По трагите на ренесансата и магијата на виното
✈️ ЛЕТОВИ
11.07.2026 (сабота) – ПОАЃАЊЕ
- Тирана 10:30ч -12:15ч Пиза
14.07.2026 (вторник) – ВРАЌАЊЕ
- Пиза 19:45ч -21:25ч Тирана
🏨 Хотели во понуда:
1. Буџет опции (промо цени):
Hotel MIRÒ 3* 299€
(320€ со доручек)
Хотелот можете да го погледнете на линкот:
https://www.hotelmiro.eu/
2. Буџет опции (промо цени):
Savoia e Campana 3* 315 €
(345€ со доручек)
Хотелот можете да го погледнете на линкот:
https://www.hotelsavoiaecampana.com/en/index
3. Најдобра вредност за парите:
Hotel Nuovo Savi 3* 360 € со доручек
Хотелот можете да го погледнете на линкот:
https://www.hotelnuovosavi.com/en/index.php
4. Најдобра вредност за парите:
Adua & Regina di Saba Wellness Hotel 4* 375 € со доручек
Хотелот можете да го погледнете на линкот:
http://www.hoteladua.eu/

11.07 – СКОПЈЕ– TИРАНА – MONTECATINI TERME
Авантурата започнува! Трансфер од Скопје до Тирана (точно време и место на состанок ќе бидат соопштени неколку дена порано)
По сместувањето во хотелот, остатокот од денот е резервиран за уживање и прошетка низ Montecatini (Монтекатини).
Градот е познат по своите термални извори, историски шарм и опуштена атмосфера. Еве што можете да видите и доживеете во Montecatini:
1. Terme Tettuccio
- Најпознатиот термален комплекс, изграден во неокласичен стил.
- Уживајте во прошетка низ паркот, испијте ја лековитата вода од изворот и видете ги импресивните фрески и архитектура.
2. Funicolare di Montecatini (жичарница)
- Старата жичарница од 1898 година води до Montecatini Alto, стариот град на ридот.
- Возењето е кратко, но панорамско и прекрасно, особено пред зајдисонце.
3. Montecatini Alto (Монтекатини Алто)
- Средновековно село со тесни калдрмасти улички, ресторани, стари цркви и прекрасен поглед на Toscana.
- Идеално за вечерна прошетка и романтична вечера.
4. Parco delle Terme (Парко деле Терме)
- Голем зелен парк во центарот на градот. Совршен за релаксација, прошетка или пикник.
- Поврзува различни термални комплекси.

12.07. SAN GEMIGNANO – SIENA
Појадок и слободно време за одмор или опционално патување во два магични града:
📍 San Gimignano е прекрасен средновековен град сместен во регионот Тоскана, Италија. Познат е како „Град на прекрасни кули“ поради неговата уникатна силуета формирана од низa средновековни кули. Овој мал град, опкружен со лозја и маслинови градини, е едно од најпосетуваните места во Тоскана и е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.
📍 Siena – Dragulj Toskane: По пристигнувањето во Siena, ќе уживаме во водена тура:
- Il Campo (Piazza del Campo), еден од најубавите плоштади во Италија, познат по коњската трка Палио.
- Duomo di Siena, впечатлива катедрала украсена со ремек-дела на ренесансната уметност.
- Прошетка низ улиците на Via di Citta и посетa на Palazzo Pubblico и Piazza del Duomo.
🕒Слободно време за ручек, прошетка и уживање во автентични тоскански специјалитети. Враќање во Montecatini Terme и ноќевање.

Цената на екскурзијата е 60 евра по лице.
13.07. ФИРЕНЦА – ЛУЛКА НА РЕНЕСАНСАТА
По појадокот, со воз или автобус се упатуваме кон Фиренца (Florence), град синоним за уметност, култура и историја. Во придружба на водич, ги посетуваме најважните атракции:
- Santa Maria Novella и базиликата San Lorenzo – ремек-дела на ренесансната архитектура.
- Palazzo Medici Riccardi – резиденција на познатото семејство Медичи (Medici).
- Duomo di Firenze со куполата на Brunelleschi – симболот на Фиренца (Florence).
- Piazza della Signoria и Palazzo Vecchio – политичкото срце на градот низ вековите.
- Ponte Vecchio – познатиот мост полн со златарски продавници. Chiesa di Santa Croce – последното почивалиште на великани како Микеланџело и Галилео.
🕒 Препораки за слободно време: - Истражете внатрешноста на Palazzo Vecchio.
- Искачете се на куполата на Brunelleschi за спектакуларен поглед.
- Посетете галеријата Uffizi и уживате во ремек-дела како „Раѓањето на Венера“ од Сандро Ботичели (Botticelli).
- Враќање во Montecatini Terme навечер и ноќевање.

