🇯🇴✨Добредојдовте во земјата што не изгледа реално.
Ќе ви кажеме зошто Јордан. Подобро е да ви покажеме!

🛫 Летови: ☀️ 8 Дена / 6 Ноќевања
▶️13.11.2026 (петок) – ПОАЃАЊЕ
- 🛫 Скопје 17:35 – 21:00 Истанбул (SAW)
🛫 Истанбул (SAW) 23:50 – 02:25 Аман (+1 ден)
Конекција во Истанбул: 2ч 50мин
↪️20.11.2026 (петок) – ВРАЌАЊЕ
- 🛫 Аман 03:40 – 06:35 Истанбул (SAW)
🛫 Истанбул (SAW) 10:10 – 09:35 Скопје
Конекција во Истанбул: 3ч 40мин
💎 Цена на аранжманот : 899 €
🏨 Хотели во понуда:
🏨 Mena Tyche Hotel 4 (Amman)*
⁕ Линк до хотелот: https://menatychehotel.com-amman.com/
Хотелот се наоѓа во областа Shmeisani, во близина на деловниот и модерниот дел на Аман. Локацијата овозможува лесен пристап до главните знаменитости на градот.
📍 Во близина:
• King Abdullah I Mosque – околу 7 мин.
• Jordan Museum – околу 11 мин.
• Amman Citadel – околу 14 мин.
• Roman Theater – околу 15 мин.
• Abdali Boulevard – околу 15 мин. пеш.
🏨 Petra Castle 4★ (Петра) или сличен хотел од иста категорија
⁕ Линк до хотелот: https://petracastlewadimusa.jo-hotels.net/en/
Хотелот се наоѓа во Wadi Musa, во близина на археолошкиот локалитет Петра. Практична локација за разгледување на Петра и престој во областа.
📍 Во близина:
• Petra Visitor Center – околу 17 мин. пеш
• Street of Facades – околу 17 мин. пеш
• Al-Siq – околу 7 мин. со автомобил
• Moses’ Spring – околу 2 мин. со автомобил
🏕️ Magic Nature Camp – Wadi Rum
⁕ Линк до хотелот: https://www.wadirummagicnaturecamp.com/
Автентичен престој во срцето на пустината Wadi Rum, со традиционални бедуински шатори и спектакуларни погледи кон пустинските планини. Кампот се наоѓа во заштитеното подрачје Wadi Rum.
📍 Во близина :
• Wadi Rum Protected Area
• Wadi Rum Desert
• Khazali Canyon
• Abu Khasaba Canyon
• Lawrence’s Spring
• Um Frouth Rock Arch
• Burdah Rock Bridge
💰 ПАКЕТ – 350 € ПО ЛИЦЕ
Напомена: Цената на излетот е изразена како пакет и изнесува 350 € по лице.
Цената на пакетот вклучува:
• Дочек и асистенција од UTA претставникот по пристигнувањето на аеродромот во Аман
• Сите трансфери со модерен среден или голем автобус со професионален возач кој зборува англиски јазик
• Сместување во наведените хотели или хотели од иста категорија
• Една вечера во кампот во пустината Wadi Rum
• Услуги на приватен туристички водич
• Влезници за сите локалитети предвидени со програмата на патувањето
• Двочасовна бедуинска џип-тура низ пустината Wadi Rum
• Флаширана вода за време на сите трансфери
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА :
- трансфер аеродром-хотел-аеродром
- повратни авионски билети со аеродромски такси
- рачен багаж до 3 kg, 40x30x20 cm
- хотелско сместување со појадок
- локален водич на англиски јазик + придружник на групата од агенцијата
- организациски трошоци

🌍 ЈОРДАН
Јордан е дестинација која спојува древни цивилизации, спектакуларна природа и автентично арапско гостопримство.
Нашиот аранжман за Јордан внимателно е осмислен за во едно патување да ги доживеете најубавите и најважните знаменитости на оваа фасцинантна земја.
Во текот на патувањето ја откривате прочуената Петра, едно од седумте нови светски чуда, шетате по римските улици на древниот Џераш, се опуштате на бреговите на Мртвото Море и ја доживувате магијата на пустината Wadi Rum со бедуинска вечера и незаборавно зајдисонце.
Аранжманот што го подготвивме за вас нуди совршен баланс помеѓу разгледување, одмор и автентични локални искуства.
Јордан е безбедна, гостопримлива и исклучително разновидна дестинација, погодна и за парови и за индивидуални патници. Ова патување не е само обиколка на знаменитости — тоа е средба со историја стара илјадници години, природа која го одзема здивот и култура која останува во сеќавањето долго по враќањето дома.
Јордан е дестинација која ја паметите засекогаш.

Авантурата започнува!
🗓️14.11. АМАН (AMMAN)
По појадокот следи панорамски обиколка на Аман, при што се посетуваат најзначајните градски знаменитости: Римскиот театар и Цитаделата во Аман, од кои се пружа поглед кон стариот дел на градот.

Во продолжение на денот организиран е трансфер кон Мртвото Море, најниската точка на планетата. Предвиден е ручек и слободно време за капење и опуштање во траење од 2–3 часа.
По завршувањето на престојот на Мртвото Море, враќање во Аман, каде следи ноќевање.

