🇪🇸 Андалузија🗓️11.11-15.11.2026 | Групен аранжман

💃 Шпанија? Почекај да ја видиш Андалузија.

Една тура, четири незаборавни места и безброј причини да се заљубиш во југот на Шпанија.

ЛЕТОВИ
📍Директен лет од Тирана

📅 11.11.2026 (среда) ПОАГАЊЕ
➡️ Tirana → Málaga
✈️ 17:55 – 21:30

📅 15.11.2026 (недела) ВРАЌАЊЕ
🔙 Málaga → Tirana
✈️ 22:15 – 01:30

🚐Организиран трансфер од Скопје до Тирана ( 30€ – 50€ ) во зависност од големината на групата, точно време и место на состанок ќе бидат соопштени неколку дена порано.

💶 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ→ 450 €



🏨 Хотелско сместување:

Напомена:
Покрај хотелот е наведена конечната цена на аранжманот по лице (авионски билет + хотел + трансфери + аеродромски такси).

🏨 Palmasol 4★

💰450 € →🍴со појадок
🖇️ линк до хотелот:
🔗https://tinyurl.com/yc8xwswh


📅 11.11. | ПРВ ДЕН 🛬 Пристигнување во Малага

Полетување за Малага во 17:55 ч, а планирано слетување во 21:35 ч. По пасошката контрола следува организиран трансфер до хотелот и check-in на патниците. Ноќевање во хотел.


📅 12.11. | ВТОР ДЕН🌴 MARBELLA – RONDA

По појадокот следува излет во Марбеља, познато летувалиште на медитеранскиот брег, со планирано поаѓање во 09:00 часот.

🌊 MARBELLA

Marbella е познато летувалиште на медитеранскиот брег, каде што морето и луксузот се среќаваат на секој чекор.

Прошетката низ стариот град води низ бели улички, цветни тераси и скриени плоштади, со мирис на цветови од портокал.

Потоа следува Puerto Banús – светски позната марина со јахти, бутици и кафулиња покрај брегот.

⛰️ RONDA

Следува продолжување до Ronda, еден од најпосетуваните градови во Андалузија, оддалечен околу 100 km од Малага.

Највпечатлив е Puente Nuevo, високо над кањонот на реката Guadalevín.

Во Ronda се предвидени:

  • Коридата
  • Најдобро зачуваната арапска бања
  • Палатата на маварскиот крал
  • Градските порти и ѕидини
  • Плоштадот Duquesa de Parcent

🕗 Враќање во хотелот околу 20:00 часот.

💶 Цена на излетот: 60 €

Цена на излетот: 60 €


📅 13.11. | ТРЕТ ДЕН💃 Sevilla – БИСЕРОТ НА АНДАЛУЗИЈА

Тргнување во утринските часови. Главниот град на Андалузија, Sevilla, е познат по уникатната архитектура, страсното фламенго и богатата историја.

Предвиден е панорамска обиколка на градот и слободно време за прошетка.

📍 ЗНАМЕНИТОСТИ

🕌 Катедралата во Sevilla и La Giralda
Една од најголемите готски катедрали во светот, под заштита на UNESCO, со импресивната La Giralda – поранешен минарет.

👑Кралската Палата Alcazar
Величествен комплекс од палати и градини во маварски и ренесансен стил, каде што и денес повремено престојува шпанското кралско семејство.

🏘️Barrio de Santa Cruz
Старата еврејска населба со тесни улички, романтични плоштади и живописни ресторани.

Plaza de Espana
Спектакуларен плоштад изграден за Ibero-American Exhibition во 1929 година, опкружен со канали и мостови.

💶 Очекувана цена на излетот: 70 €

Очекувана цена на излетот: 70 €


📅 14.11. | ЧЕТВРТИ ДЕН🕌 KORDOBA – ANTEQUERA

Патување низ дваta бисери на Андалузија – Kordoba и Antequera, градови во кои историјата, културата и емоцијата се преплетуваат на секој чекор.

🕌 KORDOBA

Во Kordoba Ве очекува познатата Mezquita, величествената џамија-катедрала препознатлива по своите впечатливи црвено-бели лакови.

