Остров на вечна пролет, авантура и целосна слобода
😊
ТЕРМИНИ ЗА ДЕКЕМВРИ
🎁 БОНУС ОД НАС!
🚗 Бесплатен rent a car за целиот престој во Тенерифе ,за сите хотелски опции!!
🇪🇸 ТЕНЕРИФЕ | 📅02–10.12.2026
☀️ 9 дена / 8 ноќевања
✈️ ЛЕТОВИ
02.12.2026 – (Среда) ПОАЃАЊЕ
- Скопје 06:00 → 08:50 Шарлроа
- Шарлроа 13:10 → 16:40 Тенерифе
10.12.2026 (Четврток) ВРАЌАЊЕ
- Тенерифе 10:50 → 16:15 Рим
- Рим 18:20 → 20:00 Скопје
🇪🇸 ТЕНЕРИФЕ | 📅09–17.12.2026
☀️ 9 дена / 8 ноќевања
✈️ ЛЕТОВИ
09.12.2026 (среда ) ПОАЃАЊЕ
- Скопје 06:00 → 08:50 Шарлроа
- Шарлроа 13:10 → 16:40 Тенерифе
17.12.2026 (Четврток) ВРАЌАЊЕ
- Тенерифе 10:50 → 16:15 Рим
- Рим 18:20 → 20:00 Скопје
✅ Напомена : Сместувањето – важи за двата термини
🏨 Хотели во понуда:
1. Budget варијанта:
🏨Globales Acuario 2★ 630 € без појадок / 🔔 660 € со појадок / 🍴715 € полупансион
💠Хотелот можете да го погледнете на линкот:
🔗 https://www.globales.com/en/hotels/spain/tenerife/puerto-de-la-cruz/
🏖️ Најблиска плажа: околу 1,5 km
🚶 Пеш: приближно 20 минути
🌊 Lago Martiánez: околу 2 km
🌋 Поглед: кон Teide и морето
🏊 Базен: хотелот има надворешен базен со поглед кон море
📍 Хотелот се наоѓа во помирен дел на Puerto de la Cruz.
2. Value for money варијанта:
🏨Coral Teide Mar 3★ — 680 € без појадок
💠Хотелот можете да го погледнете на линкот:
🔗 https://en.coral-hotels.com/establishment/teide-mar-in-puerto-de-la-cruz/
🌿 Локација: Puerto de la Cruz, во мирната и зелена област La Paz, северен Тенерифе.
🏖️ Плажа: околу 10 минути пешачење
🌊 Martiánez Beach: приближно 900 m
🌺 Ботаничка градина: околу 10 минути пешачење
🌊 Lago Martiánez: во близина
🦜 Loro Parque: околу 3,5–4 km
🏪Центар на Puerto de la Cruz: околу 500 m
🍽️ Ресторани, кафулиња и продавници: во непосредна близина
🏊 Базени: 2 надворешни базени + детски базен
📌 Напомена: Хотелот не е директно на плажа, но плажата е на приближно 10 минути пешачење
⭐Ако сакате да излегувате пеш, да сте поблиску до плажа и град → Coral Teide Mar
3.Фамилијарна и Value for money варијанта
🏨Panoramica Garden 3★ 🔔 715 € со појадок
💠Хотелот можете да го погледнете на линкот:
🔗https://www.panoramicagarden.es/EN/home.html
🏖️ Плажи: приближно 3 km
🌊 Океанот: околу 400 m, но најблиските плажи се подалеку
🚌 Бесплатен шатл: хотелот има бесплатен превоз до Puerto de la Cruz во текот на денот.
🏖️ Плажа: околу 3 km
🏊 Базен: загреан надворешен базен со слатка вода
🌿 Мирна локација со поглед кон океанот и планините.
📍 Локација: северен Тенерифе, Los Realejos
📌 Напомена: Хотелот не е директно до плажа.
⭐Ако патувате со мали деца и сакате повеќе да уживате во хотелот→ Panoramica Garden
4. Луксуз варијанта:
🏨Checkin Concordia Playa 4★ 🔔 750 € со појадок / 🍴800 € полупансион
💠Хотелот можете да го погледнете на линкот:
🔗 https://www.checkinhotels.com/en/our-hotels/checkin-concordia-playa
🏖️ Плажа: околу 40 m
🚶 Пеш: околу 1 минута
🌊 Playa del Muelle: околу 730 m
🌊 Lago Martiánez: околу 200 m
🛍️ Martiánez Shopping Centre: 256 m
🌿 Sitio Litre Garden: 459 m
🏛️ Центар / Plaza del Charco: околу 790 m
🌴 Ботаничка градина: околу 1 km
🦜 Loro Parque: околу 2,3 km
🌴 Taoro Park: околу 930 m
🏊 Базен: надворешен базен со тераса за сончање.
🌴 Хотелот се наоѓа веднаш до морето и крајбрежното шеталиште.
Авантурата започнува!
🗓️Пристигнување во Тенерифе (Puerto de la Cruz)🌴
По слетувањето на Тенерифе на 15.10. во 01:35ч, заминување до хотелот со рент-а-кар кој ве чека резервиран на аеродромот.
Првиот ден искористете го за да го доживеете Тенерифе на свој начин. Возилото е на располагање на патниците за целиот период на престојот, односно можат да го користат за превоз, разгледување и слободно движење низ дестинацијата според нивните потреби.
Опуштете се на златните или вулканските плажи, прошетајте по живописните шеталишта покрај океанот, уживајте во локалните специјалитети во рестораните и кафулињата или истражете шармантни места полни со канарска традиција.

