🇯🇵 ЈАПОНИЈА→ТОКИО🗓️15.11-27.11.2026 | Групен Аранжман


🛫 Летови:

▶️15.11.2026 (недела) – ПОАЃАЊЕ

⏳ Конекција во Истанбул: 1ч 40мин

↪️26.11.2026 (четврток) – ВРАЌАЊЕ


💎 ВКУПНА ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ : 2.800 €

🛎️СМЕСТУВАЊЕ ВО ХОТЕЛИ

🏨Sotetsu Fresa Inn Tokyo 3★ – со појадок
Линк од хотелот🔗 Sotetsu Fresa Inn Tokyo-Kyobashi

🌿 Локација: Kyobashi, централен Токио, во одлично поврзан дел од градот.
🚉 Kyobashi Metro Station: околу 2 минути пешачење
🚉 Tokyo Station: околу 8 минути пешачење
🛍️ Ginza: околу 8 минути пешачење
🏙️ Nihonbashi: во близина
🎭 Kabukiza Theatre: во близина
🍽️ Ресторани, кафулиња и продавници: во непосредна близина
🚇 Јавен превоз: одлична поврзаност со метро и железница
📌 Напомена: Одличен избор за престој во Токио доколку сакате хотел со централна локација и лесен пристап до главните делови на градот.
Во близина: Tokyo Station • Ginza • Nihonbashi • шопинг • ресторани • метро и железнички станици


🏨 ibis Styles Kyoto Station 3★ – со појадок
Линк од хотелот🔗 ibis Styles Kyoto Station – официјална веб-страница

🌿 Локација: непосредно до Kyoto Station, една од најважните транспортни точки во Кјото.🚉 Kyoto Station: околу 30 секунди пешачење
🗼 Kyoto Tower: во близина
🏯 Toji Temple: околу 1,8 km
⛩️ Fushimi Inari Shrine: околу 2,9 km
🏯 Kiyomizu-dera: околу 3,4 km
🏮 Gion / Shijo-Kawaramachi: околу 3 km
🍽️ Ресторани, продавници и шопинг: во непосредна близина
🚌 Автобуски и железнички линии: веднаш во близина
📌 Напомена: Една од најпрактичните локации за разгледување на Кјото, особено поради непосредната близина на главната железничка станица.


🏨 Hotel Granvia Hiroshima 4★ – со појадок
Линк од хотелот🔗 Hotel Granvia Hiroshima – официјална веб-страница

🌿 Локација: непосредно до JR Hiroshima Station, во централниот дел на Хирошима.
🚉 JR Hiroshima Station: хотелот е директно поврзан со станицата
🏙️ Центар на Хирошима: околу 10 минути со трамвај или Loop Bus
🕊️ Peace Memorial Park: лесно достапен со јавен превоз
⛩️ Miyajima: лесен пристап со воз и ферибот
🛍️ Шопинг и ресторани: во и околу станицата
🚌 Автобуски терминал: во непосредна близина
🚄 Shinkansen: директен пристап преку Hiroshima Station
📌 Напомена: Одличен избор за патување низ Јапонија бидејќи хотелот е директно поврзан со главната железничка станица и овозможува лесно движење низ Хирошима и до Miyajima.


🏨 Four Points Flex by Sheraton Shin-Osaka 4★ – со појадок
Линк од хотелот 🔗 Four Points Flex by Sheraton Shin Osaka – официјална веб-страница

🌿 Локација: Shin-Osaka, Осака, во одлично поврзан дел од градот.
🚉 Shin-Osaka Station: на неколку минути пешачење
🚇 Midosuji Line – Shin-Osaka: во непосредна близина
🚄 JR Shin-Osaka Station: во непосредна близина
🏙️ Dotonbori: лесно достапен со метро
🏯 Osaka Castle: лесно достапен со јавен превоз
🎢 Universal Studios Japan: лесно достапен со воз
🍽️ Ресторани, кафулиња и продавници: во близина
🚄 Kyoto: одлична железничка поврзаност за еднодневна посета
📌 Напомена: Одлична база за разгледување на Осака, но и за организирање еднодневни излети до Кјото и другите градови во регионот Кансаи.


✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
  • Трансфер аеродром – хотел – аеродром
  • Повратни авионски билети со вклучени аеродромски такси
  • Багаж: 30 кг + мал рачен куфер до 10 кг
  • Хотелско сместување во хотели 3/4★ со појадок
  • JR Pass (Japan Rail Pass) – специјална железничка карта за туристи кои патуваат низ Јапонија, која вклучува:
  • брзи возови (Шинкансен, со исклучок на некои од најбрзите линии) меѓу градовите;
  • локални и регионални JR возови;
  • одредени JR автобуси.
  • Водич на српски јазик и придружник на патувањето
  • Организациски трошоци

🗓️15.11 и 16.11. СКОПЈЕ → ТОКИО

Состанок на патниците на аеродромот и пријавување на летот за Токио. По завршувањето на формалностите, следува летот кон Токио со преседнување во Истанбул.
Пристигнување во Токио на 16.11. во вечерните часови. По пасошката и царинската контрола, организиран трансфер до хотелот.
Сместување и краток одмор.
Ноќевање.


🗓️17.11. ТОКИО

По појадокот, започнуваме со целодневен разглед на Токио со придружба на водич и организиран превоз со приватен автобус.
Разгледувањето го започнуваме во елегантниот кварт Гинза, познат како една од најлуксузните и најскапите шопинг-зони во Јапонија. Следува кратка прошетка по овој престижен булевар, по што автобусот нè презема и продолжуваме со панорамско возење низ централните делови на градот.
Ќе ја поминеме областа околу Токиската станица, како и надворешниот дел на Царската палата со прекрасните градини.
Продолжуваме кон паркот Уено, еден од најпознатите градски паркови, со слободно време за прошетка, како и посета на живописниот пазар Амеиоко, познат по локалните производи и автентичната атмосфера.
Разгледувањето продолжува кон историскиот кварт Асакуса, каде што е предвидена пауза за ручек.
Потоа го посетуваме Сенсо-џи, најстариот будистички храм во Токио, како и традиционалната улица со продавници за сувенири која води до храмот, нудејќи уникатен поглед кон духот на стариот Јапон.
Во попладневните часови заминуваме кон модерниот дел на градот – Шинџуку.
Искачувањето до видиковецот на зградата на Токиската метрополитенска влада овозможува спектакуларен панорамски поглед кон градот, а во ведри денови и кон планината Фуџи.
За крај на денот, го посетуваме познатиот кварт Кабукичо – живописен неонски кварт кој на посебен начин ја доловува енергијата на Токио во вечерните часови.
Враќање во хотел.


🗓️18.11. ТОКИО

Овој ден е посветен на запознавање со динамичниот и автентичен дух на Токио, со комбинација од пешачење и возење со метро.

Поаѓање од хотелот и прошетка до познатиот традиционален театар Кабуки-за, еден од симболите на јапонската култура.

Продолжуваме кон познатиот рибен пазар Цукиџи, каде што правиме пауза за појадок – идеална можност да пробате свежо суши, кафе или дури и врвно јапонско говедско месо, по кое ова место е надалеку познато.

Разгледувањето продолжува кон прекрасните царски градини Хамарикју, каде што постои можност за присуство на традиционална јапонска чајна церемонија (со доплата, околу 10 €, вклучува чај и мочи).

Потоа следува возење со монорејл до модерниот остров Одаиба, каде што ќе ја видиме зградата на Fuji TV, како и бројни шопинг-центри кои нудат одлични можности за ручек.

Тука се наоѓаат и атракции како статуата Gundam и токиската Статуа на слободата, со една од најубавите глетки кон централниот дел на градот.

Во попладневните часови одиме до квартот Хараџуку, познат по младешката енергија и уникатниот стил.

Следува прошетка по улицата Такешита Дори, со слободно време за шопинг и истражување.

Продолжуваме кон живописниот кварт Шибуја, преку познатата Cat Street, сè до најпознатиот пешачки премин во светот, каде што се наоѓа и статуата на легендарното куче Хачико.

Слободно време за индивидуални активности и фотографирање.

За заинтересираните, постои можност за посета на познато робот-кафе – изненадување во програмата.

Во вечерните часови враќање во Гинза со метро.


🗓️19.11. ФУЏИ

По појадокот, во утринските часови следува поаѓање од Токио кон регионот на планината Фуџи, со организиран превоз со приватен автобус.

Возењето води кон Кавагучи-ко, шармантно гратче сместено на брегот на истоименото езеро, во подножјето на најпознатиот јапонски вулкан – величествената планина Фуџи.

По пристигнувањето следува возење со жичарница до видиковец од каде што се протега спектакуларен поглед кон езерото и околината.

Потоа следува возење со брод по езерото Кавагучи, кое нуди уникатна перспектива на овој природен бисер.

По организираниот дел од програмата, предвидено е слободно време за ручек и индивидуални активности во мирната атмосфера на овој регион.

Напомена: Планината Фуџи е висока 3.776 м и често е покриена со облаци. Иако ноември генерално е поволен период за набљудување, видливоста не може да се гарантира.

