Во Колмар, дури и најобичната зимска прошетка се претвора во нешто 🔮
поради кое ќе посакате Божиќ да трае подолго. ❤️

✈ Летови:
📆11.12.2026 – (петок) ПОАЃАЊЕ
🛫Skopje → Basel (MLH)
🕧 06:45 ч. → 09:05 ч.
📆14.12.2026 (понеделник) – ВРАЌАЊЕ
🛫 Basel (MLH) → Skopje
🕧20:45 ч → 22:55 ч
🏨 Сместување во хотели:
✨Напомена:
Покрај хотелот е наведена конечната цена на аранжманот по лице (авионски билет + хотел + трансфери + аеродромски такси).
🏨Hotel B&B Mulhouse Kingersheim 2★ 450 € без појадок / 470 € со вклучен појадок
– Поекономична опција за сместување во Кингерсхајм, во близина на Мулуз.
🔗Линк до хотелот: B&B HOTEL Mulhouse Kingersheim
- 📍 Локација: Kingersheim, предградие северно од Мулуз, Франција.
- 🏢Центар на Мулуз: околу 10 km.
- 🚇Железничка станица Mulhouse: околу 10 km.
- 🕋Национален автомобилски музеј (Cité de l’Automobile) – околу 6 km.
- 🌳Nouveau Bassin Park – околу 6 km.
- 🌳Parc Expo Mulhouse – околу 6 km.
- 🚆Железнички музеј Cité du Train – околу 10 km.
💠Дополнително: Бесплатен Wi-Fi и појадок на шведска маса.
🏨ibis Mulhouse est 3★ 470 € без појадок / 490 € Со вклучен појадок
– Во Мулуз, со трамвајска врска до центарот на градот.
🔗Линк до хотелот: ibis Mulhouse est
Напомена: Точниот распоред на факултативните излети ќе биде дефиниран навремено, во согласност со организацијата на патувањето.
🎄Подготвени за најшармантната божиќна приказна?
📆11.12. Skopje → Basel
Директен лет Скопје → Базел
Директен лет од Скопје до Базел во 06:45 часот. По слетувањето во Базел следува трансфер до хотелот и пријавување.
Очекувана цена на излетот: 50 €
Денот го започнуваме со посета на Риквир (Riquewihr), едно од најубавите места во Алзас, познато по своите шарени куќи, цветни балкони, тесни калдрмисани улички и лозја што го опкружуваат. Ова мало средновековно гратче изгледа како филмска сценографија и е идеално за прошетка, фотографирање и уживање во автентичната атмосфера на францускиот Алзас.

По посетата на Риквир, продолжуваме кон Колмар (Colmar), град кој освојува на прв поглед. Особено ќе уживаме во познатата населба Мала Венеција, каде што каналите, малите мостови и пастелните куќички создаваат една од најпрепознатливите глетки во Франција.
Слободното време можете да го искористите за ручек, дегустација на локални специјалитети, купување сувенири или едноставно за уживање во уличките кои изгледаат како да се излезени од разгледница.
Риквир и Колмар се Алзас во неговото најубаво издание – романтичен, шарен и поинаков од сè што очекувате.

Очекувана цена на излетот: 50 €
📆🇫🇷 12.12. СТРАЗБУР
По појадокот во хотелот, следува факултативен излет во Стразбур (Strasbourg) – еден од најубавите градови во Франција и вистински симбол на Алзас.

По пристигнувањето следува организирана разгледна тура со локален водич, во текот на која ќе ги запознаеме најважните знаменитости и интересните приказни од историјата на Стразбур.
Ќе прошетаме низ историскиот центар, ќе ја разгледаме познатата катедрала Нотр Дам, една од најимпресивните готски градби во Европа, и ќе го запознаеме градот во кој на посебен начин се испреплетуваат француската и германската култура.

Посебен дел од разгледувањето е прошетката низ Малата Франција (Petite France), најшармантната населба во Стразбур, позната по каналите, мостовите и традиционалните куќи со дрвени греди.

По разгледувањето со водичот следува слободно време за ручек, шопинг, фотографирање или индивидуална прошетка низ градот.

Стразбур е град кој не се запознава само со поглед – со приказните на водичот, неговата историја, архитектура и посебна атмосфера добиваат сосема нова димензија.

Очекувана цена на излетот: 40 €
📆🇨🇭 13.12. БАЗЕЛ
Во утринските часови тргнуваме кон Базел (Basel), шармантен швајцарски град сместен на брегот на реката Рајна, на тромеѓето меѓу Швајцарија, Франција и Германија.
По пристигнувањето следува разгледување на градот со водич, во текот на кое ќе го запознаеме историскиот центар на Базел, неговите најзначајни плоштади, улици и знаменитости.
Ќе прошетаме низ стариот град, ќе ја видиме импозантната Базелска катедрала (Basler Münster), живописното Градско собрание (Rathaus) и познатиот плоштад Марктплац (Marktplatz), едно од најживите места во градот.
За време на прошетката ќе го запознаеме Базел како град кој на посебен начин ги спојува средновековниот шарм, современата архитектура, уметноста и опуштената атмосфера на животот покрај Рајна.
По организираното разгледување е предвидено слободно време за ручек, индивидуална прошетка, шопинг или уживање во некое од кафулињата покрај реката.
Базел е совршен избор за еднодневен излет – елегантен, уреден и поинаков, идеален за запознавање на уште едно лице на овој дел од Европа.
Во договореното време следува собирање на групата и враќање.

