Од урбаниот дух на Најроби, преку дивата убавина на Масаи Мара, до рајските плажи на Дијани Бич – ова патување е совршен спој на авантура, природа и релаксација!
🛫 Летови:
▶️25.01.2027 (понеделник) – ПОАЃАЊЕ
- 🛫 Скопје: 08:45 → 12:25ч Истанбул (18.01.)
Истанбул: 20:45 → 03:25ч Најроби (19.01.)
↪️04.02.2027 (четврток) – ВРАЌАЊЕ
- 🛫 Момбаса 04:30 → 12:00ч Истанбул
Истанбул 20:30 → 19:55ч Скопје
🏨 Хотели во понуда:
🌆 НАЈРОБИ – Вашиот прв допир со Африка
🏨 The Heron by Sarovar Portico 4★ Ноќевање со појадок
• Линк од хотелот🔗 http://www.theheronporticohotelnairobi.com/
• Започнете ја вашата авантура во срцето на Кенија! Модерен хотел со одлична локација, удобни соби и пријатна атмосфера, идеален за одмор по долгиот лет и подготовка за незаборавното сафари искуство.
🦁 МАСАИ МАРА – Сафари од соништата
🏨 Lenchada Tourist Camp Полн пансион
• Линк од хотелот🔗 https://lenchadatouristcamp.com/
🐆Доживејте ја магијата на африканската дивина! Сместени во автентични сафари шатори, ќе имате можност да се разбудите со звуците на природата – лав, слон, леопард, носорог и бивол.
🏝 ДИЈАНИ БИЧ – Рај на Индискиот Океан
🏨 PrideInn 3★ Полупансион 📍Само 8 минути пеш до плажа
🔗линк од хотелот https://www.prideinnhotels.com/
• По деновите исполнети со сафари авантури, препуштете се на одмор покрај белите песочни плажи на Дијани Бич.Хотелот нуди удобност, релаксирана атмосфера и совршена локација за уживање во тиркизното море и прекрасните зајдисонца.
✨ ПРЕМИУМ НАДГРАДБА
🏨 Leopard Beach Resort & Spa 5★ 📍Лоциран директно на плажа
• За оние кои сакаат уште повеќе луксуз и комфор, ви нудиме можност за престој во еден од најпознатите ресорти на Дијани Бич:
🥂 +200 € по лице – на база на полупансион
🍹 +300 € по лице – на база на All Inclusive
🔗линк од хотелот https://www.leopardbeachresort.com/
• Уживајте во ексклузивна услуга, базени со поглед кон океанот, спа центар и незаборавна атмосфера на една од најубавите плажи во Африка.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 1.799 €
Во цената е вклучено:
- Повратен авионски билет со сите аеродромски такси
- Багаж: куфер до 30 кг + 8 кг рачен багаж
- Сместување во хотел
- Придружник од агенцијата
- Локален туристички водич
- Сите такси
Доплата за еднокреветна соба: 300 €
Трокреветни соби на барање.
Доплата за сафари во Националниот парк Масаи Мара: 450 € (не е вклучена во цената)
Доплатата опфаќа комплетна сафари авантура во еден од најпознатите национални паркови во светот:
- Организација на сафари програмата
- Сафари возења со џипови со отворен покрив
- 2 ноќевања во камп Lenchada Tourist Camp или Sankale Camp со полн пансион
- Влезници за Националниот парк Масаи Мара

Авантурата започнува!
🗓️25.01. НАЈРОБИ
Пристигнување во Најроби во раните утрински часови и трансфер до хотел The Heron By Sarovar Portico 4*.
По појадокот следува разглед на главниот град на Кенија, познат како „Зелениот град под сонцето“. Ќе ги посетиме најзначајните знаменитости, меѓу кои Kenyatta International Conference Centre со панорамски поглед кон градот, централното градско подрачје, живописниот локален пазар и останатите знаменитости на кениската престолнина.Враќање во хотел. Ноќевање.

Факултативен излет: 30 €
🗓️26.01. НАЈРОБИ🦒Giraffe Centre + Karen Blixen
💸Факултативен излет (со влезници): 60 €
По појадокот заминување кон Giraffe Centre, каде ќе имаме можност да ги храниме загрозените Ротшилдови жирафи и да се фотографираме со нив од непосредна близина.
Потоа следува посета на музејот Karen Blixen, поранешниот дом на познатата писателка и местото каде што е снимен легендарниот филм „Мојата Африка“.
Враќање во хотел. Слободно време. Ноќевање.