Враќањето во Токио е планирано во попладневните часови, по што следува слободно време за индивидуални активности во градот.


🗓️20.11. КЈОТО

По појадокот, одјавување од хотелот и поаѓање кон станицата, од каде што следува возење со познатиот Шинкансен (брз воз) Hikari, кон Кјото.

Патувањето трае приближно 2 часа и 50 минути.

По пристигнувањето во Кјото, оставање на багажот во хотелот (официјалното пријавување во хотелот е подоцна) и кратка пауза.

Важна напомена: Хотелот е планиран во близина на станицата, за полесно движење и организација на програмата.

Потоа следува разглед на централниот дел на Кјото со користење на јавен превоз.

Прва станица е познатиот пазар Нишики, идеално место за запознавање со локалната гастрономија и слободно време за ручек.

Разгледувањето продолжува низ Гион, најпознатиот кварт на гејшите во Јапонија, каде што и денес може да се почувствува духот на традиционалниот живот.

Прошетката продолжува низ историскиот дел на градот, преку живописните улици како Nene no Michi, Ninenzaka и Sannenzaka, сè до шинтоистичкото светилиште Јасака, а потоа и до импресивниот будистички храм Кијомизу-дера, еден од најзначајните симболи на Кјото.

По слободното време за индивидуални активности, враќање во хотел со јавен превоз.

Ноќевање.


🗓️21.11. КЈОТО – HIGHLIGHTS

Поаѓање на целодневен разглед на Кјото со организиран превоз со приватен автобус и придружба на водич.

Денот го започнуваме со посета на Златниот храм – Кинкаку-џи, една од најпознатите и најфотографираните градби во Јапонија, чија златна фасада се огледува во мирното езеро околу храмот.

Продолжуваме кон живописната област Арашияма, позната по својата импресивна бамбусова шума која нуди уникатно доживување на природата.

Во рамките на посетата го разгледуваме и зен-будистичкиот храм Тенрју-џи, кој е под заштита на УНЕСКО.

По разгледувањето е предвидено слободно време за ран ручек и индивидуални активности.

Потоа продолжуваме кон историскиот замок Ниџо, некогашна резиденција на шогуните од периодот Токугава, познат по својата уникатна архитектура и таканаречените „славејови подови“.

За крај на денот го посетуваме едно од најпознатите шинтоистички светилишта во Јапонија – Фушими Инари, препознатливо по илјадниците портокалови тории порти кои формираат спектакуларни патеки низ ридот.

Доколку временските услови дозволат, планирана е и кратка фото-пауза кај познатиот Сребрен храм.

Враќање во хотел во вечерните часови.


🗓️22.11. ХИРОШИМА И МИЈАЏИМА

По појадокот следува одјавување од хотелот и поаѓање со Шинкансен Hikari кон Хирошима.

Возењето трае приближно 1 час и 45 минути.

По пристигнувањето, пријавување во хотелот и кратка пауза пред продолжување на програмата.

За време на разгледувањето ги посетуваме најважните знаменитости:

  • Куполата на атомската бомба, која е зачувана како потсетник на разорувањата од Втората светска војна;
  • Меморијалниот парк на мирот;
  • Музејот на Меморијалот на мирот, каде што преку импресивна и потресна поставка е прикажана приказната за настаните и последиците од фрлањето на атомската бомба.

Потоа следува излет до островот Мијаџима, со комбинација од воз и траект (превозот е вклучен во JR Pass).

Островот е познат по својот иконски „пловечки“ тории-премин кој се издигнува од морето, како и по прекрасниот парк кој во есен добива посебен шарм благодарение на боите на лисјата.

Слободно време за прошетка и уживање во природниот амбиент – задржување околу 2 часа.

Ноќевање.


🗓️23 – 25.11. ОСАКА И НАРА

По појадокот следува одјавување од хотелот и поаѓање кон Осака и Нара.

Следува возење со Шинкансен Sakura до Шин-Осака, во траење од околу 1 час и 30 минути, каде што ќе ги поминеме следните две ноќевања.

По пристигнувањето, сместување во хотелот кој е планиран во близина на станицата, за полесна организација и движење.

Денот го започнуваме со посета на областа околу замокот Осака, една од најпознатите и најпосетуваните атракции во Јапонија.

Ќе имаме можност да се искачиме до видиковецот и да уживаме во панорамскиот поглед кон целиот град и околината.

Продолжуваме кон Нара, некогашна престолнина на Јапонија и град со богата историја и традиција.

Го посетуваме храмот Тодаиџи, во кој се наоѓа Големиот Буда – една од најголемите бронзени статуи на Буда во светот.

