Рим – вечниот град каде историјата, уметноста и живиот дух се спојуваат на секој чекор.
✈️ ЛЕТОВИ
11.07.2026 (сабота) – ПОАЃАЊЕ
- Скопје 19:20ч – 21:05ч Рим
14.07.2026 (вторник) – ВРАЌАЊЕ
- Рим – 18:35ч -20:20ч Скопје
🏨 Сместување во еден од хотелите од познатиот ланец Raeli Hotels.
Ланецот Raeli Hotels во Рим (официјално „Gruppo Alberghiero Raeli“ https://gruppoalberghieroraeli.it/ ) опфаќа вкупно осум хотели — пет хотели со 3* и три хотели со 4*.
Сите хотели се наоѓаат еден до друг и се сместени во близина на главната железничка станица Termini, во непосредна близина на самиот центар на градот, што ги прави идеална почетна точка за туристите.
💳Цена на аранжманот:
- 350 € по лице – на база ноќевање
- 380 € по лице – со вклучен доручек

ПРОГРАМА НА ПАТУВАЊЕТО:
Авантурата започнува!
11.07. СКОПЈЕ – РИМ
Директен лет Скопје – Рим. По слетувањето следува трансфер до хотелот и check-in на патниците во хотелот. Сместување.

12.07. ПОСЕТА НА ВАТИКАН
Доручек во хотелот. Вториот ден е предвиден за посета на Ватикан со придружба на водич. Ватикан е најмалата независна држава во светот, но воедно и духовен центар на Римокатоличката црква, седиште на папата и дом на некои од највредните уметнички дела на човештвото.
Посетата на Ватикан е уникатно искуство кое ги спојува историјата, уметноста и религијата. Обиколката на Ватикан е незаборавно доживување што ве води низ векови историја,уметност и духовност.
Ватиканските музеи содржат една од најзначајните уметнички колекции во светот, со дела од Микеланџело, Рафаело, Караваџо и многу други.

Излетот за Ватикан изнесува 60 € по лице
(цената може незначително да варира во зависност од бројот на пријавени патници).
13.07. АНТИЧКИ РИМ (наутро) / ИЗЛЕТ ВО ТРАСТЕВЕРЕ ( во попладневните часови )
Третиот ден започнува со разглед на Антички Рим. Ќе ги посетиме Колосеумот, Римскиот форум и Палатино. Во цената на излетот се вклучени влезниците, како и услугата од нашиот водич.

Очекувана цена: 55 €.
Трастевере (околу 18:00ч)
За вториот дел од денот е предвидена посета на Трастевере (во вечерен термин, бидејќи тогаш е најубав). До Трастевере, со придружба на нашиот водич, ќе се патува со градски превоз. Излетот во Трастевере е еден од најубавите начини да ја доживеете автентичната римска атмосфера — квартот е исполнет со шарм, тесни калдрмисани улици, тераси украсени со цвеќе, локални тратории и богат вечерен живот.
Трастевере (Trastevere) е познат по својата автентична, боемска атмосфера. Со придружба на водич ќе прошетате низ неговите тесни улици исполнети со историски градби, продавници за рачни изработки и кафулиња, а ќе ги посетите и плоштадите Piazza di Santa Maria воТрастевере (Trastevere ) и Piazza Trilussa. Трастевере е познат и по своите локални автетични ресторани(тратории) кои служат традиционални римски специјалитети.

Излетот изнесува 25 € по лице.
(Во цената е вклучен превоз со градски превоз и придружба од водич.)
14.07. РИМ (Истражи го градот пеш-вистинска авантура)
Пoследниот ден е предвиден за пешачка тура со придружба на водич. Пешачката тура низ Рим е еден од најдобрите начини да го истражите овој фасцинантен град, познат по својата богата историја, култура и архитектура.
Колосеумот, Римскиот форум, Vittorio Emanuele, Фонтаната ди Треви, Шпанските скали, Piazza del Popolo и Пантеон се знаменитостите кои ќе ги посетите за време на оваа тура.

Цената на екскурзијата е 30 евра по лице.
Во вечерните часови следува трансфер до аеродромот во Рим и лет Рим – Скопје.
🎉 Крај на програмата ,почеток на незаборавните спомени од вечниот град РИМ што ќе ги раскажувате!
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
- трансфер од аеродром-хотел-аеродром
- повратни авионски билети со аеродромски такси
- мек рачен багаж-ранец/торба до 10 кг 40x30x20 см (може да биде поголема, се додека е флексибилен/а за да се вклопи во калапот ако побараат
- хотелско сместување на база ноќевање со појадок (по избор на патникот)
- локален водич на наш јазик
- организациски трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
- меѓународно патничко и здравствено осигурување (8€)
- факултативни излети и влезници
- rent a car за време на престојот
- индивидуални трошоци на патниците
- локални градски такси (се плаќаат на рецепција)
Детално објаснување за куферите и неколку многу корисни информации:
1..Официјално, можете да имате само една торба со вас. Освен таа, дополнително не можете да имате ниту најмала лична торба. Во 99% од случаите, никој нема да ве праша ништо, но за тие 1%, можете или некако да ја скриете торбата, или да се осигурате дека имате простор да ја сместите вашата лична торба во вашиот багаж (ранец).
2. Ако носите само едно парче мек багаж, не ја полните таа торба до врв, ќе проверат дали се вклопува во нивните мерки за да видат дали можете да ја внесете
3. Ryan air е најригорозен, Wizz air е многу пофлексибилен.
4. Не препорачуваме тврд куфер дури и ако е со соодветни димензии, мек ранец, спортска торба или слично е секогаш подобро.
5. Секогаш ставете го мекиот ранец на грб или рамо, полесно е да се движите на тој начин.
6. Италијанците се најригорозни, затоа бидете подготвени… Ова се сите примери од пракса, истотака можете да ни се јавите за подетални упатства
🔵ЗАБЕЛЕШКА:
- Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма за патување, условите за плаќање и виза и Општите услови за патување на туристичкиот оператор
- Сите патници се должни да се запознаат со пропишаните правила на однесување на земјите во кои патуваат
- Пушењето и консумирањето опојни дроги се строго забранети во превозните средства. Секој патник кој со своето несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или им пречи на возачите и придружниците во нивната работа, веднаш ќе биде исклучен од патувањето и целата одговорност ќе му се префрли без право на жалба или враќање на парите.
- Патникот ќе го прифати седиштето што му е доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и нивното времетраење. Со плаќањето на аранжманот, патникот го прифаќа сето погоре наведено, без право на приговор или жалба.
- Аранжманот се прави врз основа на минимум 30 патници
Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, рокот за известување за откажување…
ВАЖНО – Патните документи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци пред планираното повратно патување!