Очекувана цена на излетот: 40 €
✈️ 14.12. КОЛМАР – СКОПЈЕ
Во попладневните часови следува трансфер до аеродромот во Базел и планираниот директен лет Basel (MLH) → Skopje
✨ Четири дена, три прекрасни градови и безброј моменти за паметење. Алзас и Швајцарија Ве очекуваат!🎄
КРАЈ НА АРАНЖМАНОТ
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
✔️ Трансфер аеродром – хотел – аеродром
✔️ Повратни авионски билети со аеродромски такси
✔️ Рачен багаж до 10 kg (40×30×20 cm, флексибилен)(може да биде и со поголеми димензии, доколку е флексибилна и може да се смести во калибарот доколку тоа биде побарано на аеродромот)
✔️ Хотелско сместување (со или без појадок, индивидуален избор )
✔️ Локален водич на српски јазик + 24/7 придружник на групата
✔️ Организациски трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Факултативни излети и влезници
- Туристичка такса (се плаќа на рецепција во хотел)
- Патничко и здравствено осигурување (8 € )




Важни работи што треба да ги знаете пред посетата
Колмар – Франција
- Најпознат по живописните куќички со дрвена конструкција, шарените фасади и каналите во областа Мала Венеција (Petite Venise).
- Божиќните пазари се распоредени на повеќе плоштади во стариот град.
- Не пропуштајте ја куќата Maison Pfister и плоштадот Place de l’Ancienne Douane.
- Центарот е идеален за пешачење и фотографирање.
- Пробајте ги локалните специјалитети: тарт фламбе, бределе (традиционални колачиња) и топло варено вино.
Базел – Швајцарија
- Познат по еден од најубавите божиќни пазари во Швајцарија, особено на плоштадите Barfüsserplatz и Münsterplatz.
- Стариот град, црвената градска куќа (Rathaus) и катедралата Münster се меѓу најзначајните знаменитости.
- Градот се наоѓа на границата со Франција и Германија.
- Официјална валута е швајцарскиот франк (CHF), а официјален јазик е германскиот.
- Трамвајскиот превоз е одличен начин за движење низ градот.
Стразбур – Франција
- Познат како „Престолнина на Божиќ“, со традиција на божиќен пазар која датира од 1570 година.
- Најголема атракција е величествената катедрала Notre-Dame de Strasbourg.
- Не пропуштајте ја областа Petite France, со канали, мостови и прекрасни куќи со дрвена конструкција.
- Големата елка на Place Kléber е еден од препознатливите симболи на градот во празничниот период.
- Центарот е погоден за пешачење, а божиќните пазари се распоредени низ повеќе плоштади.
Корисни информации за патниците
- Облека: Во зимскиот период температурите можат да бидат ниски, затоа се препорачуваат топла јакна, ракавици, шал и удобни обувки.
- Валута: Во Франција се користи евро (€), а во Швајцарија швајцарски франк (CHF). Во многу места во Базел се прифаќаат и евра, но кусурот може да биде во франци.Не претпоставувајте дека секоја цена е во евра. Проверете ја валутата пред плаќање.
- Плаќање: Банкарските картички се широко прифатени, но добро е да имате и малку готовина.
- Фотографирање: Најубавата атмосфера за фотографии е во доцните попладневни и вечерните часови, кога се палат празничните светилки.
- Разгледување: Градот најдобро се истражува пеш. Главните знаменитости се наоѓаат во централното пешачко подрачје, па удобните обувки се задолжителни.
- Локална храна: Пробајте традиционална алзашка кујна, особено Flammekueche, Choucroute и Bretzel и локалните специјалитети со сирење и месо.Регионот е познат и по алзашките вина.
- Јазик: Француски. Во туристичките објекти често се користи и англиски јазик.
- Временска зона: Иста како во Македонија (UTC+1 во декември).
- Божиќни пазари: На 11, 12 и 13 декември работат од 10:00 до 20:00 часот, а на 14 декември од 11:00 до 19:00 часот. Влезот е бесплатен.
- Јавен превоз – 12 и 13 декември –. За овие два дена е најавен бесплатен јавен превоз во мрежата TRACE во Колмар и околината. Ова се однесува на локалниот јавен превоз, а не на специјалните божиќни шатл-автобуси кон околните села.
- Неделно работно време на продавниците: За време на божиќниот период продавниците во Колмар имаат дозвола за работа. Сепак, работното време може да се разликува од продавница до продавница.
🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:
• Аранжманот се реализира со минимум 30 патници
• Секој патник е должен да се запознае со програмата и условите на патување
• Забрането е пушење и несоодветно однесување во превозните средства
• Распоредот на седишта го одредува агенцијата
• Со уплата, патникот ги прифаќа сите услови на патување
• Во случај на недоволен број патници, агенцијата има право на отказ во законски рок
Напомена:
Во случај на недоволен број пријавени за одреден излет, истиот може да биде откажан или да се коригира цената. Агенцијата не сноси одговорност за ова.
⚠️ ВАЖНО: Патните документи мора да важат најмалку 6 месеци по датумот на враќање.
За вас подготвивме програма со најатрактивни излети и најповолни цени, со услуги на врвен локален лиценциран водич на српски јазик.
ℹ️ Цените на факултативните излети може да варираат ±10 €, во зависност од бројот на пријавени патници.