💃 Шпанија? Почекај да ја видиш Андалузија.
Една тура, четири незаборавни места и безброј причини да се заљубиш во југот на Шпанија.

✈ ЛЕТОВИ → Опција А
📍Лет од Скопје
📅 17.01.2027 (недела) ПОАГАЊЕ
➡️ Скопје → Белград
🕛 04:00h– 05:10h
➡️ Белград → Málaga
🕛 07:45h– 11:25h
🔙🛫
📅 21.01.2027 (четврток) ВРАЌАЊЕ
➡️ Málaga → Белград
🕛 17:55h– 21:15h
➡️ Белград → Скопје
🕛 12:50h– 02:05h
✈ ЛЕТОВИ → Опција Б
📍Директен лет од Тирана
📅 17.01.2027 (недела) ПОАГАЊЕ
➡️ Tirana → Málaga
✈️ 17:55h– 21:30h
📅 21.01.2027 (недела) ВРАЌАЊЕ
🔙Málaga → Tirana
✈️ 22:15h – 01:30h
🏨 Хотелско сместување:
Напомена:
Покрај хотелот е наведена конечната цена на аранжманот по лице (авионски билет + хотел + трансфери + аеродромски такси).
💶 ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ:
Опција А → 450€ / 490€🍴со појадок
Опција Б → 350€ / 390 €🍴со појадок
🏨 Best Siroco 4★
🖇️ линк до хотелот:
🔗best-siroco.html

Авантурата може да започне🛫
📅 17.01. | ПРВ ДЕН 🛬 Пристигнување во Малага
Слетување во Малага. По пасошката контрола следува организиран трансфер до хотелот и check-in на патниците. Ноќевање во хотел.
📅 18.01. | ВТОР ДЕН🌴 MARBELLA – RONDA
По појадокот следува излет во Марбеља, познато летувалиште на медитеранскиот брег, со планирано поаѓање во 09:00 часот.
🌊 MARBELLA
Marbella е познато летувалиште на медитеранскиот брег, каде што морето и луксузот се среќаваат на секој чекор.
Прошетката низ стариот град води низ бели улички, цветни тераси и скриени плоштади, со мирис на цветови од портокал.
Потоа следува Puerto Banús – светски позната марина со јахти, бутици и кафулиња покрај брегот.
⛰️ RONDA
Следува продолжување до Ronda, еден од најпосетуваните градови во Андалузија, оддалечен околу 100 km од Малага.
Највпечатлив е Puente Nuevo, високо над кањонот на реката Guadalevín.
Во Ronda се предвидени:
- Коридата
- Најдобро зачуваната арапска бања
- Палатата на маварскиот крал
- Градските порти и ѕидини
- Плоштадот Duquesa de Parcent
🕗 Враќање во хотелот околу 20:00 часот.
- 💶 Цена на излетот: 60 €

Цена на излетот: 60 €
📅 19.01. | ТРЕТ ДЕН💃 Sevilla – БИСЕРОТ НА АНДАЛУЗИЈА
Тргнување во утринските часови. Главниот град на Андалузија, Sevilla, е познат по уникатната архитектура, страсното фламенго и богатата историја.
Предвиден е панорамска обиколка на градот и слободно време за прошетка.
📍 ЗНАМЕНИТОСТИ
🕌 Катедралата во Sevilla и La Giralda
Една од најголемите готски катедрали во светот, под заштита на UNESCO, со импресивната La Giralda – поранешен минарет.
👑Кралската Палата Alcazar
Величествен комплекс од палати и градини во маварски и ренесансен стил, каде што и денес повремено престојува шпанското кралско семејство.
📍Barrio de Santa Cruz
Старата еврејска населба со тесни улички, романтични плоштади и живописни ресторани.
📍 Plaza de Espana
Спектакуларен плоштад изграден за Ibero-American Exhibition во 1929 година, опкружен со канали и мостови.
💶 Очекувана цена на излетот: 70 €

Очекувана цена на излетот: 70 €
📅 20.01. | ПЕТТИ ДЕН☀️KORDOBA I ANTAQUERA 🇪🇸
Тргнуваме на магично патување низ два бисери на Андалузија – Кордоба и Антекера, градови во кои историјата, културата и емоциите се испреплетуваат на секој чекор.
Во Кордоба нè очекува прочуената Мезкита (Mezquita), величествена џамија-катедрала украсена со бескрајни лакови во црвено-бели тонови. Ќе нè маѓепсаат мирисот на стариот град, тесните улички исполнети со цвеќиња и римскиот мост над реката Гвадалкивир. Секој детаљ раскажува приказна за средбата на различни цивилизации и остава впечаток што долго се памети.