Цена на екскурзијата е 40 евра по лице.
14.07. LUCCA – PISA – ТИРАНА – СКОПЈЕ
🕌 Pisa -Поле на чудата: Нашата прва станица е Пјаца деи Мираколи, позната по своите уникатни знаменитости кои зрачат со историја и елеганција:
- Santa Maria Assunta Величествена катедрала, совршен пример за романска архитектура.
- Battistero:: Импресивна крстилница, најголема во Италија, позната по својата неверојатна акустика.
- Крива кула (Torre Pendente): Икона на Италија која привлекува посетители од целиот свет. Фотографиите се задолжителни!
- Camposanto: Монументални гробишта со богато историско наследство.
📍 Lucca – Град на ренесансата: Продолжуваме со нашето патување кон Lucca, еден од најдобро зачуваните градови во Италија. Се издвојува по својот автентичен шарм, а ќе ги посетиме:
- Piazza Napoleone – срцето на градот.
- Piazza Anfiteatro – изграден врз темелите на античкиот римски амфитеатар.
- Катедралата Санта Марта (Duomo di San Martino) и црквата Сан Микајел (San Michele in Foro).
- Куќата каде што е роден Џакомо Пучини, големиот композитор(Puccini House).

Цена на екскурзијата е 50 евра по лице.
🚐 Трансфер до аеродромот во Пиза и лет за Тирана во 19:45 часот. По слетувањето во Тирана, продолжуваме кон Скопје .
🎉 Крај на програмата со неколку спомени од прекрасната Тоскана!
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА
- трансфер од аеродром-хотел-аеродром
- повратни авионски билети со аеродромски такси
- мек рачен багаж-ранец/торба до 10 кг 40x30x20 см (може да биде поголема, се додека е флексибилен/а за да се вклопи во калапот ако побараат
- хотелско сместување на база ноќевање со појадок (по избор на патникот)
- локален водич на наш јазик
- организациски трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА
- меѓународно патничко и здравствено осигурување (8€)
- факултативни излети и влезници
- rent a car за време на престојот
- индивидуални трошоци на патниците
- локални градски такси (се плаќаат на рецепција)
- трансфер Скопје -Тирана-Скопје (Организиран превоз во зависност од бројот на пријавени цената е 30 до 50 евра по лице)
Детално објаснување за куферите и неколку многу корисни информации:
1..Официјално, можете да имате само една торба со вас. Освен таа, дополнително не можете да имате ниту најмала лична торба. Во 99% од случаите, никој нема да ве праша ништо, но за тие 1%, можете или некако да ја скриете торбата, или да се осигурате дека имате простор да ја сместите вашата лична торба во вашиот багаж (ранец).
2. Ако носите само едно парче мек багаж, не ја полните таа торба до врв, ќе проверат дали се вклопува во нивните мерки за да видат дали можете да ја внесете
Ryan air е најригорозен, Wizz air е многу пофлексибилен.
Не препорачуваме тврд куфер дури и ако е со соодветни димензии, мек ранец, спортска торба или слично е секогаш подобро.
Секогаш ставете го мекиот ранец на грб или рамо, полесно е да се движите на тој начин.
Италијанците се најригорозни, затоа бидете подготвени…
Ова се сите примери од пракса, истотака можете да ни се јавите за подетални упатства
🔵ЗАБЕЛЕШКА:
- Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма за патување, условите за плаќање и виза и Општите услови за патување на туристичкиот оператор
- Сите патници се должни да се запознаат со пропишаните правила на однесување на земјите во кои патуваат
- Пушењето и консумирањето опојни дроги се строго забранети во превозните средства. Секој патник кој со своето несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или им пречи на возачите и придружниците во нивната работа, веднаш ќе биде исклучен од патувањето и целата одговорност ќе му се префрли без право на жалба или враќање на парите.
- Патникот ќе го прифати седиштето што му е доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и нивното времетраење. Со плаќањето на аранжманот, патникот го прифаќа сето погоре наведено, без право на приговор или жалба.
- Аранжманот се прави врз основа на минимум 30 патници
Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, рокот за известување за откажување…
ВАЖНО – Патните документи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци пред планираното повратно патување!