👑Кралски град со бескрајна енергија
Пулсот на Шпанија 🇪🇸
✈ ЛЕТОВИ: Директен лет
📅13.11. (петок) – ПОАЃАЊЕ
- Скопје 17:05h → 20:45h Мадрид
📅16.11. (понеделник) – ВРАЌАЊЕ
- Мадрид 21:30h → 00:55h Скопје
🏨 Хотелско сместување
🛎️Hotel DWO Yuste Alcala 3* – 450 € со појадок
• Линк од хотелот:
🔗https://www.dwohotels.com/en/our-hotels/dwo-yuste-alcala
💸Доплати: Еднокреветна соба: +120 €
Авантурата започнува!
🗓️13.11 – Пристигнување во Мадрид
Пристигнување на аеродром „Adolfo Suárez Madrid–Barajas“.
Трансфер до хотел и check-in.
Слободно време за одмор и вечерна прошетка во центарот:
- Plaza Mayor
- Puerta del Sol
- Gran Vía
Ноќевање

🗓️14.11 – Панорамско разгледување и пешачка тура
Поаѓање во 09:00 часот по појадокот. Панорамската тура трае до 13:00 часот.
Мадрид е прекрасен град со богата култура, историја и архитектура. За време на оваа тура ќе посетиме некои од најзначајните места во градот. Панорамското разгледување вклучува возење со автобус низ модерниот дел на градот: петте кули и останатите облакодери, спомениците долж Пасео де ла Кастелјана, стадионот „Сантијаго Бернабеу“, арената за корида „Лас Вентас“, Плоштадот Колумбо, паркот Ретиро, улицата Пасео дел Прадо каде се наоѓаат познатите музеи, Египетскиот храм Дебод и поминување низ главната улица Гран Виа.
Гран Виа е главната улица на Мадрид, позната по својата импресивна архитектура, луксузни продавници и театри.

Очекувана цена: 40 € (цената може да варира во зависност од бројот на пријавени патници).
👣Пешачката тура е предвидена од 14:00 до 17:00 часот.
Пешачката тура со водич низ Мадрид е одличен начин да ја откриете богатата историја, култура и скриените богатства на овој прекрасен град. Во текот на турата, водичот ќе ве запознае со најзначајните знаменитости на овој кралски град, како и со интересни факти и приказни поврзани со секое место.
Пешачката тура вклучува разгледување на:
- Плоштадот Пуерта дел Сол
- Плоштадот Плаза Мајор
- Меркадо де Сан Мигел
- Најстариот ресторан во градот
- Манастирот/црквата Де ла Карбонерас
- Плоштадот Плаза де ла Виља
- Катедралата Алмудена
- .Кралската палата, една од најубавите резиденции во Европа.
- Плоштадот Опера
Сите овие места се поврзани со легенди и традиции за кои ќе слушнете од локалниот водич.

Фиксна цена на пешачката тура: 30 евра
🗓️15.11. – ТОЛЕДО
По појадокот, поаѓањето за Толедо е планирано во 09:00 часот.
Толедо, познат како „Градот на трите култури“, се наоѓа на рид над реката Тахо, околу 70 километри југозападно од Мадрид. Овој град има богата историја и уникатна архитектура што ги одразува влијанијата на христијанската, муслиманската и еврејската култура.
Толедо е совршена дестинација за љубителите на историјата, уметноста и спектакуларните пејзажи. Неговите тесни улици, величествените градби и прекрасните погледи кон реката Тахо нудат незаборавно искуство.
Ќе ги посетиме:
- Катедралата во Толедо – една од најубавите готски катедрали во светот, градена од 1226 до 1493 година. Во неа се наоѓаат импресивни олтари, сакристија со дела од Ел Греко, Рубенс и Веласкез, како и прекрасни витражи.
- Алказарот во Толедо – импозантна тврдина која низ вековите служела како палата, воена академија, а денес е музеј.
- Еврејската четврт – живописни тесни улички со две зачувани синагоги: Санта Марија ла Бланка и Синагогата дел Трансито.
- Куќата на Ел Греко – музеј посветен на славниот сликар кој значително придонел за уметничката слава на Толедо.
- Храмови и мостови – мостот Сан Мартин и Пуенте де Алкантара, од кои се пружа спектакуларен поглед кон реката Тахо и градот.
- Храмот Кристо де ла Луз – поранешна џамија од X век.
Враќањето во хотелот е предвидено во 20:00 часот.

Очекувана цена: 70 евра по лице (цената може да варира во зависност од бројот на пријавени патници).
🗓️16.11. – СЛОБОДЕН ДЕН
Последниот ден во Мадрид е предвиден за индивидуални активности.
Еве неколку препораки:
- Започнете го денот со познатите „чурос со чоколадо“ во Chocolatería San Ginés, една од најстарите и најпознати чоколатерии во Мадрид.
- Посетете го музејот Прадо и уживајте во ремек-делата на Веласкез, Гоја и други шпански уметници.
- Прошетајте низ Плаза Мајор и Пуерта дел Сол и фотографирајте се покрај симболот на градот – статуата на мечката и јагодовото дрво (El Oso y el Madroño).
- Доколку сте љубители на шопинг, посетете ја улицата Гран Виа, исполнета со продавници, театри и кафулиња.

Трансфер до аеродромот во Мадрид.
Летот Мадрид – Скопје е предвиден во 21:30 часот. Пристигнување во Скопје во 00:55 часот.
РАЈ НА ПАТУВАЊЕТО
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
- Повратни авионски карти со аеродромски такси
- Трансфер аеродром – хотел – аеродром
- Рачен багаж 10 кг🎒40x30x20 см
- Хотелско сместување со појадок
- Локален водич
- Организациски трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Факултативни излети
- Влезници за музеи и атракции
- Локални туристички такси
- Индивидуални трошоци
- Патничко и здравствено осигурување
🔵 НАПОМЕНИ:
- Сите патници се должни да се запознаат со програмата на патувањето, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
- Сите патници се должни самостојно да се информираат за правилата и прописите на земјите во кои патуваат.
- Во превозните средства најстрого е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со своето однесување ги вознемирува останатите патници или го попречува работењето на возачите и придружникот, веднаш ќе биде исклучен од патувањето, без право на жалба или поврат на средствата.
- Патникот ќе го прифати седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го определува распоредот на седење, местото на поаѓање, како и местата и времетраењето на паузите. Со уплатата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите наведени услови.
- Аранжманот е изработен врз основа на минимум 30 патници.
- Во случај на недоволен број на патници за реализација на аранжманот, организаторот има право да го откаже патувањето во законски предвидениот рок.
- ВАЖНО: Патните исправи мора да важат најмалку 6 месеци пред планираниот датум на враќање од патувањето!