Прошетката продолжува низ стариот град и тесните улички исполнети со цвеќе, а во продолжение ќе го видите и римскиот мост над Gvadalkivir.

🏛️ ANTEQUERA

Потоа следува посета на Antequera, шармантен град познат по белите куќи, барокните цркви и спектакуларните видиковци.

Ќе имате можност да ја видите Alcazaba, да прошетате низ старите калдрмисани улички и да уживате во локалната атмосфера и погледите кон планините.

💶 Очекувана цена на излетот: 60 €

Очекувана цена на излетот: 60 € по лице.


📅 15.11. | ПЕТТИ ДЕН☀️ MALAGA – ГРАДОТ НА СОНЦЕТО И УМЕТНОСТА

🌴 Malaga е живописен град на Costa del Sol, родното место на Pablo Picasso и Antonio Banderas.

Позната е по својата катедрала „La Manquita“, маварската тврдина Alcazaba и видиковецот Gibralfaro, од каде што се простира прекрасен поглед кон градот и морето.

По појадокот и пакувањето следува пешачка тура низ градот во траење од 2 часа.

📍 НАЈПОЗНАТИ ЗНАМЕНИТОСТИ

Katedrala „La Manquita“
Една од најубавите ренесансни катедрали во Шпанија, позната како „Еднораката дама“, бидејќи нејзината втора кула никогаш не била довршена.

Rimski teatar Romano
Римски театар од I век и најстар споменик во Malaga.

Tvrđava Alcazaba
Маварска палата и утврдување од XI век, сместено на рид над градот. Добро е зачувано и претставува спој на исламската архитектура и андалузискиот стил.

Vidikovac Gibralfaro
Стара маварска тврдина од каде што се простира панорамски поглед кон цела Malaga, пристаништето и морето. Ова е една од најпознатите точки за фотографирање на градот.

💶 Цена на излетот: 25 €

Цена на излетот: 25 €

По завршувањето на разгледувањето и прошетките следува трансфер до аеродром.

✈️ Malaga → Tirana
🕛 22:15 – 01:30

КРАЈ НА АРАНЖМАНОТ.
НО ПАТУВАЊЕТО ТРАЕ ДОДЕКА ТРААТ СЕЌАВАЊАТА.
Андалузија останува како референца за секое следно патување


✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

🚐 Трансфер аеродром – хотел – аеродром
✈️ Повратни авионски билети со аеродромски такси
🎒 Рачен багаж – ранец или торба до 10 kg / 40×30×20 cm
🏨 Хотелско сместување со појадок
🗣️ Локален водич на српски јазик
📋 Организациски трошоци


❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
  • Опционален трансфер Скопје – Тирана – Скопје
  • Факултативни излети и влезници
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Локални градски такси (се плаќаат исклучиво на рецепција во хотелот)
  • Меѓународно патничко и здравствено осигурување (10,00 €)
🚍 ОПЦИОНАЛЕН ТРАНСФЕР: СКОПЈЕ – ТИРАНА – СКОПЈЕ

Трансферот Скопје – Тирана – Скопје може да биде организиран од агенцијата, со комбе или автобус, во зависност од бројот на пријавени патници.

  • Цена: 30 € – 50 (по лице)
  • Превозот се реализира во договорен термин
  • Типот на возило зависи од вкупниот број на патници

🔹 Алтернативна опција (индивидуално патување):
Патниците можат да патуваат и индивидуално со сопствено возило.
На аеродромот во Тирана постои паркинг, со цена од 3 евра на ден.



🔵 НАПОМЕНИ:

  • За реализација на патувањето потребно е да се формира група од минимум 20 лица.
  • Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
  • Секој патник самостојно треба да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
  • Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работењето на возачите и пратителот, ќе биде отстранет од патувањето и целата одговорност паѓа на него, без право на жалба и поврат на средства.
  • Патникот го прифаќа седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното траење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите горенаведени услови, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е пресметан на база минимум 30 патници.
    Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот задржува право на откажување во законски предвидениот рок.

ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Rating*

Scroll to Top