🇪🇸 ТЕНЕРИФЕ 🗓️14.10-21.10.2026 | Групен Аранжман

Остров на вечна пролет, авантура и целосна слобода

✈️ ЛЕТОВИ

14.10.2026 (среда) – ПОАЃАЊЕ

  • Скопје 16:50 → 20:40 Мадрид
  • Мадрид 23:35 → 01:35 Тенерифе (слетување 15.10)

21.10.2026 (среда) / 22.10.2026 (четврток) – ВРАЌАЊЕ

  • Тенерифе 14:30 → 18:15 Мадрид
  • Мадрид 21:25 → 00:50 Скопје (слетување 22.10)

🏨 Хотели во понуда:

1. Budget варијанта:
🏨Globales Acuario 2* 499 € без појадок
🔔530€ со појадок 570€ со појадок + вечера
💠Хотелот можете да го погледнете на линкот:
🔗 https://www.globales.com/en/hotels/spain/tenerife/puerto-de-la-cruz/

2. Value for money варијанта:
🏨Coral Teide Mar 3*
🔔550 € без појадок (може на лице место да се доплати за оброци)
💠Хотелот можете да го погледнете на линкот:
🔗 https://en.coral-hotels.com/establishment/teide-mar-in-puerto-de-la-cruz/

3. Луксуз варијанта:
🏨Best Semiramis 5*
🔔700 € со појадок / 750 € појадок + вечера
💠Хотелот можете да го погледнете на линкот:
🔗 https://www.besthotels.es/en/destinations-and-hotels/best-semiramis.html

14.10 – Скопје → Мадрид → ТЕНЕРИФЕ

🗓️15.10.Пристигнување во Тенерифе🌴

По слетувањето на Тенерифе на 15.10. во 01:35ч, заминување до хотелот со рент-а-кар кој ве чека резервиран на аеродромот.
Првиот ден искористете го за да го доживеете Тенерифе на свој начин. Возилото е на располагање на патниците за целиот период на престојот, односно можат да го користат за превоз, разгледување и слободно движење низ дестинацијата според нивните потреби.

Опуштете се на златните или вулканските плажи, прошетајте по живописните шеталишта покрај океанот, уживајте во локалните специјалитети во рестораните и кафулињата или истражете шармантни места полни со канарска традиција.


🌴16.10 Puerto de la Cruz+Loro park: 60 €

Излетот го започнуваме со прошетка низ шармантниот Пуерто де ла Круз, еден од најубавите градови на северот на Тенерифе. За време на обиколката ќе имате прилика да ја запознаете неговата автентична атмосфера, плоштадите, брегот и карактеристичната канарска архитектура.

По прошетката низ градот, следува возење со шармантниот туристички воз до прочуениот Лоро Парк, еден од најпознатите зоолошки и тематски паркови во Европа. По пристигнувањето во паркот следува организирано водење, за време на кое ќе имате прилика да видите бројни егзотични животни, импресивни аквариуми, како и светски познати шоу програми со папагали, делфини и орки.

Овој излет претставува идеална комбинација на запознавање со локален град и незаборавно доживување во еден од најпознатите паркови на Канарските Острови.

Цена на излетот: 60 €


🌴17.10. TEIDE : 60 €

Излетот на Теиде нè води во сосема поинаков свет на природата – пејзаж кој многумина го опишуваат како да чекорите по површината на Месечината.
Вулканскиот терен, необичните карпи и пространствата од лава создаваат неверојатен призор каков што ретко каде може да се види. Како што се искачуваме сè повисоко, стигнуваме над облаците, каде што нè пречекува ведро небо и неверојатно чист планински воздух.

Прошетката низ овој национален парк нуди единствено чувство – како да шетаме над облаците, опкружени со драматични вулкански пејзажи и погледи што го одземаат здивот.
Ова е едно од оние места каде природата ја покажува својата најмоќна страна – тишина, пространство и пејзажи кои навистина делуваат како да не сте на Земјата, туку на некоја друга планета.

Цена на излетот: 60 €


🌴18.10. Masca i Garachico : 60 €

Ве водиме на чудесен излет на северот на Тенерифе, каде природата и пејзажите оставаат без здив.
Првата станица е Garachico, историски град познат по своите природни вулкански базени создадени по ерупцијата на вулканот. Тука ќе имаме време за прошетка низ градот, опуштање со кафе со поглед кон океанот, како и можност за капење во природните базени обликувани од лавата.

Потоа продолжуваме со возење по спектакуларните серпентини кон селото Masca, едно од најубавите и најдраматични места на Тенерифе. Од видиковецот над селото се отвора поглед кој е навистина неверојатен – планини, длабоки долини и пејзажи што изгледаат како од разгледница.
Успат правиме и кратко запирање за дегустација на локално вино, за да го почувствуваме автентичниот вкус на ова вулканско острово. Овој излет спојува природа, спектакуларни погледи, автентични села и опуштање – совршена прилика да ја доживеете поинаквата страна на Тенерифе.


🌴19.10 и 20.10 – Слободни денови

19.10 и 20.10. се слободни денови кои можете да ги искористите за уживање на Тенерифе. Тука се патува без брзање, се истражува без ограничувања и се ужива без стрес. Топлото море, неверојатната природа и слободата да го истражите секој скриен агол од островот – Тенерифе е едно од оние места каде секогаш ќе посакате да се вратите.

Замислете да се будите со звукот на брановите и мирисот на солениот воздух. Пред вас бескрајното синило на океанот, а над вас – секогаш ведро небо. На Тенерифе сонцето е вечен сопатник, а секој ден нова прилика за истражување.

Ви препорачуваме аква паркот Сиам – еден од најдобрите во светот, југот на островот Плаја де лас Америкас – една од најубавите плажи, и погледот кон Лас Тереситас. Главниот град на островот Санта Круз исто така заслужува посета. Капете се во најголемиот базен на светот Лаго, веднаш покрај океанот…


21.10 – ТЕНЕРИФЕ → Мадрид → (ноќен лет) Скопје

Трансфер со рент-а-кар до аеродромот Тенерифе
Лет TFS 14:00 → 18:15 MAD, потоа MAD 21:25 → 00:50 SKP (22.10)

КРАЈ НА ПРОГРАМАТА.


✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА

  • повратни авио карти со аеродромски такси
  • рачен багаж (ранец/торба до 10 kg – 40x30x20 см флексибилен да влезе во калап ако побараат)
  • Хотелско сместување по избор на патникот
  • Рент-а-кар (Возилото е на располагање на патниците за целиот период на престојот)
  • локален водич на српски јазик + 24/7 придружник на групата
  • организациони трошоци

❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА

  • патничко и здравствено осигурување (околу 2€ дневно)
  • факултативни излети и влезници
  • индивидуални трошоци на патниците
  • локални градски такси (се плаќаат на рецепција)

🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Аранжманот се реализира со минимум 30 патници
  • Секој патник е должен да се запознае со програмата и условите на патување
  • Забрането е пушење и несоодветно однесување во превозните средства
  • Распоредот на седишта го одредува агенцијата
  • Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
  • Во случај на недоволен број патници, агенцијата има право на отказ во законски рок

⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.

За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на српски јазик.

ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Rating*

Scroll to Top