ЛИСАБОН И ПОРТО 🇵🇹 📅17–22.01.2027| Групен Аранжман

Се губиме во Лисабон, се пронаоѓаме во Порто!

✈ Летови:

Сите часови на летовите се прикажани според локалното време.


🏨 Сместување во хотели:

🏨Ibis Lisboa Centro Saldanha 2★ (Лисабон)
🔗Линк до хотелот: https://ibis-lisboacentrosaldanha.h-rez.com/rooms.htm

🏨Vice Rei 2★ (Порто)
🔗Линк до хотелот: https://www.hotelvicerei.com/

  • ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
  • 550 € по лице – без појадок
  • 590 € по лице – со вклучен појадок

⁕ Детали за хотелите

🏨Ibis Lisboa Centro Saldanha 2★ (Лисабон)
📍Локација: Avenida Casal Ribeiro 23, населба Салдана, Лисабон.
Хотелот се наоѓа во современ и жив дел на Лисабон, малку подалеку од историскиот центар, но со одлична поврзаност со метро. Претставува практична основа за истражување на градот.

🚇Метро Пикоаш: околу 6 минути пешачење.
Ⓜ️Метро Салдана: околу 5–6 минути пешачење.

Блиски знаменитости и оддалеченост

ЗнаменитостОддалеченост
Плоштад Салдана300 м
Парк Едуардо VII1 км
Трговски центар El Corte Inglés1 км
Авенија Либердаде1,3 км
Плоштад Маркиз де Помбал1,3 км
Лифт Санта Жуста2,5 км
Плоштад Праса ду Комерсиу2,5–3 км
Замокот Сао Жорж3 км
Старата населба Алфамаоколу 3 км

🏨Hotel Vice Rei 2★ – Порто
📍Локација: Rua de Júlio Dinis 779, населба Боавишта, Порто.
Хотелот се наоѓа во населбата Боавишта, во дел со станбени и деловни објекти. Не е директно во стариот град, но многу познати знаменитости на Порто се достапни и пеш.Во околината има ресторани, кафулиња и продавници.

🚇Метро Casa da Música: околу 7–10 минути пешачење.
Ⓜ️Метро Carolina Michaelis: околу 12 минути пешачење

Блиски знаменитости и оддалеченост

ЗнаменитостВреме на пешачење
Музичката куќа Casa da Música7–10 мин.
Градините Кристал Палас6–12 мин.
Познатата книжарница Livraria Lelloоколу 11 мин.
Кулата Клеригушоколу 11 мин.
Пазарот Болхаооколу 11 мин.
Железничката станица Сао Бенто12–13 мин.
Катедралата во Порто (Sé)14–15 мин.
Мостот Дом Луиш I15–17 мин.
Крајбрежната населба Рибеира20–25 мин.

Лет од Скопје до Лисабон со преседнување во Белград. По пристигнувањето во Лисабон следува организиран трансфер до хотелот и сместување. Ноќевање.


Првиот ден ќе ги запознаете убавините на Лисабон преку четиричасовна дневна разгледувачка тура, во придружба на искусен локален водич. Ова е идеална можност за прво запознавање со шармантниот град на брегот на Атлантскиот Океан.

Разгледувањето ги опфаќа најпознатите градски знаменитости, панорамските видиковци и историските населби кои го прават Лисабон еден од најубавите европски градови.

Во текот на турата ќе ги посетите:

  • Најубавите видиковци со поглед кон реката Тежо
  • Населбата Белем со познатата кула и манастирот
  • Историската Алфама, срцето на стариот Лисабон
  • Централниот градски плоштад Praça do Comércio

Оваа тура е одличен избор за патниците кои сакаат за кратко време да го почувствуваат духот на градот, со стручно водство и пријатно темпо на разгледување.

💰 Цена на излетот: 30 €


Првата станица е Синтра, некогашно кралско одморалиште, познато по своите раскошни палати, мистични градини и уникатна атмосфера. Предвидено е слободно време за прошетка низ стариот град и разгледување на најпознатите знаменитости.

Потоа продолжуваме кон Cabo da Roca, најзападната точка на континентална Европа, каде што копното се среќава со Атлантскиот Океан. Од ова место се пружа спектакуларен поглед кон океанот и стрмните карпи – идеална можност за фотографии и кратка пауза.