Во Нара нè очекува и уникатно доживување – средба со питоми елени и срни кои слободно се движат низ градот и станале негов заштитен знак.

Исто така, ќе имаме можност да пробаме мочи, традиционален јапонски десерт од оризово брашно, со демонстрација на неговата подготовка.

Во попладневните часови враќање во Осака и ноќевање.


ОСАКА

По појадокот во хотелот, со метро одиме до познатиот Дотонбори и областа Китамура – најпознатите „неонски“ зони на Осака, преполни со ресторани, продавници и забавни содржини.

Идеално место за гастрономско уживање, шопинг и доживување на ноќната атмосфера на градот.

Враќање во хотел и ноќевање.

ОСАКА – ТОКИО

По појадокот следува одјавување од хотелот и поаѓање кон станицата.

Следува возење со Шинкансен Hikari кон Токио, во траење од околу 3 часа.

По пристигнувањето во Токио следува сместување во хотелот.

Остатокот од денот можете да го искористите за слободни активности.

Ноќевање.


🗓️26.11. ТОКИО

Слободно време или излет во Јокохама

По појадокот во хотелот, овој ден е предвиден како флексибилен – може да се искористи за индивидуално слободно време во Токио или за опционален полудневен излет во Јокохама.

За оние кои ќе се одлучат за излетот, поаѓањето е во попладневните часови кон Јокохама, вториот по големина град во Јапонија, кој се наоѓа на само околу 30 минути возење со воз од Токио.

По пристигнувањето го разгледуваме крајбрежниот дел на градот, модерната и живописна зона Минато Мираи, како и старите пристанишни магацини кои денес се претворени во атрактивен простор со продавници, кафулиња и шопинг-содржини.

Посебно доживување претставува посетата на Кинескиот кварт – најголемиот во Јапонија – познат по живописната атмосфера, продавниците за сувенири и богатата понуда за вечера.

Обезбеден трансфер до аеродромот. Летот Токио – Истанбул е предвиден во 22:05 ч. по локално време.Слетување во Скопје. на 27.11. во 07:55 ч.


  • Јапонија е земја во која живеат повеќе од 120 милиони луѓе, а Токио е најголемата метрополитенска област во светот – и покрај тоа, е еден од најбезбедните градови на планетата.
  • Шинкансен, брзиот воз, е познат по неверојатната точност – просечното доцнење се мери во секунди.
  • Јапонија има повеќе од 80.000 храмови и светилишта, а традицијата и модерниот живот постојат едни покрај други во совршена хармонија.
  • Кјото е културното срце на земјата и дом на традиционални квартови како Гион, каде што и денес може да се почувствува автентичната атмосфера поврзана со гејшите.
  • Планината Фуџи (3.776 м) е еден од најпрепознатливите симболи на Јапонија и често се смета за света планина.
  • Во Јапонија има повеќе автомати отколку жители во некои помали земји – повеќе од 4 милиони, а продаваат речиси сè што можете да замислите.
  • Јапонската кујна е светски позната – суши, рамен и вагју се само дел од гастрономската култура која има најголем број Мишелин ѕвезди во светот.
  • Културата на почитување е клучна – редот, тишината во јавниот превоз и точноста се дел од секојдневниот живот.
  • Јапонија е една од ретките земји каде што традицијата – чајните церемонии, храмовите и фестивалите – и футуристичките градови совршено се спојуваат во едно уникатно искуство.

❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

✖️ Индивидуални трошоци на патниците
✖️Факултативни излети и влезници
✖️Локални градски такси (се плаќаат исклучиво на рецепција во хотелот)
✖️Меѓународно патничко и здравствено осигурување, кое е задолжително (2 € дневно)

🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Патниците се должни да се запознаат со договорената програма на патувањето, условите за плаќање и визирање, како и со Општите услови за патување на организаторот на патувањето.
  • Сите патници се должни самостојно да се запознаат со пропишаните правила на однесување во земјите во кои патуваат.
  • Во превозните средства најстрого се забранети пушењето и консумирањето опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува останатите патници или ги попречува возачите и придружникот во извршувањето на нивната работа, веднаш ќе биде исклучен од патувањето. Целата одговорност преминува на него, без право на жалба и поврат на средства.
  • Патникот ќе го прифати седиштето што ќе му го додели агенцијата.
  • Агенцијата го определува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за пауза и нивното времетраење. Со уплатата на аранжманот, патникот го прифаќа сето наведено погоре, без право на приговор или жалба. Аранжманот е изработен врз основа на минимум 30 патници.
  • Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, крајниот рок за известување за откажување е согласно условите на организаторот.

⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.

За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на српски јазик.

ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Rating*

Scroll to Top