Марта, кој нуди уште една неверојатна перспектива на градот.

Следува посета на Санта Тереза, уметничка населба позната по својот боемски дух, креативни ателјеа и богата street-art сцена. Овој дел од градот е дом и на традиционалното бразилско јадење Феижоада, па ќе имате можност да се запознаете со локалната гастрономија.

Потоа се спуштаме кон прочуените Селаронови скали во Лапа – шарена уметничка инсталација составена од илјадници плочки од целиот свет. Ќе направиме пауза од околу 30 минути за фотографии и уживање во атмосферата.

Следна станица е Метрополитенската катедрала на Рио, импозантна модерна градба со фасцинантни витражи.

Потоа се упатуваме кон олимпискиот мурал „Етниас“, монументално уметничко дело создадено за Олимписките игри во 2016 година, кое носи силна порака за единство меѓу народите.

Турата продолжува во центарот на градот каде што ќе ја посетиме Кралската португалска библиотека (Real Gabinete Português de Leitura) – една од најубавите библиотеки во светот, која потсетува на сценографија од филмовите за Хари Потер.

Цена на излетот е 85€


На стадионот ќе го посетиме Музејот на фудбалот, каде ќе дознаеме сè за богатата историја на бразилскиот фудбал и легендите кои играле тука. Потоа, излегуваме директно на теренот, каде што ќе можете да зачекорите на тревата и да се искачите на трибините – токму како фудбалските ѕвезди кои овде ја испишале историјата.

Цената на оваа авантура е 40 €


Денес одиме на империјална тура низ Петрополис, летната резиденција на бразилските императори, која се наоѓа на околу час и половина возење од Рио.

Петрополис е град богат со историја, култура и природни убавини.

Нашата прва станица е Културниот центар Китандиња, некогаш најголемото казино во Бразил, а денес значаен културен и мултифункционален објект.

Потоа ќе го посетиме Императорскиот музеј, поранешна летна резиденција на бразилските императори. Во музејот се наоѓаат императорскиот трон, историски кочии и локомотиви кои сведочат за богатото минато на земјата.

По разгледувањето следува ручек (вклучен во цената, без пијалаци).

По ручекот ќе ја посетиме Националната катедрала Свети Петар од Алкантара, каде што се наоѓаат гробниците на последните бразилски императори.

Петрополис е познат и како престолнина на бразилското пиво, па ќе ја посетиме и пиварницата Imperial, каде преку интерактивна изложба ќе се запознаеме со процесот на производство и ќе дегустираме четири локални пива.


16.11 – Фавела Росиња – посета на најголемата фавела во Јужна Америка

Денес ќе имаме можност да ја посетиме Фавела Росиња, најголемата фавела во Јужна Америка, каде ќе се запознаеме со поинаквата страна на Бразил.

По деновите исполнети со прекрасни плажи, знаменитости и луксузни делови од градот, денес ќе се соочиме со реалноста која често останува скриена зад туристичката слика на Рио де Жанеиро.

Турата трае околу 3 часа и е исклучително информативна и едукативна. Ќе добиеме увид во секојдневниот живот на жителите на фавелата, нивните предизвици, култура и начин на функционирање на заедницата.

Иако посетата може да остави силен емотивен впечаток, таа претставува важен дел од разбирањето на вистинскиот живот во овој мегалополис.

Важно е да се напомене дека турата е целосно безбедна со присуство на водич и локални полицајци, но треба да бидете подготвени за емотивниот впечаток што може да го остави оваа посета. Ноќевање.

Цената на оваа авантура е 60 €


17.11 – Панорамски лет со хеликоптер над Рио – доживување што го одзема здивот

Доживејте го Рио де Жанеиро од сосема нова перспектива – од воздух! Панорамското возење со хеликоптер нуди единствен поглед на еден од најубавите градови во светот, каде што се среќаваат планините, океанот и урбаната енергија.

Летот започнува над крајбрежјето, откривајќи ги познатите плажи како Копакабана и Ипанема, чиј златен песок и тиркизното море создаваат сцена како од разгледница. Додека хеликоптерот се издигнува, пред вас се појавува величествениот Христос Спасител, симболот на градот кој гордо бдее над Рио од врвот на планината Корковадо. Погледот од оваа перспектива нуди незаборавно чувство на слобода и восхит.

Рутата потоа води кон импозантната карпа Шугарлоуф, чии драматични форми и погледот кон заливот оставаат без здив. За време на летот, ќе уживате во контрастот помеѓу бујната зелена природа на Националниот парк Тијука и живописните градски квартови кои пулсираат со енергија.

Цената на оваа авантура е 180 €


18.11 – РИО ДЕ ЖАНЕИРО – БУЕНОС АИРЕС

Појадок. Трансфер до аеродром и лет за Буенос Аирес, главниот град на Аргентина.