По посетата на Кордоба, продолжуваме кон шармантната Антекера, срцето на Андалузија – град на бели куќи, барокни цркви и спектакуларни видиковци.

Овде времето како да тече побавно, а атмосферата ја отсликува вистинската топлина на југот на Шпанија. Тврдината Алказаба, старите калдрмисани улички, локалните мириси и прекрасните погледи кон планините создаваат доживување што освојува на прв поглед.
Овој излет е совршен спој на култура, убавина и инспирација – идеален за сите кои сакаат да ја почувствуваат вистинската душа на Андалузија.

💶 Цена на излетот: 65 €
📅 21.01. | ШЕСТИ ДЕН☀️ MALAGA – ГРАДОТ НА СОНЦЕТО И УМЕТНОСТА
🌴 Malaga е живописен град на Costa del Sol, родното место на Pablo Picasso и Antonio Banderas.
Позната е по својата катедрала „La Manquita“, маварската тврдина Alcazaba и видиковецот Gibralfaro, од каде што се простира прекрасен поглед кон градот и морето.
По појадокот и пакувањето следува пешачка тура низ градот во траење од 2 часа.

📍 НАЈПОЗНАТИ ЗНАМЕНИТОСТИ
Katedrala „La Manquita“
Една од најубавите ренесансни катедрали во Шпанија, позната како „Еднораката дама“, бидејќи нејзината втора кула никогаш не била довршена.
Rimski teatar Romano
Римски театар од I век и најстар споменик во Malaga.
Tvrđava Alcazaba
Маварска палата и утврдување од XI век, сместено на рид над градот. Добро е зачувано и претставува спој на исламската архитектура и андалузискиот стил.
Vidikovac Gibralfaro
Стара маварска тврдина од каде што се простира панорамски поглед кон цела Malaga, пристаништето и морето. Ова е една од најпознатите точки за фотографирање на градот.
💶 Цена на излетот: 25 €

Цена на излетот: 25 €
По завршувањето на разгледувањето и прошетките следува трансфер до аеродром.
Опција А
➡️ Málaga → Белград
🕛 17:55h– 21:15h
—————————-
Опција Б
✈️ Malaga → Tirana
🕛 22:15 – 01:30
КРАЈ НА АРАНЖМАНОТ.
НО ПАТУВАЊЕТО ТРАЕ ДОДЕКА ТРААТ СЕЌАВАЊАТА.
Андалузија останува како референца за секое следно патување
✅ ЦЕНАТА ВКЛУЧУВА:
🚐 Трансфер аеродром – хотел – аеродром
✈️ Повратни авионски билети со аеродромски такси
🎒 Рачен багаж – ранец или торба до 10 kg / 40×30×20 cm
🏨 Хотелско сместување со појадок
🗣️ Локален водич на српски јазик
📋 Организациски трошоци
❌ ЦЕНАТА НЕ ВКЛУЧУВА:
- Опционален трансфер Скопје – Тирана – Скопје
- Факултативни излети и влезници
- Индивидуални трошоци на патниците
- Локални градски такси (се плаќаат исклучиво на рецепција во хотелот)
- Меѓународно патничко и здравствено осигурување (10,00 €)
🚍 ОПЦИОНАЛЕН ТРАНСФЕР: СКОПЈЕ – ТИРАНА – СКОПЈЕ
🔹 Алтернативна опција (индивидуално патување):
Патниците можат да патуваат и индивидуално со сопствено возило.
На аеродромот во Тирана постои паркинг, со цена од 3 евра на ден.
🔵 НАПОМЕНИ:
- За реализација на патувањето потребно е да се формира група од минимум 20 лица.
- Сите патници се должни да се запознаат со договорената програма на патување, условите за плаќање, визирање и Општите услови за патување на организаторот.
- Секој патник самостојно треба да се информира за пропишаните правила на однесување во земјите во кои патува.
- Во превозните средства строго е забрането пушење и консумирање опојни средства. Секој патник кој со несоодветно однесување ги вознемирува другите патници или го оневозможува работењето на возачите и пратителот, ќе биде отстранет од патувањето и целата одговорност паѓа на него, без право на жалба и поврат на средства.
- Патникот го прифаќа седиштето кое ќе му биде доделено од агенцијата. Агенцијата го одредува распоредот на седење, местото на поаѓање, паузите и нивното траење. Со уплата на аранжманот, патникот ги прифаќа сите горенаведени услови, без право на приговор и жалба.
- Аранжманот е пресметан на база минимум 30 патници.
Во случај на недоволен број патници за реализација на аранжманот, организаторот задржува право на откажување во законски предвидениот рок.
ВАЖНО:
Патните исправи мора да бидат важечки најмалку 6 месеци од датумот на планираното враќање од патувањето!