Последната станица е шармантниот приморски град Кашкаиш (Cascais), познат по своите песочни плажи, елегантната архитектура и опуштената атмосфера. Слободно време за прошетка, кафе или уживање покрај морскиот брег.

💰 Цена на излетот: 50 €


Разгледувањето започнува во историскиот град Евора (Évora), кој е под заштита на УНЕСКО и во кој на секој чекор се забележуваат траги од минатото.

Во текот на слободното време ќе имате можност да ги разгледате главните знаменитости, меѓу кои римскиот храм, катедралата и познатата Капела на коските (Capela dos Ossos).

По разгледувањето на градот следува посета на локална винарија во регионот Алентежо, каде што ќе се запознаете со процесот на производство на вино и долгогодишната виноградарска традиција на овој крај.

💰 Цена на излетот: 30 €


📆21.01. – ЛИСАБОН – ПОРТО / ПЕШАЧКА ТУРА

По појадокот следува одјавување од хотелот во Лисабон и трансфер со воз до Порто (возниот билет на релација Лисабон – Порто е вклучен во цената на аранжманот).

По пристигнувањето и пријавувањето во хотелот следува пешачка тура низ Порто.

Запознајте го Порто на најубавиот начин – пеш, низ неговите живописни улици, плоштади и историски населби кои го чуваат автентичниот дух на градот.

Прошетката води низ историскиот центар на Порто, каде што се нижат раскошни фасади украсени со познатите португалски керамички плочки азулејос (azulejos), стари цркви, традиционални куќи со шарени балкони и мали улички исполнети со локален живот.

Во текот на турата ќе запознаеме дел од најпознатите знаменитости на градот, како што е импресивната железничка станица São Bento, позната по своите величествени ѕидни композиции од азулејос плочки, како и околината на катедралата Sé, од каде што се пружа прекрасен поглед кон покривите на Порто и реката Дуро.

Прошетката продолжува низ тесните и кривулести улички кон познатата населба Рибеира (Ribeira), срцето на стариот Порто и еден од најфотогеничните делови на градот.

Покрај брегот на реката се нижат живописни куќи, ресторани и кафулиња, додека погледот кон мостот Dom Luís I создава една од најпрепознатливите глетки во Португалија.

Оваа пешачка тура е идеална можност да ја почувствувате атмосферата на Порто, да се запознаете со неговата историја, архитектура и секојдневен живот, но и да ги откриете малите скриени детали што му даваат посебен шарм на овој град.

💰 Цена на излетот: 25 €


Трансфер до аеродромот во Порто и лет кон Скопје со конекција во Memmingen Allgäu.

  • Порто → Memmingen Allgäu: 7:05ч → 10:45ч.
  • Memmingen Allgäu → Скопје: 15:00ч→ 17:00 ч

Лисабон и Порто – љубов на прв поглед, спомени за цел живот 💌
Планот е едноставен: шетај, уживај, повтори!


✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:

❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:

  • Факултативни излети и влезници
  • Индивидуални трошоци на патниците
  • Локални туристички такси (се плаќаат исклучиво на рецепцијата во хотелот)
  • Меѓународно патничко и здравствено осигурување (2,00 € дневно)

🔵 ВАЖНИ НАПОМЕНИ:

  • Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање и визирање, како и со Општите услови за патување на организаторот.
  • Сите патници се должни самостојно да се запознаат со пропишаните правила на однесување во земјите во кои патуваат.
  • Во превозните средства најстрого се забранети пушењето и консумирањето опојни средства.
  • Секој патник кој со своето несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или ја попречува работата на возачите и водичот, веднаш ќе биде исклучен од патувањето. Целосната одговорност ја презема самиот патник, без право на жалба и поврат на средства.
  • Патникот е должен да го прифати седиштето што ќе му го додели агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, местата за паузи и нивното времетраење.
  • Со уплатата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите наведени услови, без право на приговор и жалба.
  • Аранжманот е изработен врз основа на минимум 30 патници.
  • Напомена:
    Во случај на недоволен број пријавени за одреден излет, истиот може да биде откажан или да се коригира цената. Агенцијата не сноси одговорност за ова.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Rating*

Scroll to Top