По пристигнувањето следува трансфер до хотелот и сместување. Потоа започнува организиран разглед на градот со локален лиценциран водич.

Во текот на турата ќе ги посетиме:

Плаза де Мајо – историски и политички центар на градот

Каса Росада – претседателската палата

Сан Телмо – боемска населба со автентична атмосфера

Ла Бока и познатата улица Каминито

Реколета – еден од најелегантните делови на градот

Пуерто Мадеро – модерниот симбол на современиот Буенос Аирес

Со интересни приказни и локални легенди ќе се запознаеме со историјата, културата, тангото и фудбалската традиција на Аргентина. Ноќевање.


19.11 – Посета на фарма на гаучоси (GAUCOSA)

По појадокот заминуваме на целодневен излет низ аргентинската пампа. Ова е одлична можност да ја почувствувате вистинската Аргентина надвор од градската врева.

По пристигнувањето на ранчот, гостите ќе бидат пречекани со пијалак за добредојде.

Во текот на денот ќе уживате во:

• Јавање коњи

• Возење со кочија

• Запознавање со традиционалниот живот на гаучосите

• Фолклорна музика и танци

• Демонстрација на јавачки вештини и работа со добиток

Оваа екскурзија претставува вистинско доживување на аргентинската традиција и култура. Ноќевање.


20.11 – Избор помеѓу две опции

Опција А – Слободен ден во Буенос Аирес

По појадокот, доколку одлучите да го поминете денот сами, ви даваме упатства како да ја доживеете магијата на еден од највозбудливите градови во Јужна Америка! Буенос Аирес, познат како „Париз на Латинска Америка“.

Започнете го денот во шарениот кварт Палермо, со кафе и лесен појадок во едно од многуте локални кафулиња. Потоа, уживајте во прошетка низ Боскес де Палермо – оаза од зеленило, езера и цветни градини.
Упатете се кон срцето на градот и истражете ја Плаза де Мајо, каде што се наоѓа импозантната Каса Росада. Продолжете ја вашата прошетка низ шармантното Сан Телмо, познато по своите стари улици, уметници и автентична атмосфера.

Препуштете се на шармот на локалната кујна и пробајте го познатото асадо или вкусни емпанади со чаша квалитетно вино.
Поминете го попладнето во уметничкиот кварт Ла Бока. Прошетајте по познатата улица Каминито и уживајте во музиката, танцот и уникатните сцени што го оживуваат Буенос Аирес.
Завршете го денот во трендовскиот кварт Пуерто Мадеро со прошетка покрај реката и пријатна вечера. За целосно искуство, препуштете се на ритмите на тангото и почувствувајте ја страста на овој град.
Искористете го вашиот слободен ден за да истражувате, уживате и да создавате спомени што ќе траат цел живот.


Опција Б – Посета на Уругвај и Монтевидео

Откријте го шармантното Монтевидео – град со опуштена атмосфера, богата историја и прекрасни брегови на Атлантскиот Океан. Идеален избор за секој што сака да доживее нова земја и поинаков начин на живот во еден ден. Поаѓање од Буенос Аирес рано наутро. Трансфер со модерен брод преку реката Ла Плата, продолжувајќи го патувањето до Монтевидео.

  • По пристигнувањето следува организиран разглед:
  • • Стариот град (Ciudad Vieja)
  • • Главниот плоштад
  • • Централните знаменитости
  • • Прошетка по познатото крајбрежно шеталиште Рамбла
  • • Паркови и културно-историски знаменитости
  • Во вечерните часови враќање во Буенос Аирес.

ВАЖНА НАПОМЕНА. Поради економската нестабилност и високата инфлација во Аргентина, цените на факултативните излети не се фиксни.Конечните цени ќе бидат објавени неколку дена пред поаѓањето согласно актуелните пазарни услови.


21.11 – Враќање дома

По појадокот следува одјавување од хотелот.

Обезбеден е трансфер до аеродромот во Буенос Аирес.

Летовите се наведени на почетокот од програмата.

По пристигнувањето во Тирана на 22.11 е обезбеден трансфер до Скопје.

КРАЈ НА ПАТУВАЊЕТО!
Не се враќаме исти-се враќаме побогати со едно незаборавно доживување 😀


✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

  • трансфер од аеродром-хотел-аеродром
  • повратни авионски билети со аеродромски такси
  • трансфер Скопје-Тирана-Скопје
  • куфер 23 кг
  • водич на српски јазик + 24/7 придружник на групата во текот на целото патување
  • хотелско сместување на база ноќевање со појадок (по избор на патникот)
  • организациски трошоци

❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

  • меѓународно патничко и здравствено осигурување (8€)
  • факултативни излети и влезници
  • rent a car за време на престојот
  • индивидуални трошоци на патниците
  • локални градски такси (се плаќаат на рецепција)

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Rating*

Scroll to Top