Град на светлина и романтика, каде што елеганцијата, историјата и магијата се спојуваат во незаборавно доживување.
✈ Летови:
13.10.2026 – (Вторник) ПОАЃАЊЕ
• Скопје 12:10h – 15:10 Париз (Beauvais)
17.10.2026 (Сабота) – ВРАЌАЊЕ
• Париз (Beauvais) 15:45h – 18:30 Скопје
🏨 Хотелско сместување:
Reseda 3* – 350€ на база ноќевање / 390€ со појадок
https://www.hotel-reseda-paris.com/
📅 Програма по денови
13.10 – СКОПЈЕ – ПАРИЗ
По слетувањето следува организиран трансфер од аеродромот до хотелот. По сместувањето во хотелот и краток одмор, слободно време за први впечатоци од градот или индивидуални активности. Ноќевање.

14.10 – Пешачка тура низ Париз
По појадокот започнуваме со запознавање на еден од најубавите градови во светот. Во текот на организираната пешачка тура ќе ги посетиме најпознатите знаменитости на Париз и ќе се запознаеме со неговата богата историја, архитектура и култура.
Денот е предвиден за истражување на градот, фотографирање и уживање во единствената атмосфера на француската престолнина. Слободно време во попладневните часови. Ноќевање.

💶Цена: 20 €
15.10 – Монмартр и крстарење по Сена
Појадок. Поаѓање кон Монмартр, најпознатата уметничка и боемска населба во Париз, која низ историјата била дом на многу светски познати сликари и уметници.
Во текот на прошетката ќе ги посетиме живописните улици на овој уникатен дел од градот, Плоштадот на уметниците, како и прочуениот Мулен Руж, еден од најпрепознатливите симболи на Париз.
Ќе ја посетиме и величествената базилика Сакре Кер (Sacré-Cœur), од чиј плато се пружа еден од најубавите панорамски погледи кон Париз и неговите најпознати знаменитости.
По разгледот следува слободно време за уживање во атмосферата на Монмартр. Во продолжение на денот ќе уживаме во крстарење по реката Сена, при што од сосема поинаква перспектива ќе ги видиме најпознатите париски знаменитости, мостови и градби кои го прават Париз еден од најубавите градови во светот.
Враќање во хотелот. Ноќевање.

💶 Цена: 50 €
16.10 – Версај или Дизниленд
Појадок. Ден предвиден за факултативен излет по избор на патникот.
Опција 1 – Версај
Посета на една од највеличествените кралски палати во Европа, заедно со прочуените градини и богатата историја на француската монархија.
Посебно доживување ќе овозможи стручното водење низ комплексот Версај со лиценциран водич кој повеќе од две децении е специјализиран токму за историјата и разгледите на Версај, нудејќи им на патниците уникатен увид во животот на францускиот двор, кралевите и настаните што ја обележале европската историја.

💶 Цена: 70 € (можно отстапување до 10€)
Опција 2 – Дизниленд Париз
Целодневен престој во најпознатиот забавен парк во Европа, со бројни атракции, претстави и незаборавна атмосфера за сите генерации.
Враќање во хотелот во вечерните часови. Ноќевање.
Напомена: За патниците кои ќе сакаат да ги посетат и Версај и Дизниленд, агенцијата ќе работи на тоа да организира и овозможи реализација на двете активности за време на престојот во Париз, доколку тоа го дозволат организациските можности.
Исто така, можни се помали измени на програмата до самото поаѓање или за време на реализацијата на патувањето, сè со цел да се обезбеди што поквалитетно искуство и најдобра можна организација на патувањето.

💶 Цена: 130 € (можно отстапување до 10€)
17.10 – Враќање
Појадок и одјава од хотелот. Организиран трансфер до аеродромот. Лет за Скопје и завршување на патувањето.
ℹ️ Напомена: Цените на факултативните излети може да варираат ±10 € во зависност од бројот на пријавени патници.
КРАЈ НА АРАНЖМАНОТ СО НЕЗАБОРАВНИ СПОМЕНИ ОД ПАРИЗ
📝 Краток опис на аранжманот
- Директен лет Скопје–Париз–Скопје.
- По пристигнувањето го препорачуваме панорамскиот излет: со водич ќе ги запознаете најважните делови на градот, а цената е двојно пониска отколку кога се зема поединечно.
- Нашиот водич патува со групата и е на располагање за сите информации, совети и помош.
- Во слободното време водичот не е должен да присуствува, но секогаш можете да му се обратите за препораки.
- За излетите во програмата (излет бр. 2) не се вклучени билети за метро. Препорачуваме T10 билет (10 возења) – 17 €, доволен за тридневен престој и најповолна опција.
- Квартот во кој е сместен хотелот е многу безбеден, што е значајно за Париз.
- Метро-станицата е на само 1–2 минути пешачење – голема предност за движење и логистика.
- Третиот ден можете да изберете Дизниленд или Версај.
Напомена:
Во случај на недоволен број пријавени за одреден излет, истиот може да биде откажан или да се коригира цената. Агенцијата не сноси одговорност за ова.
За сѐ што сакате да посетите надвор од програмата (Лувр, Нотр Дам, Триумфална капија итн.), контактирајте нѐ – ќе ви подготвиме план за разгледување со мапи, инструкции и можност за резервација на влезници.
Ние се грижиме за целата организација – вашата задача е само да уживате.
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
• ✔️ Трансфер аеродром – хотел – аеродром
• ✔️ Повратни авионски билети со аеродромски такси
• ✔️ Рачен багаж до 10 kg (40×30×20 cm, флексибилен)
• ✔️ Хотелско сместување (со или без појадок, индивидуален избор )
• ✔️ Локален водич на српски јазик + 24/7 придружник на групата
• ✔️ Организациски трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
• Факултативни излети и влезници
• Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)
• Патничко и здравствено осигурување (2 € на ден)
Хотелски депозит
Reseda: 100 € (кредитна картичка) Хотелот задржува депозит од 100 € како сигурносна гаранција за собата. Овој износ не се наплаќа како трошок – само е привремено блокиран и целосно се враќа на вашата картичка при одјавување, доколку нема оштетувања.
🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
• Аранжманот се реализира со минимум 30 патници
• Секој патник е должен да се запознае со програмата и условите на патување
• Забрането е пушење и несоодветно однесување во превозните средства
• Распоредот на седишта го одредува агенцијата
• Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
• Во случај на недоволен број патници, агенцијата има право на отказ во законски рок
⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.
За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на македонски/српски јазик.
ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.