🗓️15.11.JERASH / AJOLUN
По појадокот следи организиран трансфер и посета на Џераш. Џераш е едно од најдобро зачуваните римски археолошки наоѓалишта во светот и вистински бисер на Јордан. Сместен северно од Аман, овој антички град нуди единствена можност да се зачекори директно во минатото и да се доживее величината на Римското Царство речиси недопрена.
Прошетката низ Џераш води низ импозантни колонади, широки камени улици, монументални плоштади и храмови посветени на римските богови.
За разлика од многу други антички локалитети, Џераш со векови бил прекриен со песок, што овозможило исклучителна зачуваност на деталите и архитектурата. Денес претставува неизбежна станица на секое патување низ Јордан и совршен спој на историја, култура и автентично доживување.
Џераш не е само археолошки локалитет – тоа е град кој раскажува приказна стара повеќе од 2.000 години.
Место кое ги воодушевува љубителите на историјата, фотографијата и патниците желни за вистински, длабоки искуства.
Во продолжение на денот следи разглед на Ајолун. Ајлун е идеална дестинација за патници кои сакаат помирно темпо, автентичен амбиент и поинаква слика на Јордан – онаа во која историјата се среќава со природата. Посетата на Ајлун совршено го надополнува разгледот на Џераш и северниот дел на земјата.
Ајлун не е само град – тоа е поглед кон Јордан каков што ретко кој го очекува.

🗓️16.11. МАДАБА – ПЕТРА
По појадокот во хотелот, следи организиран трансфер и разглед на Мадаба, позната по прочуените мозаици, со посета на црквата „Свети Ѓорѓи“, во која се наоѓа најстарата мапа на Светата земја.
Патувањето продолжува кон планината Нево, свето место од кое, според преданието, се пружал поглед кон Ветената земја.
Во продолжение на денот предвиден е разглед на тврдината Керак, импозантен крстоносен замок и еден од најзначајните историски локалитети во Јордан.
По разгледувањето, продолжување на патувањето кон Петра. Петра е најпознатата и најимпресивна знаменитост на Јордан, древен град издлабен во розевите карпи на пустината и едно од Новите седум светски чуда.
Петра не е само дестинација – тоа е патување низ времето.
Место кое остава силен впечаток и останува во сеќавањето како врв на секое патување во Јордан.
Ноќевање во хотел во Петра.

🗓️17.11. ПЕТРА
По појадокот следи целодневен разглед на Петра со придружба на локален водич. Во текот на разгледувањето ги запознавате најзначајните делови на овој уникатен антички град, вклучувајќи го кањонот Сик, прочуената Ризница (Al Khazneh), кралските гробници, храмовите и другите знаменитости.
Петра е најпознатата и најимпресивна знаменитост на Јордан, древен град издлабен во розевите карпи на пустината и едно од Новите седум светски чуда.
Ова е место кое остава силен впечаток и останува во сеќавањето како врв на секое патување во Јордан.
По завршувањето на разгледувањето, враќање во хотелот во Петра, каде следи ноќевање.

🗓️18.11. WADI RUM
По појадокот следи организиран трансфер кон пустината Wadi Rum, едно од најимпресивните природни пејзажи на Јордан.
По пристигнувањето е предвидена двочасовна џип-тура низ Wadi Rum, во текот на која се посетуваат спектакуларни песочни дини, камени сводови и автентични пустински предели. Wadi Rum, познат и како „Долината на Месечината“, е едно од најспектакуларните природни подрачја на Блискиот Исток и едно од најимпресивните места во Јордан.
Посебно доживување претставуваат зајдисонцето и ноќта во пустината, кога пејзажот се обојува во топли нијанси на црвена и портокалова, а небото се исполнува со безброј ѕвезди.
Традиционалната бедуинска вечера, подготвена под песокот, ја надополнува автентичноста на престојот.
Wadi Rum е дестинација која не се посетува набрзина — таа се доживува. Идеална е за љубителите на природата, авантурата, фотографијата, но и за патници кои сакаат целосен мир и чувство на слобода.
Во вечерните часови следат вечера и ноќевање во Wadi Rum, со уникатно доживување на престој во пустината под ѕвезденото небо.

🗓️19.11. WADI RUM – АМАН
Појадок во хотелот. По тоа следи трансфер до Аман. Остатокот од денот до поаѓањето на аеродром да се искористи за индивидуални активности.
Летот од Аман е планиран на 19.11. во 03:40 часот по локално време.

✨До следната авантура. Но прво — Јордан.
☀️Сега е твој ред.
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
✖️ Меѓународно патничко и здравствено осигурување (16,00 €)
✖️Виза која изнесува 50 €
✖️ Патничко осигурување
✖️ Лични трошоци и факултативни излети и влезници
✖️ Локални градски такси (се плаќаат исклучиво на рецепцијата на хотелот)
🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
- Аранжманот се реализира со минимум 30 патници
- Секој патник е должен да се запознае со програмата и условите на патување
- Забрането е пушење и несоодветно однесување во превозните средства
- Распоредот на седишта го одредува агенцијата
- Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
- Во случај на недоволен број патници, агенцијата има право на отказ во законски рок
⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.
За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на српски јазик.
ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.