🌴Puerto de la Cruz+Loro park: 60 €
Излетот го започнуваме со прошетка низ шармантниот Пуерто де ла Круз, еден од најубавите градови на северот на Тенерифе. За време на обиколката ќе имате прилика да ја запознаете неговата автентична атмосфера, плоштадите, брегот и карактеристичната канарска архитектура.




По прошетката низ градот, следува возење со шармантниот туристички воз до прочуениот Лоро Парк, еден од најпознатите зоолошки и тематски паркови во Европа. По пристигнувањето во паркот следува организирано водење, за време на кое ќе имате прилика да видите бројни егзотични животни, импресивни аквариуми, како и светски познати шоу програми со папагали, делфини и орки.
Овој излет претставува идеална комбинација на запознавање со локален град и незаборавно доживување во еден од најпознатите паркови на Канарските Острови.







Цена на излетот: 60 €
🌴TEIDE : 60 €
Излетот на Теиде нè води во сосема поинаков свет на природата – пејзаж кој многумина го опишуваат како да чекорите по површината на Месечината.
Вулканскиот терен, необичните карпи и пространствата од лава создаваат неверојатен призор каков што ретко каде може да се види. Како што се искачуваме сè повисоко, стигнуваме над облаците, каде што нè пречекува ведро небо и неверојатно чист планински воздух.
Прошетката низ овој национален парк нуди единствено чувство – како да шетаме над облаците, опкружени со драматични вулкански пејзажи и погледи што го одземаат здивот.
Ова е едно од оние места каде природата ја покажува својата најмоќна страна – тишина, пространство и пејзажи кои навистина делуваат како да не сте на Земјата, туку на некоја друга планета.

Цена на излетот: 60 €
🌴 Masca i Garachico : 60 €
Ве водиме на чудесен излет на северот на Тенерифе, каде природата и пејзажите оставаат без здив.
Првата станица е Garachico, историски град познат по своите природни вулкански базени создадени по ерупцијата на вулканот. Тука ќе имаме време за прошетка низ градот, опуштање со кафе со поглед кон океанот, како и можност за капење во природните базени обликувани од лавата.

Потоа продолжуваме со возење по спектакуларните серпентини кон селото Masca, едно од најубавите и најдраматични места на Тенерифе. Од видиковецот над селото се отвора поглед кој е навистина неверојатен – планини, длабоки долини и пејзажи што изгледаат како од разгледница.
Успат правиме и кратко запирање за дегустација на локално вино, за да го почувствуваме автентичниот вкус на ова вулканско острово. Овој излет спојува природа, спектакуларни погледи, автентични села и опуштање – совршена прилика да ја доживеете поинаквата страна на Тенерифе.

Цена на излетот: 60 €
🌴 Слободни денови
Слободни денови кои можете да ги искористите за уживање на Тенерифе. Тука се патува без брзање, се истражува без ограничувања и се ужива без стрес. Топлото море, неверојатната природа и слободата да го истражите секој скриен агол од островот – Тенерифе е едно од оние места каде секогаш ќе посакате да се вратите.
Замислете да се будите со звукот на брановите и мирисот на солениот воздух. Пред вас бескрајното синило на океанот, а над вас – секогаш ведро небо. На Тенерифе сонцето е вечен сопатник, а секој ден нова прилика за истражување.
Ви препорачуваме аква паркот Сиам – еден од најдобрите во светот, југот на островот Плаја де лас Америкас – една од најубавите плажи, и погледот кон Лас Тереситас. Главниот град на островот Санта Круз исто така заслужува посета. Капете се во најголемиот базен на светот Лаго, веднаш покрај океанот…

🔙 ТЕНЕРИФЕ → Скопје
Трансфер со рент-а-кар до аеродромот Тенерифе
Тенерифе има една мана … премногу брзо ти станува омилен⭐
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
- повратни авио карти со аеродромски такси
- рачен багаж (ранец/торба до 10 kg – 40x30x20 см флексибилен да влезе во калап ако побараат)
- Хотелско сместување по избор на патникот
- Рент-а-кар (Возилото е на располагање на патниците за целиот период на престојот)
- локален водич на српски јазик
- организациони трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
- патничко и здравствено осигурување (околу 2€ дневно)
- факултативни излети и влезници
- индивидуални трошоци на патниците
- локални градски такси (се плаќаат на рецепција)
🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
- Аранжманот се реализира со минимум 30 патници
- Секој патник е должен да се запознае со програмата и условите на патување
- Забрането е пушење и несоодветно однесување во превозните средства
- Распоредот на седишта го одредува агенцијата
- Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
- Во случај на недоволен број патници, агенцијата има право на отказ во законски рок
⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.
За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на српски јазик.
ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.