Факултативен излет (со влезници): 60 €
🗓️27.01. НАЈРОБИ – МАСАИ МАРА
По појадокот, околу 08:00 часот, поаѓање со сафари џипови кон еден од најпознатите национални паркови во светот – Националниот резерват Масаи Мара.
Возењето низ спектакуларната Голема Раседна Долина (Great Rift Valley) нуди незаборавни глетки на африканската природа.

По пристигнувањето следува сместување во камп Lenchada Tourist Camp или Sankale Camp (во зависност од расположливоста). По ручекот следува првото сафари со отворени џипови.











Масаи Мара е дел од прочуениот екосистем Serengeti и дом на илјадници диви животни. За време на сафари постои голема можност да се сретнат лавови, леопарди, слонови, биволи, носорози, жирафи, зебри, гепарди, хиени и многу други животни во нивното природно живеалиште.
🗓️28.01. МАСАИ МАРА
Појадок.
Целодневно сафари низ различни делови на Националниот парк Масаи Мара.
Ова е едно од ретките места во светот каде може да се види прочуената „Голема петорка“ (Big Five) – лав, леопард, слон, африкански бивол и носорог.
Во текот на денот е организирана и посета на традиционално село на племето Масаи, каде ќе се запознаеме со нивниот начин на живот, обичаите и богатата култура.

Вечера и ноќевање во камп.
🗓️29.01. МАСАИ МАРА – НАЈРОБИ
Појадок.
По појадокот го напуштаме кампот и заминуваме кон Најроби. По пат ќе направиме пауза за пикник во прекрасниот амбиент на африканската природа, со можност за фотографирање на спектакуларните пејзажи на Големата Раседна Долина.
Пристигнување во Најроби во попладневните часови. Сместување во хотел и слободно време.
Ноќевање.

🗓️30.01. НАЈРОБИ – МОМБАСА – ДИЈАНИ БИЧ
По појадокот заминување кон железничката станица и поаѓање со модерен воз кон Момбаса во 08:00 часот.
За време на патувањето ќе уживаме во импресивните пејзажи на Кенија, минувајќи низ Националниот парк Цаво, каде од удобноста на возот ќе имаме можност да набљудуваме слонови, жирафи, зебри, антилопи и други диви животни во нивното природно живеалиште.
Пристигнување во Момбаса околу 14:00 часот.
По пристигнувањето следува кратка прошетка низ градот, при што ќе ја запознаеме автентичната атмосфера на еден од најстарите градови во Источна Африка. Ќе поминеме покрај препознатливите Mombasa Tusks, старото градско пристаниште и живописните улици на Стариот град, исполнети со локални продавници, мириси на зачини и автентична свахили архитектура.

Потоа продолжуваме кон Дијани Бич, една од најубавите плажи во Африка, позната по ситниот бел песок, кристално чистото тиркизно море и палмите кои се спуштаат до самиот брег.

Сместување во избраниот хотел. Слободна вечер. Ноќевање.
🗓️31–03.02. ДИЈАНИ БИЧ
Три слободни дена за капење, одмор и уживање на една од најубавите плажи на Индискиот Океан.
Белиот песок, тиркизното море и опуштената атмосфера на Дијани Бич нудат идеални услови за целосен одмор и уживање.
Ноќевање.

🗓️04.02. ДИЈАНИ БИЧ – МОМБАСА – ИСТАНБУЛ – СКОПЈЕ
Трансфер до аеродромот во Момбаса во раните утрински часови и лет кон Истанбул, со продолжување на патувањето кон Скопје.
✨ИСКУСТВО НАД ОЧЕКУВАЊАТА
КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.
✅ Во цената е вклучено:
✔️ Повратен авионски билет (Скопје – Најроби / Момбаса – Скопје)
✔️ Сите аеродромски такси
✔️ Трансфер аеродром – хотел – аеродром
✔️ 30 кг чекиран + 8 кг рачен багаж
✔️ Сместување во избраните хотели
✔️ Ноќевање со појадок во Најроби
✔️ Полупансион во Дијани Бич
✔️ Придружник од агенцијата 24/7
✔️ Локален туристички водич
✔️ Организација на патувањето
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
✖️ Сафари во Масаи Мара – 450 € по лице
✖️ eTA дозвола за влез во Кенија – 40 € по лице. Агенцијата ја организира целата постапка.
✖️ Патничко осигурување
✖️ Лични трошоци и факултативни излети
✖️ Локални градски такси (се плаќаат на рецепција)
🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
- Аранжманот се реализира со минимум 30 патници
- Секој патник е должен да се запознае со програмата и условите на патување
- Забрането е пушење и несоодветно однесување во превозните средства
- Распоредот на седишта го одредува агенцијата
- Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
- Во случај на недоволен број патници, агенцијата има право на отказ во законски рок
⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.
За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на српски јазик.
ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.